Ајдее сега испадна дека јас немам аргументи?
Бреејјј махери сте да ја извртите ситуацијата кога сте во ќорсокак со аргументи.
Зарем навистина верувате дека апостолите летале на облаци, виделе уште еден празен гроб, виделе уште едно воскресение, и замислете виделе уште едно вознесение и такво нешто не запишале во своите евангелија, ниту пак во своите посланија, ниту пак во делата на апостолите, туку, според вас, тие сметале дека е поважно да пишуваат за нивните наметки, да ги поздравуваат пријателите свои од другите цркви, да пишуваат разно разни работи, а за воскресението на најголемата светица во православието, за пресветата, за пречистата не кажале ниту еден збор? Зарем нејзиното воскресение и вознесение не било толку важно како што била важна наметката на Павле?
Факт е дека воскресението е најважната тема на христијаните и столб на нивната вера. Тоа го потврдува и Павле кога на едно место вели: ако мртвите не воскреснуваат, тогаш залудна е нашата вера. Тој, а и другите апостолите цело време пишувале за воскресението на Исус и за Неговото значење за нас. Тие не изоставиле да го спомнат и воскресението на Лазар, на Јаировата ќерка - се разбира затоа што тоа било и те како важно. Кога Лазар воскреснал, луѓе доаѓале од сите краишта да го видат не само Исус, туку и Лазар.
"Многу евреи дознаа дека е таму (Исус), па дојдоа не само заради Исус, туку за да го видат и Лазар, кого го воскресна од мртвите"
(
Јован 12:9)
По Лазаревото воскресение огромно мноштво на луѓе поверувале во Исус. Тоа го гледаме и од зависта на првосвештениците и фарисеите веднаш по овој настан...
"Што да правиме? Овој Човек прави многу чудотворни знаци. Ако Го оставиме така, сите ќе веруваат во Него, а Римјаните ќе дојдат и ќе ни ги одземат земјата и народот"
(
Јован 11:47-48)
Епа ако Лазаревото воскресение одиграло толку бомбастична пресвртница кај тогашните евреи и ако тоа предизвикало многу луѓе да поверуваат во Исус, тогаш зошто апостолите би го криеле воскресението и вознесението на мајката на Исус? Зарем не е ова неспоредливо поголем настан од воскресението на Лазар кој патем и не воскреснал во прославено тело, туку само бил оживеан во старото смртно тело и потоа пак си умрел и до ден денес како и сите други го чека своите вистинско воскресение.
Исус направил многу чуда и кажал многу работи во Својот живот, но Бог благоволил во Новиот Завет да влезе она што е најважното за нас христијаните. Епа ако вие сметате дека воскресението и вознесението на најголемата светица во православието (онаа која ја нарекувате пресвета, пречиста, пренепорочна, владичица, спасителка, богородица итн) не е толку битен настан, тогаш вие одите контра вашите догми околу култот на Маија :helou: