Возачка дозвола на 16 години во Македонија ?

  • Креатор на темата Креатор на темата AlaNF0rD
  • Време на започнување Време на започнување
Несакам никој да ме свати погрешно,но најдобро е да се полага после 21 година.Знам дека има и совесни и несовесни возачи од сите возрасти,ама поинаку размислуваш на 16 кога си во автомобил и сакаш да бидеш виден од сите,кој и да тврди дека не е така само ќе излаже, друго е на 18 кога пак си полнолетен ама не си сеуште созреан,а до 21 голем дел ќе бидат оформени како личности и ќе знаат да размислуваат за своите постапки.Знам како се чуствував кога прв пат зедов возачка на 18 години,мислев дека летам и сум семоќен,а сега поинаку.Еден совет ќе го паметам засекогаш,ни го даде докторката на прва помош и ми остави многу јак впечаток:Никогаш немој да се натпреварувате со автомобилот,тој е машина,секогаш ќе биде победник.Колку и да звучи лицемерно мојот став околу овај закон,тој закон е голема грешка и ќе се покаже тоа во иднина кога бројот на сообраќајки ќе биде драстично зголемен со оглед на возачката култура во земјава,и се поголем број на родители кои им овозможуваат се на своите разгалени деца,ова неважи за сите,ама поголем дел се такви.
 
Се помести и старосната граница за „возач-почетник. Со законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „возач-почетник“ се смета од 16-18 годишна возраст, за разлика од порано, кога за почетници се сметаа сите кои имаат најмногу 21 година. Сепак, само малолетниците кои имаат покажано одличен успех и примерно поведение за изминатата година ќе можат да полагаат возачки испит.

Дали тоа значи дека тие што имаат положено возачка на 18 години не се сметаат за возач-почетник?
 
Мислам дека возач почетник си додека не поминат 2 години од полагањето на возачката дозвола. Условот беше 21 година и 2 години возачко искуство. На пример и 35 години да имаш кога ќе положиш, сепак се сметаш за почетник додека не поминат 2 години од полагањето.
 
А дали после 5 часот престанува забраната и може да се вози или од 6 часот престанува?
 
А дали после 5 часот престанува забраната и може да се вози или од 6 часот престанува?
Од 23 до 5 часот не смееш. После смееш.
 
Значи јас имам веќе 2 години искуство, а немам 21 година, дали тоа значи дека после нова година нема веќе да се сметам за возач-почетник?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Значи јас имам веќе 2 години искуство, а немам 21 година, дали тоа значи дека после нова година нема веќе да се сметам за возач-почетник?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не, ќе се сметаш додека не наполниш 21 година.
 
Не, ќе се сметаш додека не наполниш 21 година.
Прашав зошто погоре пишуваше дека после нова година ќе бидат почетници тие од 16-18 години, секако и тие кои немаат двегодишно искуство, а порано се сметаа тие до 21.. Али изгледа ова ќе важи само за тие што ќе положат после нова година ?
 
Може ли ученик со просек многу добар 4 и примерно поведение да полага од 1 јануари?
 
Може ли ученик со просек многу добар 4 и примерно поведение да полага од 1 јануари?
тоа и мене ме интересира, дека одличен ученик не е репер за добро однесување. Пример ученик од орце кој е многу добар 4.25+ не може да се спореди со некој од Ѓорѓи кој е 4,5 а не па од ГУЦ,во ГУЦ со знаење 3,5 од Орце би бил скроз одличен. Многу лош услов е ова со одличните ученици..
 
Е ај ко ќе почнит некој да полагат на 16 години, нека кажит шо како, што е ново шо е по старо, изгледа и поќе пари ќе треба за полагање, пошо поќе часа ќе се вози...
Јас планирам да почнам да со часови крај на февруар или март, тогаш ќе имам 17 и 10 месеци така да ќе си полагам како за на 18 години.
 
Објавен во службен весник ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА , а во него меѓу другото и

ПОСТАР МАЛОЛЕТНИК е малолетник кој наполнил 16 години,а не наполнил 18 години.Истиот може да се стекне со право на управување со моторно возило од Б категорија доколку ги исолнува следниве услови:

1) да наполнил 16 години возраст;
2) да поседува лична карта;
3) да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило;
4) да има завршено најмалку основно образование;
5) да има согласност од двајцата родители,законски застапник или старател,заверена на нотар;
6) да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година и
7) да има писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое учи малолетникот,а доколку во училиштето нема еден од нив и од класниот раководител,заверена на нотар

Постарите малолетници ќе се оспособуваат со зголемен број наставни часови од практичниот дел за 30% во однос на бројот на часови предбидени за останатите кандидати за возачи.

Овие одредби ќе започнат да се применуваат од 01.01.2013
 
Имам 17 години и 10 месеци, скоро веќе завршив со обуката во автошкола по старо (од 17 години и 6 месеци). Дали кога ќе завршам со автошколава ќе имам право да полагам со новиов закон?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom