Очигледно не ме свати добро...
Значи според твоето мислење, секоја личност се раѓа со одредена религија, или во твојот случај ти си се родил христијанин и велиш дека секој треба да стане христијанин уште од мали нозе, токму на возраста кога се оформуваат гледиштата кон светот или со други зборови сугерираш на наметнување на христијанството.
Моето мислење е дека изборот треба да се остави, океј е да се даде до знаење на своето дете дека ти си христијанин и имаш одредени очекувања од него,. но не и да претераш со постапките и да го присилиш да верува т.е да се определи за христијанството.
Јас намерно се поставив како муслиманин, и би сакал да збориме за муслиманството и христијанството какви што се сега, или во блиска иднина а не за наредните неколку века.
Можеби ке има муслиманството многу ограноци, што не го прави ништо различно од твојата религија христијанството, а во контекст на последниот дел од твојот пост би те охрабрил да одиш да го шириш христијанството во арапскиот свет, ако успееш да преживееш, секоја чест.
За крај доаѓаме до заклучок дека христијанство=Муслиманство а сметам дека можам да го продолжам тоа еднаквото со речиси сите религии кои што постојат.
Не, религијата не е нешто што треба да се наметнува, и потребно е да се промени таа непотребна навика на наметнување религија од постарите лица.
Се надевам дека сега е појасно и ке останеме во контекст на темава, бидејќи нема потреба да продолжувам понатаму да ти споредувам колку твоето христијанство е исто (Да, добро прочита) христијанството е исто со мулиманската религија која што ти толку многу ја мразиш.
Сличностите постојат, и ги има повеќе отколку што очекуваш.