Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
Абе овие медиумите што изјавуваат јас не верувам ни малку ви реков на овој на бугарската ТВ БТВ во шоуто на Славеј една стара баба била гостинка и рекла дека таа разговара со вонземјани и дека ја посетуваат дома ..
Хм, е тоа не го верувам, типично не верувам на шоуа кои прават се за да дојдат до популарност и до гледаност. Славејот ќе каже дека земјата е плоча што ја влечат китови ако би му донесло гледаност.
 
Епа и ја не верувам само ти реков оваа и слики покажуваше.. И ја прашаа зошто не се појават на другите луѓе и она рекла дека се плашат да не ги нападнеме бидејки можеле за 2 сек да ја снема нашата планета .,...
 
ЛУЃЕ...... зашо само кај американцине има нло а тука нема?
и ти правесе муабет со тие вонземјаните шо знаеш дека ке ни ја снемало земјата за 2 сек???????
 
И ја секој ден гледам НЛО. Немам поима на кого е леталото, за мене е НЛО.
 
За тие кои виделе НЛО:

RFZ1.jpg
 
Епа и ја не верувам само ти реков оваа и слики покажуваше.. И ја прашаа зошто не се појават на другите луѓе и она рекла дека се плашат да не ги нападнеме бидејки можеле за 2 сек да ја снема нашата планета .,...


Не ти ја сваќам баш реченицата се плашат ние да не ги нападнем а они можеле за 2сек да ја уништат(снема) нашата планета:uvo:
 
Таа бабата најверојатно била дрво-пијана или нафурана на LSD па и се гледало којзнае што... Ако веќе не посетиле вонземјани, нема со кого, па ќе контактираат со некојаси сенилна баба од Бугарија. И на кој јазик комуницирале? Бугарски ???
Којзнае какви искуства имаат разменувано :D:D:D Можеби ги има учено да плетат :)
 
хахаха абе јас ви реков што гледав сеа и реков дека не верувам..
 
абе откај знаеш... ќе видиш утре бугарине ќе "ископаат" докази демек потекнуваат од некојаси напредна вонземска цивилизација :):):)
 
Текстот што следи е преземен од точка, колку е вистинит нема потврда, но со оглед на зачестеноста на настаните вредеше да го пишам тука...

Полициски хеликоптер нападнат од НЛО
Изненадените полицајци се фрлиле во лов на непознат летечки објект по што го нападнал нивниот хеликоптер во близина на воената база.

Непознато летало го нападнал воениот хеликоптер, а потоа трочлената посада започнала да го брка.

Пилотот на хеликоптерот вешто го избегнал ударот и започнал да го брка леталото, нешто слично како што можеме да видиме на акционите филмови. Сепак биле приморани да се откажат од бркањето бидејќи хеликоптерот останал без гориво.

Сите тројца членови на екипажот го опишале непознатиот објект како летечка чинија. Случајот на крај бил предаден на британските истражувачи на НЛО.

Инцидентот се случил кога хеликоптерот се враќал во воената база St. Athan во близината на Кардиф, од каде што полетал. Бил на висина од околу 152 метри, чекајќи да се спушти. Во тој момент посадата видела како НЛО со голема брзина се движи кон нив.

Еден очевидец изјавил: "Им се приближуваше со голема брзина. Одеше директно во нив."

"Хеликоптерот морал нагло да заврти за да го избегне ударот. Момците објасниле дека сигурно би биле мртви доколку останеле на истото место. Тоа би бил кобен удар. Тие се уверени дека стануа збор за НЛО, можеби звучи смешно но тоа е најреалната вистина."

"По избегнувањето на ударот се одлучиле да го следат непознатото летало и да откријат за што станува збор. Летале преку Бристолскиот канал во потрага по леталото. Тоа било пребрзо за нив. На крај морале да се вратат во базата бидејќи снемале гориво", додава очевидецот.

Хеликоптерот бил опремен со висока технологија и најмодерни камери кои сепак не успеале да го снимаат НЛО објектот.

Посадата на објектот не можела да гледа со ноќните сензори бидејќи биле блокирани. Но најбитно од се е дека човековото око не греши.

Полицијата изјавила: "Можеме да потврдиме дека посадата на хеликоптерот имала блиска средба со непознат објект. Извештајот е испратен до НЛО стручњаците и истрагата е во тек."

Интересен е податокот дека во последно време се повеќе воени летала имаат блиски средби со НЛО објекти. Дали третата светска војна ќе стане првата вселенска војна, останува да видиме.
Морам да речам многу глуп коментар за крај... типично за нив.... само што мое мислење е дека зачестеноста на настаниве може да се протолкува сосема поинаку, со се помасовните појави можеби еден ден и "официјално" ќе го доживееме првиот контакт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom