Дали некој поединец ќе оди во пеколот или не, одлучува само Творецот на тој поединец. Но,, донекаде си во право: личниот избор за своето однесување е добра причина и подлога за Судот Божји врз секого од нас, поединечно, па така, согласно богословското учење, Христос само ќе ни ја досуди конечната одлука, оти секој од нас самиот се осудува, однесувајќи се вака или така.
Имам разбирање кога некој прашува ради лична потреба од повеќе знаење, но таа желба за знаење, ако прејде во чисто љубопитство, послужува не за спасение, туку за (само)осуда. Бесконечното барање одговори и арчење време со тоа барање, а без вера во Бога, е испразна желба само за што поголем квантум од знаење, кој сам по себе не е вистинско богобарање, ниту прав пат во Рајот.
Карл Сеган сакаше да „знае„ а не да „верува„. Не верувам дека таа уста желба му послужила и помогнала на неговиот пат во вечните ловишта.
А „читанката„ си е арна, оти преку неа; Творецот им се објавува на своите твореија, не од „таму у некаде“, туку како Еден од нив, како човек и како Богочовек. Како што е запишано во утринските молитви:„...Господи Исусе Христе, Учителу на милоста, Те молам, отвори ги очите на срцето мое, за да го чујам и да го разберам словото Твое, и да ја творам волјата Твоја, којашто во него, нам, безумните и грешни луѓе, ни е откриена..„.