- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Јаков, Јован, Матеј, Јуда, Павле, Петар, плус евангелистите Марко и Лука, сите до еден да ти „заборават“ да запишат еден таков битен момент. Ај шо тие заборавиле, заборавил и Св. Дух да ги потсети. Ај шо тој заборавил нив да ги потстети заборавил да ги потсети и првите христијани. И вторите христијани. И триста седумдесет и седум години сите заборавале, како што ни напиша убаво Чорбаџијата, ни 377 години после Христос уште никој се немал сетено, како што запишал и св. Епифаниј во таа година дека никој не знае што се случило со Марија.
И така никој се немал ништо сетено, се додека на некој таму во којзнае кој век не му се јавило Кривидение.
Токму и затоа ја отворив оваа тема, за да продискутираме зошто никој во раните векови не се досетил да напише за ова спектакуларно воскресение и вознесение на блажената Марија, туку им се "сонило" на некои подоцна?
Баш сакам да прочитам мислења од оние кои веруваат во ова житие, зошто апостолите и евангелистите не зуцнале ништо во своите евангелија и посланија за ова нивно спектакуларно летање на облаците, за воскресението на Марија, за нејзиното вознесение и за нејзиното обраќање кон апостолите (кое е речиси идентично како и Христовото) дека ќе биде со нив за навек?
Зарем не е ова прекрасно искуство? Тогаш зошто тие не го споделиле со нас? Зошто не го споделиле со другите тогашни цркви за да ги охрабрат во воскресението, за да ги охрабрат со ветувањето на Марија дека таа ќе биде со нив за навек, па да ги поттикнат да и се молат и нејзе... а што е уште почудно, па и самите апостоли не изустиле ниту една молитва до Марија и покрај ова доживување?
Дали можеби се работи за некој таен заговор? Дали наскоро ќе следи некоја нова кодирана книга од типот на кодот на Да Винчи каде што би се опишувала тајната завера на апостолите да го скријат воскресението и вознесението на Марија?
Или пак сето ова е мит и само докажува дека на лагата (православна) и се кратки нозете?

Јас верувам во ова последново. А ВИЕ?