Со оглед на големината на универзумот, ми изгледа прилично самоуверено да претпоставиме дека сме единствената форма на интелигентен живот. Шо знам. Али истовремено, фасцинантно е колку лесно, отсуство на докази се заменува со приказни за тајни бази, владини заговори и киднапирања.
@callejón de la muerte aко почнеме да претпоставуваме дека секој што шири дезинформации е платен од некоја тајна агенција, само сме создале уште една теорија на заговор. Што пак, бара докази.
Скептицизмот е скроз ок. Само мислам дека треба да важи во сите насоки, а не само за официјалните верзии на настаните.
Како уствари се прави разлика меѓу намерно пласирана дезинформација и нечија искрена, али погрешна убеденост? И уште поважно, што е доволно силен доказ за да ја прифатиме едната или другата можност?