Впечатоци од собиранката во Велес (18-ти, саб., "Гламур", 21:00 ч)

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи треба да ми е мило шо не ојдов? :kjotek:
 
Домаќиниве исчезнале у мисија сред собиранка изгледа.
 
Се вративме од Велес!

Драги кајганџии кој не бевте на собиранката, треба да се засрамите, да се каете за тој потег што не дојдовте, многу пропуштивте. Најубавата собиранка досега што се одржала во историјата на Кајгана форумот. Ова беше нешто невидено, јас бев фрапиран од оваа собиранка.

Пу јзк... да се вратиме во реалноста...

Значи Кајгана Crew од Скопје тргна за Велес, мислам дека 2 коли беа за Велес, а останатата багра со воз.
Во 8 и 20 часот стигнавме во Велес, и на станица не пречека Dark Angel (таа мислам беше :) ), и тргнавме на кај велешкиот парк, таму ја сретнавме Лејди Сатори, која што ги дружеше СтевоМС и Вирус.
Една багра отиде да јаде во Снупи, а друга багра отидоа во Гламур.
Ние што бевме во Снупи јадевме шо јадевме, се прејадовме од тие пиците полни со метал и олово, што едвај се дојадуваа, после неможевме да дишеме.
Оттаму заминавме во Гламур, велешката багра која што веќе беше таму срдечно не пречека, а потоа не остаи на милост и немилост. :)
Кој заминал по паркови, кој по темни сали и сл. велешки места. А ние гостите се шлаевме по велешките улици немајќи каде да идеме. Решивме демек да идеме на базенот, но незнам што беше фркава на никој не му се влагаше, велешката багра не пронајде каде сме и следен план беше „ај во темните паркови“, но на некои и не им се идеше во темните паркови и решија да си идат на кај Скопје. 2-те коли што беа во Велес негде во 12 и пол се упатија на кај Скопје, а останатите кои останаа во Велес, ваљда заминале по темните паркови или се снашле со превоз за Скопје, бидејќи ќе треба да го чекаат возот у 5 за Скопје.
Значи организацијата велешка... кхм... ма бевме оставени на одговорност од луѓе под 18 годишна возраст. Ах велешани, разочаравте.
Тоа беше се што имам да кажам јас, да видиме останатите членови што имаат да кажат за оваа собиранка. Реално збориме сега, без фантазирања. :wink:

П.С. Гламур како Гламур одличен кафич, ентериер и све, ми се допадна. :vozbud:
 
Али шо уба беше собиранката во Охрид зато... Се знајт кој се во Македонијава по организација и гостопримливост... :)
 
А и да се напомене дека ЖУТ ПЕЧАТ ќе стане hot thread. :pos:
 
Што читам, не ми се верува. Срамота значи. Имам нос за вакви работи ... добро што го послушав и овој пат ... :podsmev:

п.с. Пак да не договарате накај Струга и да бегате Велес ... :kotek: :pos2:
 
Што читам, не ми се верува. Срамота значи. Имам нос за вакви работи ... добро што го послушав и овој пат ... :podsmev:

п.с. Пак да не договарате накај Струга и да бегате Велес ... :kotek: :pos2:
More nasiov kraj e naj naj. Nikoj ne ni e raVen. Da gleame OHRID ali STRUGA da naprajme sledno i ...Tuk mene ic ne mi je gajle kj e, oti ja moza i peski do Struga, eheheee ene kaj mi je. I, i i taka.
:costumed2STRUGA!:icon_mrgr
 
НемогуЌе што читам :roll:
 
Значи треба да ми е мило шо не ојдов? :kjotek:
Баш така.
Дојдовме, јадевме, испивме по 2-3 пива и си отидовме. Тоа беше собиранката во кратки црти. Голема критика за организаторите, ама сепак - немаат туристичко искуство како Охриѓани и Скопјани, па ќе им простиме :wink:

Значи, местото за журка беше топ. Одличен беше изборот.
Добар беше и почетокот... Некои 50-тина минути. После тоа сите форумџи(к)и од Велес ги снема, а Скопјаните останаа сами. Ги чекавме пред кафичот некој половина час, а потоа (револтирано) си отидовме. Иако ги сретнавме по пат, решивме да не останеме. Едноставно не не' привлекуваше самоубиствената музика во паркот, или Дуле и Коки на базенот. Тоа беа единствените опции за журка. Не е поентата на собиранките да седи заедно (само) истото друштво што може да се собере во Скопје, или да седиме во парк, или во скејт-парк, или пак да идеме на Дуле и Коки. Поентата е сите да останеме од почеток до крај и да се журкаме.

Лејди Сатори ми остави одличен впечаток. Штета што волку лошо заврши собиранкава, па не успеавме да се подружиме подолго. Наредната собиранка е во Скопје за 2-3 недели. Мора да им покажеме на велешани како се организира собиранка. Млади се уште, ќе научат.
 
Сега продавате гола вода.Како може да не претчуствувате нешто вакво кога низ цела тема продефилира оптимизам,цвеќенца и пеперутки,а никој...ама баш никој не се заинтересира за детали,за тоа што после,каде после.Туку 10 страни се договаравте кој да носел гитарче и да ѕврнѕал у парк.А не ви влегуеше у глава дека паркот не е баш осветлено место,не е баш место каде луѓе дотерани намирисани би отишле-едноставно не беше прикладно.

Друга работа,еден член ја отвара темата.Другите се во небрано.Треба да ја следат волјата на тој член и целосно да се посветат на непливот на народ и како со тој наплив на народ.Плус тоа,се работи за деца.17 години максимум.Вие админи зар сериозно мислевте дека може дете од 17 години да направи план за 8 часовен провод на грст народ?И зар очекувавте се да помине во најдобар ред?Ма ајде...

Трето,јавно дел од Велешани кажаа дека немаат врска со организации,пречек и било каква врска со поминот на гостите.Затоа немате право да се лутите.Тие што беа со вас всушност беа единствените кои се нафатија да бидат со вас.

Четврто...ви се допадна Гламур.Како жити мене бре ви се допадна Гламур?:tapp: :kesa:

Петто....сите сте живи,здрави и накурчени.What's better than that?
 
Гламур беше одлично место за журка. Сме правеле собиранки и во поголеми дупки како кафанчето „Кај Перо“, „Кај Маршалот“, па дури и „Сенс“ не беше толку добар како „Гламур“. Фалеше организацијата.

Деца беа и првпат им беше. Нормално дека им се простува. Не ги плукаме, ама ги критикуваме затоа што си отидоа после пола саат и не оставија сами да се дружиме. Охриѓани на пример (колку и да не се туристички народ :pos:) обезбедија кафич, обезбедија групен влез во дискотека со полициска придружба (фала sagaqua :)), па дури обезбедија и бесплатен интернет и место за спиење (фала Дивајн, Геџо, Еко...).

Како и да е, не беше и толку ужасно. Битно се прошетавме и запознавме.
Се гледаме на собиранката во Скопје на 8-ми. :-)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom