Вработување надвор од МКД

  • Креатор на темата Креатор на темата Плавооко
  • Време на започнување Време на започнување
тие 14 илјади беа за рок од 3-те месеци во кои ти се фалеше дека си зел 9 илјади и ги споредуваше со некојси оти си бил господ во америка...не беше крај на мојата приказна..затоа што не беше ни тема ни место за тоа ...друго нејасно ? И шо е толку смешно шо ојдов преку Work & Travel?А и случајно да не требаше да се вратам од Америка кога убаво пиши во постот дека целта беше да не добијам виза туку да си ја продолжам мојата работа за уште некој месец...пу таман си рече ме зафркна...:drk:


добро бе другар само ти ли си бил Америка...и си работел по толку часа...јас работев 19 саати само 3 спиење цели 2 месеци и се вратив со 14 000 долари...и сеа шо? сите оние постови беа кои ги пишеше уназад беа за да те прашаме колку си работел? никој не те праша и пукна на крај..епа 9 000 се ништо...ако ти било толку убо таму шо не си останал шо к*р си се вратил во МК...за на форум да седиш или?да нас данок ни земаа ама ни го вратија...немој да продаваш семки на семкар!

ЛАЖЕШ! Еднаш викаш 2 другпат викаш 3 месеци! Можеби "посредниците" во случајов "work and travel" земале 14000 на твојот труд али ти не си земал!
 
ЛАЖЕШ! Еднаш викаш 2 другпат викаш 3 месеци! Можеби "посредниците" во случајов "work and travel" земале 14000 на твојот труд али ти не си земал!

слободно оди во Ameriquest агенцијата кај холидеј ин паркингот карши пералните и провери ако немаш друга работа
 
Секаде се бара ит кадар, тие имаат предност на ова време. Диплома од факултет без искуство и знаење ти е исто како да ја немаш. Не е работата само да имаш ете и лавот има па нема врска. И шуто и сакато има диплома од факултет сега, само подоцна се слчува елиминацијата, кој вреди и колку вреди.
Патем јас само еден начин знам за вработување во ЕУ, а да не е тоа работа како келнер која се бара на сличен начин кој ти го опиша. Имаш страни за вработување, аплицираш, те викаат на интервју и ти даваат договор за работа. Лесно и едноставно, не ти треба нит посредник, нит пријател. Ако вредиш ќе те викнат, ако не никој не те вика. Не сум ит струка, туку со економски сум за кој се вели дека не го примаат во ЕУ нели.


Ако не е тајна каде аплицираше и за кое работно место во Германија ,бидејки и јас сум со економски и имам учено германски 1год. па затоа прашувам . Дали само англиски ти бараат или и германски и работно искуство?
 
leandra веќе доста точни работи напиша за Германија. Пошто имам малце искуство и во пишувајне апликации но и разгледувајне на истите некој работи само да дополнам.

Секако дека се почесто се прават интервјуа и на Скајп. А за патот ако има интерес компанијата и ќе ти го плати, што се за една компанија 200-300 ЕУР за пат кога бараат стручен кадар.

Иначе многу е важна апликацијата. Треба стварно да се варди и на детали, пошто се презентираш во таа компанија а искусен персоналец брзо може да ја процени апликацијата сосе ЦВто. Не сакаат многу блабла туку бараат твоја квалификација, работно искуство, дали твојот профил е соодветен на позицијата (јазици, други барани знаејна).

На огласи компаниите често добиваат многу апликации и персоналецот не може на секоја апликација да и посвети многу вниманије, затоа првиот печаток е многу битен оти иначе апликацијата одма ќе биде одбиена. Се прави преселекција и после поинтензивно се разгледуваат останатите апликации. Од нив се бира мал круг кандидати кој ќе бидат повикани на разговор, 5 до ете максимално 10 луѓе иако тоа е веќе многу. Пошто покрај стручните компетенции исто така е важно идниот вработен и како личност да пасува во компанијата.

На разговорот претежно сакаат кандидатите подобро да ги запознаат, некојпат и да проверуваат податоци од ЦВто, пример дали знаеш јазик - може да ти се случи одеднаш на Англиски или друг баран јазик да ти зборуваат. Итнитн. Секоја компанија и секој персоналец има поинакви приоритети и затоа е тешко да се дадат упатства за апликациите кој важаат подеднакво.

Битно е апликацијата да не е една од оние масовни кој се праќаат на 100 различни места пошто тоа одма се сеќава. За секој оглас треба да се направи апликација и ЦВ баш за тоа работно место. Пример: Ако има оглас за ИТ секторот тогаш малце глупо е да се наведе во работно искуство работа како келнер или друго нешто што нема врска со работата која се нуди. Бараат искуство од тој сегмент да се наведе.

Посебно за Германија има некој терсени непишани правила и ко-критериуми, може уште многу да се пишува за тоа ама сакав само во кратки црти да опишам како е во Германија. Нормално ова важи за поквалитетни работни места, за МекДоналдс или слични места немора ваков труд да се вложи оти тие претежно не пребираат. Значи, компаниите прво го гледаат ЦВто и квалификациите па после се друго. Квалификациите и дали твојот профил пасува на нуденото место се пресудни за покана на интервју. Во интервјуто се посветува повеќе внимание на социалниот дел и на личноста од кандидатот.
 
