Прочитав во претходните постови како некој/некои го мешаат Социјализмот/Комунизмот со Атеизмот, нема везе тоа луѓе, еве ќе ви кажам конкретно за мене јас сум тврдокорен Анти-Социјалист/Анти-Комунист, но со религија(било која) немам благе везе, ниту моите биле, ниту пак се религиозни, ниту пак јас сум бил, ниту пак сум религиозен !
Религијата е перење на мозокот на широките народни маси(неинтелектуалата) и ништо повеќе, јас од религија ова го знам и го применувам во мојот живот и лични сфаќања:
не кради, не убивај, не тепај, почитувај ги сакај ги и грижи се за ближните свои, не врши прељуба, не го посакувај туѓото... но да се разбереме, не верувам во бог/богови, светци, ангели, живот после смртта, рај, пекол, ова, она, зашто ? Откако ќе умреме ќе не бапнат под земја 2 метри, ќе не потрупаат со земја и чао пријатно, за некое време во таа дупка ќе бидат само нашите коски, прав и земја, се излегува од земјата(природата) и се се враќа во земјата(природата), тоа е синџир/алка на животот, а верувањата во бог/богови/божји пратеници/месии/светци/ангели/рај/пекол/задгробен живот/суден ден/воскресенија и сл. се чиста глупост, најбитно во животот за секого е она погоре болдираното, сето друго се измислици и имагинации !