Вработените во Porsche ќе бидат наградени со по 8.200 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Тие ќе бидат среќни затоа што дадоа толку пари со знаење дека на многу луѓе ќе им помогнат се осеќаат убаво .... Јас лично сум направил неколку пати и чувството е предобро .... :-)
 
е сега излажа брат , во име на цела NFS фан-база :P ..... Need For Speed Underground 2 е убедливо најдобра до сега излезена,втора е MostWanted ..... :LOL:
Абе мораш да пишуваш на секоја тема и тоа вакви безвезни постови?
Ај се надевам дека ќе ги фатиш некад Фросе или Леа у ПМС па ќе те решат.

п.с Ценам фирми што ги наградуваат вработените за нивниот труд.
 
што сум пишал без врска ,не може да ми забрануваш ,се надоврзав со двата поста погоре ..... што е лошо тука , ако те иритира ,игнорирај ,ти се допаѓа ,лајкувај ..... просто е .... :)
 
што сум пишал без врска ,не може да ми забрануваш ,се надоврзав со двата поста погоре ..... што е лошо тука , ако те иритира ,игнорирај ,ти се допаѓа ,лајкувај ..... просто е .... :)
Пишуваш за игрици у ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС.
 
Па ако е така нека почитуваат и STEALTH и Strider ..... зошто, само на мене се фокусираш ....
Истото важи и за нив де, соберете си се групњак и играјте игрици.
 
Истото важи и за нив де, соберете си се групњак и играјте игрици.
ок е тоа ,разбирам , малку оффтопик отидовме , но не бевме до толку лоши,аман .... :) секоја тема и бетер е , но двојни стандарди изгледа има .... :D
 
ок е тоа ,разбирам , малку оффтопик отидовме , но не бевме до толку лоши,аман .... :) секоја тема и бетер е , но двојни стандарди изгледа има .... :D
Проблемот е што конкретно ти на секоја можна тема идеш офтопик човече.
Кога би се коментирало на тема за трудници ти би се нафатил да коментираш за ставање туршија и мешање ајвар.
 
п.с Ценам фирми што ги наградуваат вработените за нивниот труд.

Сам се решава не му треба помош.

Туку платата годишно во повеќето фирми ти ја покачуваат за 100/200 евра зависи од фирмата. Тоа е годишен мотив. Плус даваат многу фирми к15 1000 до 2000 евра, на два пати пред одмор и пред Божиќ. Кога имаат позитива даваат награди. Пензиско си сигурен, здравствено си обезбеден. 22 дена работни одмор, со секоја година стаж се зголемува. Празник, сабота и недела слободен, ако си сабота на работа или имаш дежурства на празник, се плаќа плус.

Колективното добро пред личното. И тоа е тој поттик кој бутка напред.

Плус ова се огромни фирми, ако вработените не им се задоволни, незнам како би успеале во таква конкуренција да задржат добри работници. Лесно се менува работно место.

Што убаво Клипче, 8200 еврејки во џебче мх мх ете ти ги следните 4 одмори на Карибите :D
 
Сепак станува збор за компанија во земјата со веројатно најдобрата економија во светот.

Едно реторичко прашање - што мислите дали работниците ќе се залагаат максимално за оваа година да го повторат резултатот :-)
 
Сепак станува збор за компанија во земјата со веројатно најдобрата економија во светот.

Едно реторичко прашање - што мислите дали работниците ќе се залагаат максимално за оваа година да го повторат резултатот :)
Можеби, но парите не се пресуден фактор во вакви случаи туку повеќе како шлагот на тортата.

П.С Тука подобро е објаснето за бизнис во 20 наспрема 21 век

http://www.ted.com/talks/dan_pink_on_motivation
 
Како и каде може да аплицирам за работа во Порше? :D
 
Како и каде може да аплицирам за работа во Порше? :D

За Порше незнам , али пред 2 години кога бев за САД за малце ќе влезев во Крајслер и тоа како помошник механичар. Пуста криза цела автомобилска индустрија ја прееба во Детроит , и ништо не бидна.
 
Сепак станува збор за компанија во земјата со веројатно најдобрата економија во светот.

Едно реторичко прашање - што мислите дали работниците ќе се залагаат максимално за оваа година да го повторат резултатот :)

Мислам дека ќе си дадат отказ :D

Шала на страна, незнам колку успехот, оној генерален успех зависи само од компанијата во автомобилска индустрија. Порше се „ефтини“ колички и веројатно успехот на продажба се должи што Европа годинава извади позитивни салда, односно конечно се оправи од кризата. Па луѓето пак ги извадија парите.

Логички, може некој што е во автомобилска индустрија ќе ме демантира, особено некој што работи во Порше. А има и такви :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom