Впечатоци од 1 мај

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
уште не дошол 1 Мај, а јас ќе ги кажам моите впечатоци,
ЗОШТО
зошто јас пред време го знам „ РЕЗУЛТАТ“ -от
„Зошто мојата Сегашност е разрешена од спознанието; дека сум јас работник, роб на господарот кој што за готови мали пари ја купува мојата сила, и дека тие пари ги добива пак од мене, продаваиќи го мојот евтин труд за скапа цена. Така барем изгледа кога тој не работи како мене, па сепак подобро живее и им ја купува на другите силата и трудот.И којзнае а каде е тој сега,на кое ли море и мисли ли бар малку на мене.
Додека јас сум и денес страдалник над неговите забревтани машини.
Уште и ова; дека мене ми е невозможно да се ослободам од ова ропство, зошто здружението на господарите, наречено држава, бдее над мене и моќно е како гладот наспрема лебот, иако нивната воља ја извршуваат луѓе како што сум и јас - купени за готови мали пари. И така гледте, понекогаш ме ваќа ужас од тоа; зошто моето ропство - токму од тоа е неизбежно. Па сепак ме теши и друго спознание; дека робови,како што сум јас, има со милиони по светот, и ми влева храброст помислата ; дека спознанието за нашето ропство ќе ни донесе нам свест а таа, како непобедлива моќ - ќе ни донесе нам и ослободување.
Зошто спознанието за начинот на ракување со робовите им донесува на господарите (газдите) богаство, а нам на робовите, спознанието дека сме робови ќе ни донесе слобода!
До таков резултат дојдов во трагањето за причината за мојата Беда.
И како дојдов до него.
Нашите господари (газди) ги испраќаат својте деца во нарочни странски институти и колеџи каде што купуваат свест и знаење како да постапуваат со нас, а ние робовите, мораме сами да бараме свест за одбрана од нив, мораме со гола рака да пробиваме тунел низ чудовиштата на робовската темнина! Зошто сиот мој мисловен живот се движи во кругот на фабриката,улицата и станот.
А сета егзистенција на тој живот е така бедна, ограничена тесна и мала. Газдата на кој мориња е денес и мисли ли бар малку и на мене.
Туку зошто не сме сите луѓе еднакви, зошто има меѓу нас работници - робови и господари - газди,
Потчинети, унижени експлоатирани- со помошта на еден нечовечки предмет; П а р и т е ?...Зошто ?
„ Културата во рацете на господари и богаташи - само е инструмент за создавање на нивното богаство. За нив културата е експлоатација.
И само тогаш кога културата ќе биде во рацете на оние што работат,-
само тогаш културата ќе биде човечка !...“
Оние што работат ? Милионите ? Да !...
Кога тие што го создаваат светот ќе бидат достојно наградени за својот труд, кога ќе исчезне експлоатацијата и исползувањето, тогаш
луѓето ќе бидат браќа меѓу себе а културата - култура.
...И така полека марширав кон спознанието..
И доколку оно се повеќе се вкоренува во мене, трудот, под услови во кои работам, ми се чини непродуктивен и штетен за мене, зашто чистата печалба е за мојот господар, а со тоа тој ме прави роб.
И ми се чини дека работата за рушењето на овие услови е многу попродуктивна одошто работата под нив, зошто мислам таа работа по ништо не се разликува од животинска работа, идека само тогаш кога ќе ги снема нив - работата за човека ќе биде благосов,усмевка и целивка на Природата за неговиот труд ! А дотогаш...дотогаш рушењето е попродуктивно.
..Тоа ми е последниот Резултат.
-------------------------------------------------------------------------------------
„ Резултат“ - прв пат објавено-печатено во 1928 год.во Загреб
во списанието - Критика автор Кочо Рацин (10 год. пред„Бели Мугри“)
 
Па не се сложувам со тебе но ти ставив лајк ради речникот стварно си генијален за тоа :)
Kaко и да е јас си поминав топ во дивина,со многу пиво и скара,мара.
 
Доме златни доме.
Балкон со убава глетка и електрична скара која што не се користеше.

Навистина преубаво си поминав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom