Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.741 78,9%
  • Не

    Гласови: 465 21,1%

  • Вкупно гласачи
    2.206
Еј да. И баш е скроз интересна таа идеја дека првиот контакт би бил детектирање некаков сигнал нели. И мислам дека ова е многу пореалистично сценарио со оглед на растојанијата.

У врска со Ферми, па да, си у право. Парадоксот треба да се гледа у временска рамка на нашите технолошки можности. Стварно сме кратко време у состојба да испраќаме сигнали шо би можеле да бидат детектирани од некоја друга цивилизација. А и тоа шо сигналот стигнал до некоја точка, не значи дека е доволно силен нели, за некој таму да го регистрира. Али, пак ми останува некако отворено прашањето зошто. Пошо, не е исто да не сме примиле сигнал и да не сме у состојба да го препознаеме сигналот као нешо вештачко.

И Војаџер 2 е у меѓуѕвездие. Од 2018. Војаџер е добар пример за нашите досегашни можности, али не ја исклучува можноста за она шо у иднина, би можеле теоретски да го постигнеме. Има некои концепти као ласерски потиснати светлосни едра. (Breakthrough starshot). Предложена цел е брзина од околу 20% мислам, од брзината на светлината. Скроз секако, ова е само фаза на концепт, а не реализирана технологија. Али, не е само брзината. Има уште еден технолошки предизвик тука, шо е и можеби поголем проблем, а тоа е начинот да се успори.

Проксима Б е у погодна зона. Да потенцирам сакам тука, ова значи уствари, опсегот на растојанија од една ѕвезда, меѓу нејзината внатрешна и надворешна граница, у кој планетата би можела да има услови за постоење течна вода на површината, ако за тоа нели има соодветна атмосфера.

Да речеме, чисто хипотетички, три планети се у погодна зона. Првата нема вода. Втората има вода али не е течна, пошо нема нели атмосферски притисок за тоа. И третата, има вода и атмосфера шо овозможува течна вода. Сите три се у погодна зона, али условите им се различни.

И баш ова кај Проксима Б е интересното. Орбитата е у погодна зона. Ама е проблем активноста на самата ѕвезда. Што пак, ме носи до истото прашање. Ние скроз можеме да знаеме дека планета постои, да ја процениме нели нејзината маса и орбита, па дури и да утврдиме колку енергија добива од својата ѕвезда. И пак да неаме појма дали има атмосфера, вода или живот.
Автоматски споено мислење:

Види сеа. Теорија у науката, не е непроверена претпоставка. Пошо сеа и јас скроз можам да кажам дека теорија на гравитација е само тоа, теорија нели, али нема да рипнам од петти кат. :) Да не ги мешаме значењата од различни аспекти.

Моделот на Биг Бенг, е досеа најдобро поткрепено научно објаснување за развојот на раниот универзум. Со многу докази, ко ширење на универзумот на пример, космичко микробраново позадинско зрачење и застапеност на лесни елементи.

Апсолутно е точно дека ги глеаме галаксиите какви шо биле пред милиони години. Нема дискусија тука, е факт! Али не е аргумент против космологија, пошо скроз напротив, набљудувањето на светлината шо патувала милијарди години ни овозможува да го проучуваме минатото на универзумот.

У центарот е супермасивна црна дупка. Некогашна хипотеза, а денес веќе иаме докази за нејзиното постоење и нејзината околина е детално проучувана.

Колку галаксии и црни дупки има, е валидно прашање шо вреди да се постави ама скроз. Иаме проценки ние, али не и попис нели. :) Тоа шо не знаеме точен број, не го оспорува она шо веќе го знаеме. Значи не е дека секој заклучок е конечен или шо знам, дека иаме одговор на секое прашање. Да, има простор за нови докази, преиспитување или корекции. Али, има огромна разлика меѓу нешо шо уште не го знаеме и нешо за кое веќе иаме прилично силни докази.

Во 1930-ти години кога Субрамањан Чандрасекар ги окрил црните дупки (концепт) и пресметал дека една голема таква е во центарот на галаксијата, германски окултисти ја прогласиле црната дупка за анти-сонце т.е. Шварце зоне или црното сонце и направиле соодветен симбол пред кој се клањале за време на ритуалите во Вевелсбург. :icon_lol:Тоа биле СС, во Вермахтот немало такви глупости.
 
Ич немаш забегано,
Уште те нема стигнато...
Автоматски споено мислење:

нема да рипнам од петти кат
И од повисоко да рипнеш теорија никогаш не може да биде закон освен смешна претпоставка. Тоа што ќе рипнеш од петти само значи дека твојата тежина ќе биде потешка од воздухот и затоа ќе паѓаш надолу а не дека постои некаква си „гравитација". За балонот со хелиум друг пат ќе разговараме... Туку постои ли воопшто горе и долу во хелиоцентризмот? Да не излезе дека кога ќе рипнеш од петти да полеташ наместо да паѓаш... :pos:
Автоматски споено мислење:

дека теорија на гравитација е само тоа, теорија нели, али нема да рипнам од петти кат. :) Да не ги мешаме значењата од различни аспекти.
Па да како можеш воопшто да рипнеш во хелиоцентризмот така ја побиваш твојата „гравитација"? Си размислувала за тоа?
 
Последно уредено:
Во 1930-ти години кога Субрамањан Чандрасекар ги окрил црните дупки (концепт) и пресметал дека една голема таква е во центарот на галаксијата, германски окултисти ја прогласиле црната дупка за анти-сонце т.е. Шварце зоне или црното сонце и направиле соодветен симбол пред кој се клањале за време на ритуалите во Вевелсбург. :icon_lol:Тоа биле СС, во Вермахтот немало такви глупости.
Па да. Прво теоретска можност, па набљудувања, проверлива хипотеза и нели, крајот го пролепшава делото, добиваме докази.

Е сеа, јас иам малку поинакви информации за почетната теоретска можност и мислам дека приказната почнува уште у 1916 година, со решението на равенките на Ајнштајн. (Општа теорија на релативност).

Математички е опишан објект со толку силна гравитација шо, по преминување на одредена граница, ни светлината не би можела да избега.

После нели доаѓа ова шо го пишуваш ти, Чандрасекаровиот лимит. Значи максимална маса до која бело џуџе може да остане стабилно. (Ова не значи дека секое бело џуџе шо ќе ја надмине границата, станува црна дупка). Многу е важно ова, пошо помага да се разбере како масивните ѕвезди можат да завршат со гравитациски колапс.

Па следуваат теоретски модели за масивни црни дупки у галактички јадра, набљудувања на Sagittarius A* и следење на орбитите на ѕвездите околу неа. И така, од математичко решение иаме објект за чие постоење денес иаме силни докази.

А веројатно праиш и интересна историска асоцијација, шо озбилно не ја знам. :)

Мала дигресија сеа. Ја најдов и темата шо ја имаш отворено еј. Сакам да ти кажам сеа, да не ме сконташ погрешно ама, мислам дека воведниот дел ја насочува дискусијата малку у поинаков правец. Личи ко фокусот да е на искуства со психоактивни супстанци и мислам дека ради тоа одговорите идат у таа насока.

А стварно има многу потенцијал. Може да се пишува за истражувања на изменета состојба на свеста, перцепција, интроспекција, луцидни соништа, медитација, субјективно доживување и објективна потврда... Има тука нели, многу интересни прашања и од научен и од филозофски аспект.
 
Wunderbar :)

Клучот на се е во перцепцијата. Вакви какви што сме мораме да се потпреме на машините и супстанците за отварање на вратата на перцепцијата. Таа е сега малку подотворена таман да се видат некои обриси во далечината но има уште океани кои треба да се преминат.
Па може да се каже дека сум ја отворил темата упатувајќи на психоактивни супстанци но тие се најбрз и најсигурен начин да се дојде до ново искуство. За жал во оваа средина луѓето не се сеуште спремни за таква дискусија, било кој да потегне нешто во тој правец е џанак на кој му виси шприц од разјадените вени...
Паметам кога за прв пат дознав за Event Horizon и што тоа значи, некаде околу 2000 година кога имав некои 20тина години и нетот беше достапен во интернет кафеа. Не знам зошто но самото спознание ме направи необично среќен иако нема рационална причина за тоа. Постоеше СФ филм со тој наслов во девеесетти па така изразот ми беше интересен.

Друга ствар ме интересира што мислиш, евентуална вонземска врста, за да премине раздалечини мерени во СГ или некој шорт кат како во Контакт, би требала да биде на несватливо ниво на технолошки развој а судејќи према тоа ниво, веројатно и општествен систем далеку понапреден, порационален од овие кај нас.
Зошто воопшто некоја супериорна врста би сакала контакт со некакви варвари кои сеуште се масакрираат помеѓу себе? Сметам дека ниту една вселенска врста не би имала мотив за комуникација со нас. Тоа ми е најголема препрека да верувам во УФО појавите, мотивот.
 
Back
На врв Bottom