Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
Прво не тврдам никаде дека се Вонземјани, може не се, сепак се неидентификувани летечки објекти...

Второ не ме интересира дали е добро за човештвото или не, тука ние не можеме да влијаеме...

Трето батали брзина на светлината, имаш квантна физика, имаш string theory... Имаш антигравитациска теорија и што е најважно сега во 2021 година излегоа две студии нови студии кое 'Warp Drive' bending space and time, полека го прават реалност за која и не треба неограничена енергија, односно втората студија годинава шпекулира дека и ние би можеле да ја собереме потребната енергија за Warp Drive во блиска иднина... Така да можеби за да патуваш 40 светлосни години ќе ти бидат потребни неколку мигови...
Дека се идентификувани нема бидат НЛО. Јас само тврдам дека не се вонземјани. Така вика физиката и астрономијата. А со оглед дека од неколку стотици милиони ако не и милијади видови што постоеле само еден е интелигентен и Биологијата.
 
А зашто упорно си се фатил за Физиката, ете ти пратив нови студии кои ја помрднуваат физиката, имаш Квантна Физика која сеуште не е совладана, имаш String Theory која сеуште не ни знаеме дали држи вода или не... Физиката е природна наука која човекот ја нема сеуште совладано...

Астрономијата исто така не ја владееме, сеуште немаме доволно моќни телескопи, сеуште ги набљудуваме планетите како мали точки кои го затемнуваат своето сонце, сеуште немаме скоро и никакви податоци... Плус можеме да ги набљудуваме само оние сончеви системи кои ни овозможуваат да ги набљудуваме односно под посебен агол каде што ќе можеме да го детектираме затемнувањето, сите оние кои не се под тој агол не можеме, пошто планетите нема да поминат пред нашиот видик да го затемнат нивното сонце, тоа е смешен процент не знам дали е и 0.00001% така да Астрономијата моментално е во зачеток...
 
Дајсон сфера нема ни една ѕвезда во нашата галагсија ако не и надвор од неа. Значи нема К2 цивилизација во Млечниот пат. Тоа е докажано со инфрљцрвена телескопија. А надвор од Млечниот пат неможе да се патува. Така да нема никад да сретнеме К2 цивилизација. Што ги руши сите надежи дека некој многу развиен ќе дојде кај нас. А со оглед дека биолошки и цивилизациски многу случајности се случиле шансите се мали само за К1-К2 да сретнеме а К1-2 кратко најверојатно постојат на галактичко времески скали. Солидни се шансите да нема интелигентни ЕТ кој се во галаксијава и дека не посетуваат. Не е сигурно нормално и нема гаранција ама според последни проценки на Дрејк равенка шансите за достапна цивилизација за човекот надвор од земјата не се високи плус и да се К1-К2 е многу тешко. Така да НЛО да се вонземјани од астрономски и физички аспект се многу мали речиси невозможни. А поради тоа објаснување птици, тајна воена технологија природи појави се многу добри и речиси сигурни објаснувања.
Дрејк за Млечниот пат е најверојатно во рамките на десетина па и К1-К2 да се нема шанси...ЕТ е со голема веројатно на Земјата само СФ и културолошки феномен.
 
Дајсон сфера нема ни една ѕвезда во нашата галагсија ако не и надвор од неа. Значи нема К2 цивилизација во Млечниот пат. Тоа е докажано со инфрљцрвена телескопија. А надвор од Млечниот пат неможе да се патува. Така да нема никад да сретнеме К2 цивилизација. Што ги руши сите надежи дека некој многу развиен ќе дојде кај нас. А со оглед дека биолошки и цивилизациски многу случајности се случиле шансите се мали само за К1-К2 да сретнеме а К1-2 кратко најверојатно постојат на галактичко времески скали. Солидни се шансите да нема интелигентни ЕТ кој се во галаксијава и дека не посетуваат. Не е сигурно нормално и нема гаранција ама според последни проценки на Дрејк равенка шансите за достапна цивилизација за човекот надвор од земјата не се високи плус и да се К1-К2 е многу тешко. Така да НЛО да се вонземјани од астрономски и физички аспект се многу мали речиси невозможни. А поради тоа објаснување птици, тајна воена технологија природи појави се многу добри и речиси сигурни објаснувања.
Нејќам да ти се мешам во мислење, нешто си читал не си дочитал, си гледал не си разбрал, не е битно...

Има научници што сметаат дека интелегентен вонземски живот ќе се потврди наскоро

Исто така интересно е што Сем Херис тврди дека примил приватни информации од озбилни луѓе кои му кажуваат дека наскоро ќе има потврда за вонземски живот и дека научниците кои слепо одат против тоа ќе станат цел на потсмевање...

Тука завршувам дискусија, како и да е ќе видиме што ќе содржи репортот на Пентагон во Јуни (доколку не се одложи), исто така ќе видиме деновиве и месециве би требало да протечат и нови снимки и слики...
 
Нормално ова е проценка...далку од сигурно. Плус и К3 нема во видливиот универзум...Најверојатно нема никад никој да дојде кај нас. Во најдобар случај ќе треба да одиме кај нив. Стар Трек е дефинитивно невозможно и чиста фантастика. Според тоа што го знам никој нема да ни затропа никад на врата. Ќе одиме ние на гости.
Автоматски споено мислење:

Нејќам да ти се мешам во мислење, нешто си читал не си дочитал, си гледал не си разбрал, не е битно...

Има научници што сметаат дека интелегентен вонземски живот ќе се потврди наскоро

Исто така интересно е што Сем Херис тврди дека примил приватни информации од озбилни луѓе кои му кажуваат дека наскоро ќе има потврда за вонземски живот и дека научниците кои слепо одат против тоа ќе станат цел на потсмевање...

Тука завршувам дискусија, како и да е ќе видиме што ќе содржи репортот на Пентагон во Јуни (доколку не се одложи), исто така ќе видиме деновиве и месециве би требало да протечат и нови снимки и слики...
Мислам дека играат на карта Холивуд. Она што се знае до сега не дава надеж дека се во право. Најверојатно се функционира на принциот крај на светот. Може вечно да грешиш но доволно е еднаш да си во право. Плус и да навиваш за тоа ај што е неверојатно и речиси невозможно не е ни во твој интерес.
 
Последно уредено:
aDdxp9N_460swp.webp

Тој што го направил мемево очигледно го нема гледано District 9. :)
 
Прво не тврдам никаде дека се Вонземјани, може не се, сепак се неидентификувани летечки објекти...

Второ не ме интересира дали е добро за човештвото или не, тука ние не можеме да влијаеме...

Трето батали брзина на светлината, имаш квантна физика, имаш string theory... Имаш антигравитациска теорија и што е најважно сега во 2021 година излегоа две студии нови студии кое 'Warp Drive' bending space and time, полека го прават реалност за која и не треба неограничена енергија, односно втората студија годинава шпекулира дека и ние би можеле да ја собереме потребната енергија за Warp Drive во блиска иднина... Така да можеби за да патуваш 40 светлосни години ќе ти бидат потребни неколку мигови...

Тука веднаш се наметнува темата за Боб Лазар и елементот 115. Знам дека веќе навлегуваме во теории на заговор и шпекулации. Човеков од 80 ти тврди дека постои таканаречен елемент 115, кој не постои во природна форма на земјата, кој доколку е изложен на радијација креира сопствено гравитационо поле со кое го деформира времепросторот и на тој начин леталото буквално се лизга низ просторот. Како што тој објаснува самиот на поедноставен начин: Земи една кугла и стави ја на душек, на некое растојание пред куглата со тупаница стисни го душекот и куглата ќе почне да се тркала кон вдлабнатината. Куглата е леталото, тупаницата е гравитационото поле кое прави дисторзија на времепросторот, душекот е времепросторот. Не тврдам дека е во право или дека не лаже но поради човеков Area 51 стана позната, после неговото сведочење дека во доцни 80 ти работел на reverse engineering на вонземјански летала и дека САД во тој момент поседувале 9 летала кои не биле изградени на земјата, а дека најверојатно биле археолошки пронајдоци.

Еве го најновиот документарец со него

има и интересно гостување кај Џо Роган

Човеков во моментов се бави со научна работа, а меѓудругото и со тргување со радиоактивни материјали. Еве му го вебсајтот на фирмата :)

Инаку кога сме кај елементот 115, ФБИ наводно неколку пати му прави претрес на домот пошто се верува дека во периодот кога работел на тајниот државен проект успеал да им го украде елементот 115, за што не сакаше да збори во документарецот. Ова е слика од последниот претрес

1621825647109.png

кој му е направен ден по правењето на интервјуто за документарецот, за што официјалното објаснување на ФБИ е дека Боб Лазар наводно продавал радиоактивен елемент талиум кој бил во посед на одреден научник кој починал откако бил изложен на елементот или така нешто.
 
Прегледај го приврзокот 296091

кој му е направен ден по правењето на интервјуто за документарецот, за што официјалното објаснување на ФБИ е дека Боб Лазар наводно продавал радиоактивен елемент талиум кој бил во посед на одреден научник кој починал откако бил изложен на елементот или така нешто.
Сум го гледал документарецот го има на Нетфликс продуциран и режиран е од Џереми Корбел.

Заедно гостуваат кај Џо Роган токму на инсистирање и посредништво на Џереми Корбел кој пак е човекот што ги ликна последните две видеа од Морнарицата и пред некој ден кажа дека има уште снимки и материјали и дека има нешто ново токму од Боб Лазар...

Боб Лазар на повеќе пати го има објаснувано принципот на анти-гравитација и како се движат тие летала според тоа што го работел во С4 базата...

Некои што не се упатени во неговата сторија ќе кажат зашто не го репродуцира тоа летало ако толку знае, ако е научник и ако стварно работел таму?

Одговорот е малку покомплициран:
1) Според неговото кажување има повеќе такви летала, видел неколку различни во хангарите до кои му бил строго забранет пристап, има многу луѓе што работат на нив но само на одреден дел со цел да не ја добијат целата слика, поделено е како мозаик. Боб Лазар работел само на еден дел од антигравитацискиот погон на долниот слој од објектот, не знае што има на другите два слоја, немал притстап ни до научниците ни до материјалите...

2) Како гориво го користат елементот 115, он збори за него уште од 90-тите, откриен е малку покасно односно од Руски научници во 2003, успеваат да го добијат атомскиот елемент со број 115 подоцна се нарекува Москвиум, Боб Лазар тврди дека тие летала користат стабилен елемент, за сега Московиум може да издржи само 0.65 секудни... Нели се шпекулира дека Боб можеби украл дел од овој стабилен елемент а можеби и не, но за сам да создаде такво летало и да покрене во воздух е невозможно, покрај тоа тој ги нема ни потребните ресурси, материјали а и знаење... Он смета дека ни војската не може да го креира леталото но знае да ги лета веќе постоечките летала до кои некако дошле (дали преку антички ископини, Розвел итн...)

Има шпекулации од 2013 дека научниците се близу до стабилизација на овој елемент

Кога сме кај Боб Лазар, иако многу не веруваат, голем дел од работите што ги кажува излегуваат точни, најсмешно е што викаа дека не работел во Лос Аламос и дека никој не го знае... Типот даде точен опис како изгледа се во базата и лабарториите, после Џорџ Кнап дојде до официјални податоци дека работел па дебанкерите го сменија наративот почнаа да викаат добро де работел ама проверувал значки за радијација, после бил механичар а не физичар бла бла бла...

А најјак факт дека Боб Лазар лажел е дека имал нелегален стриптиз клуб, како овие две работи да одат едни со други... Не смее некој што поседува стриптиз бар да има знаење во одредена област...

Има многу интересни работи за Боб Лазар ама џабе ќе ги пишувам кога никој нема да чита... :pos:
 
На propulsion и power supply работел. Реакторот/генераторот на гравитационото поле се наоѓал во централниот дел на леталото, на средното ниво, само таму и имал пристап и мислам дека само еднаш влегол во леталото. На подножјето се наоѓале појачалата на гравитационите бранови, додека на највисокото ниво претпоставува дека бил лоциран некаков навигационен систем. Според него, внатрешноста изгледала otherworldly, во ниту еден дел од ентериерот од леталото не видел прав агол. Според тоа како објаснуваше како го стартувале леталото, на генераторот се поставува некаков товар - обично некаква метална полусфера и така се активира реакторот. Успешно го летале, проблемот бил што воопшто не знаеле како работите функционираат under the hood. Според тоа што го кажа е дека не видел никакви кабли, ниту пак имало било каков извор на електромагнетно зрачење односно технологијата била borderline magic. Исто така кажа дека леталото/машината не подлежи на првиот закон на термодинамика, односно на тоа дека секоја машина има некаква загуба на енергија која се конвертира во топлинска енергија, во овој случај не детектирале никаква топлинска енергија.

Знам за московиум, само не знаев дека Руси го синтетизирале. :) Да, московиум е нестабилен изотоп на елементот 115, она што го знам е дека тие што го синтетизирале со помош на акцелератор на честички прво поразговарале со него. :) Не знам дали сега успеале да ја синтетизираат стабилната форма на елементот 115, но знам дека Боб Лазар кажа дека си ветил дека пред да умре ќе ја синтетизира стабилната форма на елементот 115 во лабораторија со соодветни услови.
 
Има огромни шанси да има многу интелигентни створења надвор од Земјава, ама шансите ние у нашиот животен век да дојдеме у контакт со нив се мали изгледа. Фермиевиот парадокс е супер објаснат у видеово (има два дела)...
Ова е подобро објаснување. Или надополнување.

Него логиката дека овие неидентификувани атмосферски феномени (како што си ги вика армијата на САД што е подобар термин од НЛО) да бидат вонземјани е многу лоша. Најпросто, доколку вонземјани сакаат да не набљудуваат ќе се погрижат да не бидат детектирани. Толку. Се останато (доколку можеме да ги детектираме) е или нелогично или смешно да се кријаат. Ќе знаевме дека се вонземјани.

Оттука, овие феномени може да се објаснат како непроучени или неоткриени сеуште атмосферски феномени или некои други феномени кои се јавуваат кај сензорите на воените авиони.
Секако, едно од најдобрите објаснувања е дека сите тие може да се објаснат како тајна воена технологија на САД, Русија итн.
 
Последно уредено:
Еве едно од подобрите видеа снимено минатата година од страна на воени пилоти во Порторико...

Ќе го постирам видеото со објаснување од страна на научници и ентузијасти кои го анализираат...

На крај влага во вода непречено без намалување на брзина, излага од вода и се дели на два еднакви обијекти...
 
Ова е подобро објаснување. Или надополнување.

Него логиката дека овие неидентификувани атмосферски феномени (како што си ги вика армијата на САД што е подобар термин од НЛО) да бидат вонземјани е многу лоша. Најпросто, доколку вонземјани сакаат да не набљудуваат ќе се погрижат да не бидат детектирани. Толку. Се останато (доколку можеме да ги детектираме) е или нелогично или смешно да се кријаат. Ќе знаевме дека се вонземјани.

Оттука, овие феномени може да се објаснат како непроучени или неоткриени сеуште атмосферски феномени или некои други феномени кои се јавуваат кај сензорите на воените авиони.
Секако, едно од најдобрите објаснувања е дека сите тие може да се објаснат како тајна воена технологија на САД, Русија итн.

Јас мислам дека нив уво ги заболе дали сме ги детектирале и не верувам дека ултимтивната цел им е да не бидат видени, туку да не направат галама со која човекот може да им стане пречка/проблем. Друго, не разбирам зошто би правеле некакви официјални посети. Тоа е исто ко ја да отидам во зоолошка кај мајмуните во официјална посета со сите протоколи.
 
Не мора официјални посети.
Едноставно, или сакаат да бидат незабележани или не. Ако е второто ќе знаевме дека има вонземјани.
Имаме само неколку набљудувања чие објаснување може да биде било што.
 
Јас мислам дека нив уво ги заболе дали сме ги детектирале и не верувам дека ултимтивната цел им е да не бидат видени, туку да не направат галама со која човекот може да им стане пречка/проблем. Друго, не разбирам зошто би правеле некакви официјални посети. Тоа е исто ко ја да отидам во зоолошка кај мајмуните во официјална посета со сите протоколи.

Доколку се работи за вонземјани, ние не би можеле да сме им пречка/проблем.
90% се работи за летала и технологија, направена на планетава, од луѓе. Зашто се криела таа технологија би требало да се најде одговор.
Виктор Шаубергер -viktor schauberger (flying model of Repulsine ), Никола Тесла, сигурно од нивните знаења нешто е постигнато. Првиов работел и за Германската војска во 2СВ, после го собрале САД, по некое време го вратиле назад во Австрија.

Птици и атмосферски дисторзии е за оние, кои слепо верувале во системот и дека не е можно да не лажеле и манипулирале.
 
Не одрекувам дека е така. Само доколку некој на планетата Земја успеал да конструира такво летало, со кое би се патувало побрзо од брзината на светлината и би го дисторзирало времепросторот, не само што тие луѓе можат да патуваат од точка А до точка Б кои меѓу себе се на растојание измерено во светлосни години, туку и би можеле да патуваат низ времето. Не знам дали се Русите, Кинезите или е некаква приватна компанија, само мене лично таа опција ми изгледа неверојатна. Да постоела таква технологија во последни 20 години, сигурно ќе се појавела, не гледам мотив зошто некој би чувал во тајност таква технологија 20 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom