Незнам како да ти нацртам, дали некој овде ти го негираше тоа за да упорно трубиш едно исто, добро сега еве имаме лажна гордост место арогантност. Косово ќе не преземе економски и демографски за 10 години доколку не се смени нешто кај нас и секој полуписмен треба да му е јасно.
Овде ти се црта дека не дека ние одиме напред туку таму Германија моментално стагнира и веќе одредени земји од Европа го добиваат бенефитот на мултиетнички држави што стануваат, нешто што ние овде у овие 35 години го искусуваме.
Дали ќе оди надолу уште , секако дека да. Дали ќе се оправат потоа? Секако дека да, вековни традиции на државност и искуство со кризи, разрушувани и пак се вратиле да бидат едни од најдобрите. Прашање е колку е биде само крваво. Секако дека вие таму што сте прво нешто што ќе направите е да дојдете тука кога ќе згусти за да се гураме заедно на шалтер, болница и да се вратите на фабричко сетирање на фаќање врски и заебување на системот(не дека и сега не прави добар дел од дијаспората). Никој не ни очекува дека ќе ја средувате таа држава зашто да бевте способни и тука нешто ќе пробавте да смените или подобрите.
Патем напиша дека си во Холандија, сигурен сум дека подолго од тебе работам за Холанѓани и дури и основно го знам јазикот сум одел таму и сум ги шетал овде и еден куп колеги се иселија таму. Нема никогаш да ги стигнеме, причината е треба цел реферат да напишам ама тие имаат 6 века државност ние имаме 35 години. Пример: пред 3 и пол века им покажалe на политичарите што следува кога ќе ги водат лошо. Го имаат линчувано нивниот премиер(или како и да се викал главниот) и го изеле после нивната Rampjaar. Секако дека Холандија ќе е пред нас без разлика колку ќе се во криза(а не се), само што има народ што математиката ќе си ја направат и ако речат во Македонија ми е решено станбено прашање и можам да земам 1200 - 1 300 евра, а во Холандија 3 500.
За екологијата не ми се коментира, не ми е јасно како може народ да е толку без свест. Цело Скопје е депонија, позитивна страна е што градчиња од истокот веќе се ептен чисти и подсредени што дава надеж. Подобрување не очекувај во ова, еве што спрема ВМРО:
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1440502548211211&set=a.434844305443712&type=3&mibextid=wwXIfr&rdid=BdzBXC7hAYDQdA9C&share_url=https://www.facebook.com/share/1ExQaeorJP/?mibextid=wwXIfr . Не само што не ставаат построги закони(кои и постоечките се строги и не се спроведуваат) туку и постоечките ќе ги направат лабави.