Враќање на амбалажа со надокнада

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Стварно не мислев да отварам тема некое (подолго)време.
Ама едно испиено пиво пред малку ми даде идеја да прашам.
Што мислите за враќање на разна амбалажа со надокнада(за пари),
или на пр. 20-30 пластични празни влаши за една полна.
Еве можеби ќе се види на сликава,пишува „повратна накнада 0,50 Кн“.
Вероватно се работиPicture 926.jpg за Хрватска, а како е во Европа незнам.
----------------------
Се среќаваме секаде со расфрлани пластични влаши лименки и друго,
што секако може да се врати и рециклира-повторно употреби за слично.
Но јас се сеќавам на времето и не беше така.Пластика и воопшто да немаше.
За лименки ич на не арчиме зборови.Тогаш сета амбалажа се враќаше.
Дури и од кисело млеко. А масло за готвење,си носиш влаша од дома.
 
После ќе ги видиш пијанициве како собираат а и веројатно ќе ти чукнат на врата: Абе дај ако имаш некое празно шише :D Тогаш ромциве ќе имаат конкуреција дефинитивно. Инаку идејата нее лоша на пр 7 шишиња гратис пивце :) Иначе добар дигитрон :icon_mrgr:
 
Стварно не мислев да отварам тема некое (подолго)време.
Ама едно испиено пиво пред малку ми даде идеја да прашам.
Што мислите за враќање на разна амбалажа со надокнада(за пари),
или на пр. 20-30 пластични празни влаши за една полна.
Еве можеби ќе се види на сликава,пишува „повратна накнада 0,50 Кн“.
Вероватно се работи за Хрватска, а како е во Европа незнам.

Како да е бе Анчо во Европа? Мислам... глупо е да се праша, така?
Обично кај поголемите маркети се наоѓаат простории со посебни автомати за секој вид амбалажа.
Има шишиња што даваат по 0.5, 1, 2..во зависност од валутата..
Во Шведска пример, има пијанчење по паркој ова она... па тие шо одат да ги збирет шишињата и остало - дневница им е минимум 50 евра (2-3 вреќи собрани)
Има и милионери (не се заебавам) од ова нешто.
А обичните луѓе, ко мене пример, збираме 1-2 месеци во гаража све шо останало од амбалажа, и после то в кола.. ги враќаме... и пак сите пари за пиење бегет.. :pos:
 
Во Германија пластичната амбалажа, независно за колку литарско шише се работи, е 25 центи од парче. Стаклените шишиња се по 8 центи. Лименките мислам дека исто како и пластиката се.
За пластиката имаш посебни автомати, како vending machines се, има отвор кај што се става шишето и автоматски го гмечи и складира машината. Ко ќе завршиш со процесот притискаш на копче и ти печати како фискална со која после си ги враќаш парите.
Со стаклените е исто, со автомати, а таму каде што нема се враќаат на каса.
 
Ако испиеш уше едно има и подфорум да отвориш :D

Picture 927.jpg.Не бери гајле имам цел пакет од овие,башка во фрижидер
од тоа лименките,портокал биер,еден ред,а Скопско разбира се во зелена 1,5 л.
 
Како на пивофестот у Прилеп. 6 празни чаши за една полна. Гњуреа пијаниците по контињерите :D
 
Во Германија пластичната амбалажа, независно за колку литарско шише се работи, е 25 центи од парче. Стаклените шишиња се по 8 центи. Лименките мислам дека исто како и пластиката се.
За пластиката имаш посебни автомати, како vending machines се, има отвор кај што се става шишето и автоматски го гмечи и складира машината. Ко ќе завршиш со процесот притискаш на копче и ти печати како фискална со која после си ги враќаш парите.
Со стаклените е исто, со автомати, а таму каде што нема се враќаат на каса.

Па што се чека овде кај нас,што не направата така,нели Европа вака-Е-така....
и ние така,се на тоа се вадат кога треба да ти земат.Во Европа било волку-толку и т.н.
 
И кај нас се собираат пластични шишиња ама мислам дека не по број туку на кило
Треба да собереш оооооооОооООгромна количина шишиња за 100ден постои и кај нас само не е исплатливо
 
ја би да откупувам вакви амбалажи и да ги пунам со домашни сокови на баба ми. бизнисс
 
Тоа е само простор за матен бизнис, губење време и покачени цени на пијалаците, се разбира.
Ништо не добиваш екстра со тоа што си ги вратил шишињта, само си ја враќаш сумата што веќе ти е пресметана во готовиот производ.
 
Како да е бе Анчо во Европа? Мислам... глупо е да се праша, така?
Обично кај поголемите маркети се наоѓаат простории со посебни автомати за секој вид амбалажа.
Има шишиња што даваат по 0.5, 1, 2..во зависност од валутата..
Во Шведска пример, има пијанчење по паркој ова она... па тие шо одат да ги збирет шишињата и остало - дневница им е минимум 50 евра (2-3 вреќи собрани)
Има и милионери (не се заебавам) од ова нешто.
А обичните луѓе, ко мене пример, збираме 1-2 месеци во гаража све шо останало од амбалажа, и после то в кола.. ги враќаме... и пак сите пари за пиење бегет.. :pos:

И шведските автомати се толку паметни што доколку производот не е произведен во Шведска не го прима, таму на цената на пијалокот плаќаш и за амбалажата на пример ако е кока кола 30 денари ти ќе ја платиш 40 денари, меѓутоа кога ќе ја испиеш слободно можеш да одиш и ќе ти ги вратат тие 10 денари што си ги платил, мислам дека е тој најдобриот систем досега што го имам видено низ Европа.
 
Истото е и во Германија, 25 центи амбалажа што ти се враќаат кога ќе ја вратиш амбалажата во автомат/маркет. Со се амбалажа може за 30-40 денари да се најде ефтини газирани пијалаци, без амбалажата би биле 20 денари. Кока-кола и остали марки се често на попуст и поефтини од МК.
 
Тоа е процес на рециклирање чија цел е чиста животна околина. Наместо да пливаат шишиња во Вардар тие повторно се враќаат во процес. Од ПЕТ амбалажата која ќе се рециклира може да се направат и најразлични производи за секојдневна употреба дури и облека. Во МКД процесот започна пред 6 години и ефектот е бизнис компонента за ЈП Комунална хигиена со посебните канти за отпадоци и еден приватен субјект кој заработува од оние роми кои собираат по улица. А беше замислен како во сите Европски земји. За жал тоа е Македонија, кој фати фати, за другите што ти е гајле. Сума сумарум уште еден проект во низата неуспешни.
 
цената за 1кг пластични шишиња е 5 денари така да не е исплатливо да се собираат, кога би била поголема цената би се собирале повеќе а сега собираат само тие што што мораат, за лименките цената е 10 денари така да и тие слабо се собираат. Беа поставени контејнери низ градот наменети само за пластика и народот толку има свест и во нив фрлаше се е сешто така да свеста за рециклирање во Македонија е многу мала
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom