Zero tolerance за шофери!
Навистина, ригорозни казни нека има за пиење под дејство!
Овој закон го поддржувам!
Струмих, кај мене е: you can't have an open alcohol container in the fair state of....!
Никој да не е пијан, не смее отворена флаша, лименка или слично да се има во автомобил!
И почитувам! Нема тука противуставно ништо! Не се повредуваат граѓанските права на граѓанинот! Тој треба да е свесен дека не смее да се има алкохол во автомобилот и да не дозволи!
И нека бидат чисти таблиците, што кошта толку да фрлиш литар вода на нив пред да ја извадиш од гаража?
Гарфилд, не сме се разбрале...околу противуставноста.
Не се противуставни одредбите за алкохолот, за кои и јас се залагам, туку за казнувањето на сопственикот на возилото, ако не биде најден сторителот!
Хипотетички:
Возилото е моја сопственост, по сообраќајна, која е јавна исправа за која МВР води евиденција, и секое службено лице, или суд, има увид во истата...
Со тоа мое возило, кое го користи на пр. мое дете, или сопруга, или било кој близок од семејството, е направен сообраќаен прекршок...на пр. „непрописно паркирање“, сторителот не е најден на лице место, и полицаецот пишува пријава, документирал со фотографии и сл.
И мене ми стига дома прекршочна пријава, јас одам на комисија за прекршоци во МВР (башка кадија те тужи, кадија те суди), и таму велам дека јас возилото не го возев, бев на работа (со доказ - потврда од работа) но се повикувам на благодетот и загарантираното право на несведочење против ближни...
И, комисијата сосем законски ми одредува глоба, на која се жалам и одам на суд за прекршоци...кој пак, согласно со законот, ќе ми ја досуди истата глоба...
Имаме ситуација со недокажана вина, т.е. прекршочна одговорност, да биде казнет граѓанин, што е спротивно на пресумпцијата на невиност, но и на еден од постулатите на кривичното (а и прекршочното како негов дел) право, постоењето на вина.