Поранешни американски воени пилоти тврдат дека уште од 1948-та вонземјаните надлетуваат над нуклеарните постројки во САД и Британија и го деактивираат нуклеарното оружје а властите се обидуваат оваа работа да остане тајна.
Капетан Роберт Салас, кој заедно со уште шест други лица, решиле да проговорат за случувањата, истакнува дека “американската авијација лаже во врска со ова прашање“ и дека тој може тоа да го докаже.
“Ние едноставно, зборуваме за неидентификувани летачки објекти, или НЛО, како сакате,“ изјавил Салас, додавајќи дека за прв пат видел таков објект на 16-ти март 1967-та, во Воената база Малмстор во Монтана.
“Бев на должност кога еден објект се приближи и лебдеше над базата. Нуклеарните проектили беа `соборени.` Истото се случи на друга постројка една недела подоцна. Постои голем интерес за нашите проектили кај овие објекти, од каде и да доаѓаат. Јас лично мислам дека не се од Земјата,“ рекол Салас.
Полковникот Чарлс Халт пак тврди дека видел НЛО над една од неколкуте бази во Британија каде се држат проектили, близу Ипсвич. Тој случајот го забележал пред 30 години, кога наводно, најпрво здогледал објект што испуштал зраци светлина врз базата а потоа на военото радио слушнал дека вонземјаните слетале во нуклеарното складиште.
“Верувам дека безбедносните служби, и во САД и во Британија, се обидуваат да го оттргнат вниманието и да го намалат значењето на она што се случи во базата RAF Bentwaters со добро познатите методи на дезинформација,“ посочил Халт.
Ваквите тврдења поранешните офицери од САД и Британија имаат намера да ги презентираат на средба во Вашингтон, поткрепувајќи ги со декласифицирани владини документи, како и сведоштва на 120 поранешни или пенизонирани воени службеници кои укажуваат на вонземска интервенција во нуклеарните постројки во САД и во 2003-та. Поранешните офицери ќе побараат од властите да потврдат дека вонземјаните одамна ја посетуваат планетава.
извор