На запад моментално се бара IT кадар.Не е важен факултет,туку кликер и знаење....знам дека ова е погрешна тема,ама морам овде да го ставам..... https://www.microsoftvirtualacademy.com ... направете маил на hotmail.com и со среќа учење,додека е безпари ;) и без трчање по звучни теми,почнете од почеток :) часовите се full,значи по 50 и повеќе минути,целодневна настава,но никој не ве брка да мора сите да ги гледате во еден ден,колку можете,кога можете...информација плус е голема работа
--- надополнето: 28 мај 2013 во 16:11 ---


среќа е релативна работа...ако ја имаш,а не ја препознаеш исто како да ја немаш нели? ;) знаење само,ништо друго....инаку диплома од факултет е за во wc,полесно да ти ..... :ROFLMAO:



Имаш серификат за мрежен админсистратор? Знам еден другар со средно образование полагаше во Александрија и Семос за мрежен администратор и се вработи во Чешка во AT & T.
 
Ако не е тајна каде аплицираше и за кое работно место во Германија ,бидејки и јас сум со економски и имам учено германски 1год. па затоа прашувам . Дали само англиски ти бараат или и германски и работно искуство?

На место и позиција на кое имам 5 години работно искуство. Стартувам со повисока позиција и моја работа е Балкан. Јас Германски сега учам, немам познавање. На Англиски беше интервјуто, а за работа ми се потребни Балкански јазици и Англиски. Се разбира и Германскиот во одреден термин ми е даден да го научам.
Без работно искуство незнам дали ги разгледуваат апликациите со Економски од нон еу земји. Стварно незнам како иде тоа за без.
 
Имаш серификат за мрежен админсистратор? Знам еден другар со средно образование полагаше во Александрија и Семос за мрежен администратор и се вработи во Чешка во AT & T.

имам MCITP:Server administrator со испит 70-646 и MCTS: SQL Server 2008, Implementation and Maintenance и MCTS: SQL Server 2008, Database Development, мрежен немам....а и не ми треба баш,првиот покрива доволно.твојот другар полагал cisco испити нели? :)
 
имам MCITP:Server administrator со испит 70-646 и MCTS: SQL Server 2008, Implementation and Maintenance и MCTS: SQL Server 2008, Database Development, мрежен немам....а и не ми треба баш,првиот покрива доволно.твојот другар полагал cisco испити нели? :)


Да cisco.
 
искусни ѕидари за Австрија- плата 1300 евра
тел.00436641644838
но , не и со мкд пасош
Skype: kirilka.balzer
Ebreichsdorf Austria
 
Maлку се 1300..уште па искусни.
a vo MK kolku zemaat da te prasham samo- preku sila stigaat do 400-500 evra
i eden vic- gratis:pos:
Шеф кон кандидат за работа:
- На почеток ќе Ви плаќаме по 120 евра на месец, а после некој месец и повеќе.
- Е па јас ќе дојдам тогаш по некој месец.
 
Maлку се 1300..уште па искусни.


А шо очекуваш од Австрија?

Да знаеш да работиш занает од типот на молер / плочкар / работа со дрво / ти е добитна комбинација во европските земји. Нормално да работиш приватно , не за друг. Е сеа од почетокот малце тешко ќе ти иде додека се прочуеш , али потоа 2 години не ти бегаат по 4-5 К евра. Обичен малтерџија во Швајцарија зима 3500-4000 франака.
 
Ме интересира за овие што одат да работат во Лондон во Волво и пакувачи на книги во книжари.
Гледам и ќораво и сакато заминаа, дали така лесно примаат? :eek:
Инаку платата е 1500-2000 евра. Малку пари даваат ама важно во Лондон си не во некое запустено градче во Италија на лозјата цел ден на 40 степени. :D
 
Каде и да отидам со македонски пасош,никој бизнисмен не би ме вработил па макар и роднина да ми е,има триста закони процедури,дозволи.Е сега вие ако сте заминале со македонски пасош и некој ви помогнал,ве повлекол тогаш и редно е и вие да помагате на некого.Ама кај Македончето секогаш постои љубомора,се ќе направи само да те одврати од намерата,за да не бидеш еднаков со него,за да може да ти се фали.Затоа не барај помош од никого,вади си бугарски,цел свет е твој,ако си добар со англискиот,друго ништо не ти треба.


Епа ти ако чекаш некој дома да ти дојде со кафе и локум и да те вработи во странство си се заебал... Сам ќе си бркаш работите ќе се информираш, ако е толку сложено како што збориш никој не би се иселил до сега нели :)

Има и те какви работи што можеш да ги работиш за кои не треба ни знаење туку рмбање и врз основа на работна гаранција можеш да си обезбедиш престој...

И последно кој е па тебе должен да ти помогне... Ај да разберам роднина да те зафркне да... Ама сега знам дека за многу типа на визи се бара гаранција за тебе, т.е се остава прилична голема сума на пари само за ти да не правиш глупости.. Сега некој треба да рмба за тебе, да остави пари на страна и да се надева дека се ќе биде во ред... Тоа е главна причина зошто повеќето не се нафаќаат на овие работи... Имам роднини и ми кажуваат колку само дибеци имаат дојдено од кај нас само за на пикник во странство...

Таму никој пари не ти дава на тацна мора да се мачиш исто како и тука...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom