Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
За големината на вселената подобро и да не се замислуваме....тоа се колосални димензии. А веројатноста дека има живот некаде out there е голема...
 
За големината на вселената подобро и да не се замислуваме....тоа се колосални димензии. А веројатноста дека има живот некаде out there е голема...

Никој не го порекнува тоа, но ние овде на змејата сме во карантин и затоа не може да има посети од други светови и цивилизации.
 
Кое? Тоа со сончевите бури? Таа плавата слика?
:)

Да, таа :)

Абе јас ќе ги погледнам ако треба, некои мислам дека ги имам гледано. Но не ми е доволен доказ тоа мене, не може да ме убеди. Од каде да знам дали ја зборат вистината!? Емисијата Na rubu znanosti ако нема такви гости кои ќе тврдат дека виделе вонземјани и ангели, нема да постои. Од каде да знам дека не е се' испланирано, за да има гледаност емисијата!?

Затоа што ако не е вистина репутацијата на тие воени лица и пилоти им е на мета. Да немало документи за истото веројатно немало ни да се појават на ТВ. Секој сака приказни од воени лица "на времето". Уште повеќе ако се со необичен карактер и тематика што не е очекувано. Ама такви приказни на ТВ ако се само анегдоти тешко дека би прошле во една емисија од (по)висок профил како "На Рубу Знаности".

Никој не го порекнува тоа, но ние овде на змејата сме во карантин и затоа не може да има посети од други светови и цивилизации.

Ако се водиш според теориите на заговор, карантинот не е за нив, туку за нас. Лошо си разбрал нешто.
 
:)





Ако се водиш според теориите на заговор, карантинот не е за нив, туку за нас. Лошо си разбрал нешто.

Па ние ќе ги заразиме нели е логички?

Ние сме овде на земјата со најдолна свест, испод нас се животните, па растенијата итн.

Таму каде што живее Господ Исус Христос свеста е на многу високо ниво.
 
Вселената е толку многу голема за целата да биде наша.100% СУМ сигурен дека таму некаде постои цивилизација. Човечката раса не е толку многу сеуште развиена во светот на технологијата.
 
get-attachment-150.jpg
 
Вселената е толку многу голема за целата да биде наша.100% СУМ сигурен дека таму некаде постои цивилизација. Човечката раса не е толку многу сеуште развиена во светот на технологијата.

Еднаш мислам дека го постирав ова -

Од сите соѕвездија, кои на целиот небесен свод ги има 89, Библијата спомнува само неколку, и тоа само два или три пати. Тоа се соѕвездијата Голема Мечка, Орион и Плејади.

Прв пат овие соѕвездија се спомнуваат во Книгата на Јов: ”Тој ги создал Големата Мечка, Орион и Плејадите и ѕвездите на јужното небо” (Јов 9,9).

Вториот текст се наоѓа во истата книга: ”Можеш ли да го врзеш јазолот на Плејадите, да ги разврзеш врските на Орион” (Јов 38,31)

Третиот текст е во книгата на пророкот Амос: ”Побарајте го Господа, кој ги создал Плејадите и Орион…” (Амос 5,8).

Ако ги споредиме разните подрачја на небесниот свод и ги рангираме според бројот на привидно најсјајните ѕвезди, подрачјето на соѕвездието Орион избива на прво место. Во тоа подрачје се сконцентрирани повеќе такви сјајни ѕвезди отколку на целото останато видливо небо.Тука е и делумно најсјајната ѕвезда Сириус. Во близина на Орион се наоѓа и особено отвореното ѕвездено јато, видливо со голо око: Плејади, исто така спомнати во Библијата. Во него се наоѓаат најсјајните и најголеми ѕвезди, Ригел и Бетелгез. Ѕвездата Ригел е 18 илјади пати посјајна од нашето Сонце!
 
@Шкорпион

Претпоставувам, според тебе, Берик и остала банда, тоа што го гледате на сликата (а еве ја оригиналната) претставува вселенски брод со вонземско потекло, кој се доближил до сонцето за да наполни гориво, користејќи ја сончевата енергија.

Сега веројатно очекуваш да ти одговорам дека јас гледам обична сончева експлозија на сликата, а не НЛО. На тоа веројатно би ми реплицирал дека не е тоа сончева експлозија, бидејќи сончевите експлозии на сликата се претставени со светла боја, а не темна. ОК. Еве јас што мислам и како гледам на тоа:

Јас гледам активност, исфрлање на маса од короналните дупки (темните области) на сонцето. Доколку ги разгледаме оригиналните слики кои ги направила НАСА, ќе забележиме дека на повеќето слики исто така може да се забележат "НЛО-а", но во различна форма:

http://img.im/i/ba22xb
http://img.im/i/uhj3m7
http://img.im/i/yi2cp7
http://img.im/i/fbs34q
http://img.im/i/jko3b5
http://img.im/i/g1sz3d
http://img.im/i/c1irl5

Еве и видео. Долу лево може да се забележи иста таква активност на сонцето.
 

Библијата ги предупредува христијаните да се чуваат од лажни учења и „вонземни“ измамливи духови, кои ќе се појават во последните денови: Духот јасно зборува дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата, обрнувајќи внимание на измамливи духови и ѓаволски учења“(1 Тимотеј 4:9).
На друго место пишува: „Тоа е сатанското дејствување со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда, и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат.И затоа Бог ќе дозволи моќна илузија (дејност) за да ј веруваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината“(2 Солунците 2:9-12).
Изнесувајќи ги концизно сите овие факти, многу христијански истражувачи веруваат дека феномените за НЛО се лажните знаци и чуда и моќната заблуда од демонските сили, кои ќе бидат прифатени од оние што одбиваат да веруваат во евангелието.
 
Добро да, не викам не, но секој втор има мобилен со 10 - 15 MP камера со оптичка стабилизација. Барем на 5% од сликите и видеата ќе се видеше нешто поконкретно. Едноставно нема логика.
Eдно од објаснувањата е дека немаме технологија за снимање која точно може да ги сними односно распореди пикселите ради радијацијата што ја испушта самото летало, имаше еден пример кај што во темна соба се снима радијација од рентген снимка на која што резултат е сличен (пикселите се прикажуваат во различни области и ја дисторзираат сликата), друго објаснување е дека леќата не го фаќа добро објектот ради форс шилдот. Башка треба да се земе фактот дека и самиве телефони колку и да имаат добра камера при појак зум сликата не е чиста освен ако објектот не е во близина а сите знаеме дека повеќето од документираните случаеви се високо на небото.
 

Проблемот со Ферми е што е застарен концепт кој не може сериозно да се примени во пронаоѓање одговори на таа тема затоа што истите мораат да бидат произволни и се премногу субјективни. А науката мора да биде, нели, објективна? Слична приказна и со Дрејковава равенка, не знам зошто многумина се уште ја користат во обид да докажат нешто кога истата е пак само одраз на веќе оформени мислења и ставови пренесени низ призма на умствена вежба како алатка.
 
Научник пред самата смрт објавил дека 18 вонземјани работат во американската влада - еве линк од страната на која е објавена веста -> http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=52656
а еве и линк од видеото у случај да не го отвара на страната -> https://www.youtube.com/watch?v=aZTXHw1mZD4
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom