- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Добро кај можи за најсигурно да се провери? Јас слушнав изјава на некој на вести дека тенденциозно се толкувал погрешно законот и дека имало измени нешто во висината на казните во зависност од колку промили.
Ако за сите важи 0.1 глупост најголема е, да се надеваме нема врска.
за таксисти, професионални возачи и оние со возачко искуство до 2 години
за другите по старо
Последните измени во законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој се однесува токму на дозволеното ниво на алкохол во крвта практично ги збуни граѓаните. Некои сметаат дека максимумот е 0,1 промил, додека пак некои велат дека последните измени воопшто не толерираат алкохол.
Сепак, информациите од министерството за внатрешни работи се јасни.
Како возачи почетници, законот ги третира сите оние кои имаат помалку од 21 година или возачко искуство не поголемо од 2 години.
И за овие лица како и за професионалните возачи, инструкторите и членовите на комисиите за полагање возачки испити, нема да се толерира никакво присуство на алкохол во крвта.
Висината на казните за прекршување на законот ќе зависат од количната на алкохол и се клсифицирани во неколку групи. До 1 промил казната е 250 евра и одземање на дозволата до 6 месеци, а доколку седнетете зад воланот со 2 промили алкохол во крвта, полицијата ќе ве казни со 400 евра и ќе ви ја одземе дозволата цела година.
Возачите кои ќе одбијат алкотестирање, директно ќе бидат казнети со 500 евра и ќе останат без возачката дозвола една година.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vozachite-zbuneti-kolku-alkohol-e-dozvolen