Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
deneska vo 2 00h nedela 19 septemvri i jas gi vidov istite 4 gorcki ognovi nad Strumica!I ne samo jas!Isto i mojata i familijata na brat mi!
 
Како прво поздрав до сите.Еве го и моето мислење за НЛО јас мислам дека постојат,а и ми се има случено да видам т.е. не бев сам бевме негде околу 10 души од маало.Е сега вака тоа беше негде пред околу 15 години како седевме на улица сите одеднашка погледнавме кон небото инаку беше негде околу 21 часот и видовме 7 црвено-жолти топки од кои едната беше поголема и се движеа лево десно со голема брзина и после едно 5 минути се споија и исчезнаа исто така со голема брзина.И до ден денеска не ми е јасно што сме виделе тогаш ,али ја мислам дека тоа беше НЛО. А имам читано на еден сајт дека големите сили редовно остваруваат контакт со нив и дека целата нова технологија е всушност од нив,а ја даваат како замена за човечки животи кои ги искористуваат за свои потреби.
 
А имам читано на еден сајт дека големите сили редовно остваруваат контакт со нив и дека целата нова технологија е всушност од нив,а ја даваат како замена за човечки животи кои ги искористуваат за свои потреби.

И јас мислам така,дека новава технологија е всушност од *нив*.
 
Според мене не верувам дека постои НЛО или некакви вонземјани .....пред се заради тоа што не е возможно за живеење освен на земјата!
 
А имам читано на еден сајт дека големите сили редовно остваруваат контакт со нив и дека целата нова технологија е всушност од нив,а ја даваат како замена за човечки животи кои ги искористуваат за свои потреби.

Веднаш да престанеш да читаш такви сајтови, не е добро, делува на начинот на размислување.
 
Да сигурен сум дека делува но позитивно пошто има луѓе кои цел живот се занимаваат со оваа проблематика,а има и луѓе кои цел живот се задолжени да ја прикриваат вистината:tv:
 
Да сигурен сум дека делува но позитивно пошто има луѓе кои цел живот се занимаваат со оваа проблематика,а има и луѓе кои цел живот се задолжени да ја прикриваат вистината:tv:

А ти овие информации ги доби од луѓе кои се занимаваат цел живот со оваа проблематика и ти гарантираа за ова претпоставувам...Вакви муабети имам слушнато ама far away from the tryth...ако има некој кој поверувал во ова навистина ке се потрудел барем да го открие ова целосно и да му го претстави на светот...



Според мене не верувам дека постои НЛО или некакви вонземјани .....пред се заради тоа што не е возможно за живеење освен на земјата!

Сонцето е една од помалите звезди што значи има многу поголеми од него и има уште многу како него и има многу шанси да настанал живот некаде на друго место...(според науката).Можеби нема услови и животни видови како на земјата ама можеби има некакви други видови кои настанале според тамошните услови....
 
ако има некој кој поверувал во ова навистина ке се потрудел барем да го открие ова целосно и да му го претстави на светот...


А ти мислиш дека никој не пробал да ја изнесе вистината пред светот,знаеш колку луѓе кои пробале ова да го докажат едноставно изчезнале од лицето на земјата.Уствари секој си има свое мислење така да нема што да се докажуваме ти верувај во што сакаш твое право.
 
Што да направиш во случај да си првиот што стапил во контакт со вонземјани?

Интересен водич што да правите во случај на прв контакт: :))

Многу историчари се слoжуваат дека најважниот момент во целата историја на човештвото, е моментот кога ќе дознаеме дека не сме сами, т.е. кога ќе сретнеме вонземско интелигентно битие. Нема сомнеж дека оттогаш годините ќе се бројат како „пред контакт“ и „по контакт“, наместо сегашното пред Христос и после. Човекот што ќе биде прв кој ќе стапи во контакт со овие битија, ќе биде славен и запаметен низ целата историја на човештвото, ќе остане во меморијата на сите цивилизации се додека постои човечкиот род. Ова ќе е моментот кој ќе го дефинира човештвото.

Иако се мали шансите од 6 и кусур милијарди баш тебе да те одберат да бидеш „гост“ во вселенскиот брод на суштествата кои поминале илјадници светлосни години за да видат што се случува на синиот камен, корисно е да го прочиташ следново упатство, за секој случај...

Линк до целиот текст
 
Поранешни американски воени пилоти тврдат дека уште од 1948-та вонземјаните надлетуваат над нуклеарните постројки во САД и Британија и го деактивираат нуклеарното оружје а властите се обидуваат оваа работа да остане тајна.

Капетан Роберт Салас, кој заедно со уште шест други лица, решиле да проговорат за случувањата, истакнува дека “американската авијација лаже во врска со ова прашање“ и дека тој може тоа да го докаже.

“Ние едноставно, зборуваме за неидентификувани летачки објекти, или НЛО, како сакате,“ изјавил Салас, додавајќи дека за прв пат видел таков објект на 16-ти март 1967-та, во Воената база Малмстор во Монтана.

“Бев на должност кога еден објект се приближи и лебдеше над базата. Нуклеарните проектили беа `соборени.` Истото се случи на друга постројка една недела подоцна. Постои голем интерес за нашите проектили кај овие објекти, од каде и да доаѓаат. Јас лично мислам дека не се од Земјата,“ рекол Салас.

Полковникот Чарлс Халт пак тврди дека видел НЛО над една од неколкуте бази во Британија каде се држат проектили, близу Ипсвич. Тој случајот го забележал пред 30 години, кога наводно, најпрво здогледал објект што испуштал зраци светлина врз базата а потоа на военото радио слушнал дека вонземјаните слетале во нуклеарното складиште.

“Верувам дека безбедносните служби, и во САД и во Британија, се обидуваат да го оттргнат вниманието и да го намалат значењето на она што се случи во базата RAF Bentwaters со добро познатите методи на дезинформација,“ посочил Халт.

Ваквите тврдења поранешните офицери од САД и Британија имаат намера да ги презентираат на средба во Вашингтон, поткрепувајќи ги со декласифицирани владини документи, како и сведоштва на 120 поранешни или пенизонирани воени службеници кои укажуваат на вонземска интервенција во нуклеарните постројки во САД и во 2003-та. Поранешните офицери ќе побараат од властите да потврдат дека вонземјаните одамна ја посетуваат планетава.

извор
 
Гледајте го филмов на оваа тематика, шокантна исповед за инцидентот со НЛО во Росвел. Типичен пример за тоа како Америка го прикрива постоењето на НЛО, (deny everything) правен е спoред вистинска приказна и е барем 90% прецизен! одличен филм во режија на Jeremy Kagan.

 
Гледајте го филмов на оваа тематика, шокантна исповед за инцидентот со НЛО во Росвел. Типичен пример за тоа како Америка го прикрива постоењето на НЛО, (deny everything) правен е спoред вистинска приказна и е барем 90% прецизен! одличен филм во режија на Jeremy Kagan.

Може пак да си го гледам :)
Добар е стварно , сега колку % е вистинска приказна ..... незнам , ама добро филмче е.
 
Биди сигурен дека е вистинска приказна.

:) Може да е , имам гледано нешто на нет и читано , ама неможам да тврдам .
Како и за ништо друго на планетава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom