Сум го гледал документарецот го има на Нетфликс продуциран и режиран е од Џереми Корбел.
Заедно гостуваат кај Џо Роган токму на инсистирање и посредништво на Џереми Корбел кој пак е човекот што ги ликна последните две видеа од Морнарицата и пред некој ден кажа дека има уште снимки и материјали и дека има нешто ново токму од Боб Лазар...
Боб Лазар на повеќе пати го има објаснувано принципот на анти-гравитација и како се движат тие летала според тоа што го работел во С4 базата...
Некои што не се упатени во неговата сторија ќе кажат зашто не го репродуцира тоа летало ако толку знае, ако е научник и ако стварно работел таму?
Одговорот е малку покомплициран:
1) Според неговото кажување има повеќе такви летала, видел неколку различни во хангарите до кои му бил строго забранет пристап, има многу луѓе што работат на нив но само на одреден дел со цел да не ја добијат целата слика, поделено е како мозаик. Боб Лазар работел само на еден дел од антигравитацискиот погон на долниот слој од објектот, не знае што има на другите два слоја, немал притстап ни до научниците ни до материјалите...
2) Како гориво го користат елементот 115, он збори за него уште од 90-тите, откриен е малку покасно односно од Руски научници во 2003, успеваат да го добијат атомскиот елемент со број 115 подоцна се нарекува Москвиум, Боб Лазар тврди дека тие летала користат стабилен елемент, за сега Московиум може да издржи само 0.65 секудни... Нели се шпекулира дека Боб можеби украл дел од овој стабилен елемент а можеби и не, но за сам да создаде такво летало и да покрене во воздух е невозможно, покрај тоа тој ги нема ни потребните ресурси, материјали а и знаење... Он смета дека ни војската не може да го креира леталото но знае да ги лета веќе постоечките летала до кои некако дошле (дали преку антички ископини, Розвел итн...)
en.wikipedia.org
Има шпекулации од 2013 дека научниците се близу до стабилизација на овој елемент
Researchers in Sweden have confirmed the existence of element 115. It sticks around for a surprisingly long time. Scientists believe it may bring them closer to the mythical "island of stability" a whole slew of super-heavy elements that could last for days or even years.
www.npr.org
Кога сме кај Боб Лазар, иако многу не веруваат, голем дел од работите што ги кажува излегуваат точни, најсмешно е што викаа дека не работел во Лос Аламос и дека никој не го знае... Типот даде точен опис како изгледа се во базата и лабарториите, после Џорџ Кнап дојде до официјални податоци дека работел па дебанкерите го сменија наративот почнаа да викаат добро де работел ама проверувал значки за радијација, после бил механичар а не физичар бла бла бла...
А најјак факт дека Боб Лазар лажел е дека имал нелегален стриптиз клуб, како овие две работи да одат едни со други... Не смее некој што поседува стриптиз бар да има знаење во одредена област...
Има многу интересни работи за Боб Лазар ама џабе ќе ги пишувам кога никој нема да чита...