Полициски хеликоптер нападнат од НЛО
Изненадените полицајци се фрлиле во лов на непознат летечки објект по што го нападнал нивниот хеликоптер во близина на воената база.
Непознато летало го нападнал воениот хеликоптер, а потоа трочлената посада започнала да го брка.
Пилотот на хеликоптерот вешто го избегнал ударот и започнал да го брка леталото, нешто слично како што можеме да видиме на акционите филмови. Сепак биле приморани да се откажат од бркањето бидејќи хеликоптерот останал без гориво.
Сите тројца членови на екипажот го опишале непознатиот објект како летечка чинија. Случајот на крај бил предаден на британските истражувачи на НЛО.
Инцидентот се случил кога хеликоптерот се враќал во воената база St. Athan во близината на Кардиф, од каде што полетал. Бил на висина од околу 152 метри, чекајќи да се спушти. Во тој момент посадата видела како НЛО со голема брзина се движи кон нив.
Еден очевидец изјавил: "Им се приближуваше со голема брзина. Одеше директно во нив."
"Хеликоптерот морал нагло да заврти за да го избегне ударот. Момците објасниле дека сигурно би биле мртви доколку останеле на истото место. Тоа би бил кобен удар. Тие се уверени дека стануа збор за НЛО, можеби звучи смешно но тоа е најреалната вистина."
"По избегнувањето на ударот се одлучиле да го следат непознатото летало и да откријат за што станува збор. Летале преку Бристолскиот канал во потрага по леталото. Тоа било пребрзо за нив. На крај морале да се вратат во базата бидејќи снемале гориво", додава очевидецот.
Хеликоптерот бил опремен со висока технологија и најмодерни камери кои сепак не успеале да го снимаат НЛО објектот.
Посадата на објектот не можела да гледа со ноќните сензори бидејќи биле блокирани. Но најбитно од се е дека човековото око не греши.
Полицијата изјавила: "Можеме да потврдиме дека посадата на хеликоптерот имала блиска средба со непознат објект. Извештајот е испратен до НЛО стручњаците и истрагата е во тек."
Интересен е податокот дека во последно време се повеќе воени летала имаат блиски средби со НЛО објекти. Дали третата светска војна ќе стане првата вселенска војна, останува да видиме.