Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.741 78,9%
  • Не

    Гласови: 465 21,1%

  • Вкупно гласачи
    2.206
Тоа е главниот проблем за нас а главната алатка за тие што ги кријат информациите.

Има сценарио каде што некоја вистина ти е презентирана од човек што изгледа или навистина е нестабилен и некако не можеш да го земеш сериозно или тешко ќе ги прифатиш информациите.

Од другата страна, стабилен и убедлив човек полесно ќе те убеди нешто што никако не ти е логично иако дел од мозокот ти е запален и аларми свират дека тоа што ти се презентира не е точно.

Мојата стратегија е дводелна.
Ако доаѓа од "Underground" или "Not mainstream" извори ги гледам како можно е да се вистина, да видиме дали не се точни.
Ако доаѓа од влада или "Mainstream" извор тогаш очекувам да не е точно и гледам да видам дали е точно.

На крај, не можеш да бидеш паметен...
Многу валидна забелешка за субјективната проценка на изворите у првиот дел. Али, у вториот дел, веќе користиш различен третман на изворите, зависно дали се mainstream или underground, нели. Што ми е малку контрадикторно у однос на првиот дел.

Значи, ако однапред тргнуваш од претпоставката дека mainstream изворите не ја кажуваат вистината, а на алтернативните извори им даваш предност, нели, за можноста да се точни, не мислиш дека применуваш пристрасен пристап само во обратна насока?

Пошо види, ако двете страни ги проверуваме со различни критериуми, како воопшто би биле сигурни дека не ја потврдуваме сопствената почетна претпоставка? Поважно е што ја поткрепува информацијата, отколку од каде таа доаѓа.

Мене ми е иначе, некако поблиска идејата дека ниту изворот ја прави точна, ниту нечија убеденост ја прави неточна.
 
Со оглед на големината на универзумот, ми изгледа прилично самоуверено да претпоставиме дека сме единствената форма на интелигентен живот. Шо знам. Али истовремено, фасцинантно е колку лесно, отсуство на докази се заменува со приказни за тајни бази, владини заговори и киднапирања.

@callejón de la muerte aко почнеме да претпоставуваме дека секој што шири дезинформации е платен од некоја тајна агенција, само сме создале уште една теорија на заговор. Што пак, бара докази.

Скептицизмот е скроз ок. Само мислам дека треба да важи во сите насоки, а не само за официјалните верзии на настаните.

Како уствари се прави разлика меѓу намерно пласирана дезинформација и нечија искрена, али погрешна убеденост? И уште поважно, што е доволно силен доказ за да ја прифатиме едната или другата можност?
Не е теорија на заговор само хипотеза со доза на хумор, пошто сите теории на урота кажуваат дека официјалните власти во државите не биле главни туку само кукли со кои маневрирале владарите од сенка, познати како ТИЕ, комитетот 300, илуминати, непознати светски моќници а ние сме беспомошни.
 
Со оглед на големината на универзумот
Кај виде колку е голем и што е тоа универзум?
aко почнеме да претпоставуваме дека секој што шири дезинформации е платен од некоја тајна агенција,
А кој ги создал тие тајни агенции? И зошто мислиш дека другата страна меинстримот ја кажува вистината?
Како уствари се прави разлика меѓу намерно пласирана дезинформација и нечија искрена, али погрешна убеденост? И уште поважно, што е доволно силен доказ за да ја прифатиме едната или другата можност?
Самото прашање ти е и одговор. Дел од вистината се меша со лажни информации за да не се дознае што е вистина а што е лага ништо ново...
 
Кај виде колку е голем и што е тоа универзум?

А кој ги создал тие тајни агенции? И зошто мислиш дека другата страна меинстримот ја кажува вистината?

Самото прашање ти е и одговор. Дел од вистината се меша со лажни информации за да не се дознае што е вистина а што е лага ништо ново...
Проценетиот дијаметар на универзумот шо може да се набљудува е околу 93 милијарди светлосни години. Акцент на она шо може да се набљудува. Има уште многу шо не го знаеме.

Не знаев дека треба да ја посетам секоја галаксија лично, за да знам дека постојат спектрални мерења и космолошки модели врз основа на кои се проценуваат растојанија и димензии.

Не би требало да се користи можноста за манипулација како доказ дека манипулација навистина постои во секој конкретен случај.

Ниту тврдам дека мејнстримот секогаш ја кажува вистината, ниту дека секоја информација надвор од него е дезинформација. Истите критериуми за проверка треба да важат за сите, реков. Без разлика на изворот, нели.

А сега, што точно оспоруваш? Научните методи со кои се доаѓа до тие проценки, самите проценки или можноста воопшто да иаме сознанија за нешо шо не сме го набљудувале, шо знам, непосредно? Оти тоа се три различни работи.
 
Ништо од ова не може да се докаже практично.
Проценетиот дијаметар на универзумот шо може да се набљудува е околу 93 милијарди светлосни години.
Што значи „околу 93 милијарди светлосни години"? Дека не може прецизно да се измери? Кој може да го провери тоа како точен податок? Дали си свесна дека една светлосна година има 9.460.730.472.580 km и дека тоа растојание не можеш да си го замислиш а па камоли да се измери ?
 
Ништо од ова не може да се докаже практично.

Што значи „околу 93 милијарди светлосни години"? Дека не може прецизно да се измери? Кој може да го провери тоа како точен податок? Дали си свесна дека една светлосна година има 9.460.730.472.580 km и дека тоа растојание не можеш да си го замислиш а па камоли да се измери ?
Чекај, полека. Мешаш неколку различни работи.

Скроз ко за почеток, мешаш директно мерење со физичка мерна единица, научно пресметување врз основа на набљудувања и модели и уел, апсолутна прецизност наспроти приближна проценка.

Пошо види, никој не тврди дека некој го измерил универзумот со метар еј, ниту дека бројката е апсолутно точна до последниот километар. Затоа е муабетот околу 93 милијарди светлосни години.

Се работи за проценетиот дијаметар на универзумот шо може да се набљудува, пресметан врз основа на космолошки набљудувања, црвено поместување, ширење на универзумот и други космолошки параметри.

А тоа шо растојанието е незамисливо големо за нас, ама ич не значи дека не може научно да се процени. Не мора нешо лично да измериме или шо знам, да можеме да го визуелизираме за да иаме метод со кој ќе го испитаме.

А, ако под практичен доказ подразбираш директно физичко мерење на целото тоа растојание, тогаш поставуваш услов шо ама ич не е неопходен за да има научна проценка. Прашањето е дали методологијата, набљудувањата и моделите се проверливи, а не дали некој физички го поминал тоа растојание со метар.
 
Затоа е муабетот околу 93 милијарди светлосни години.
Истиот муабет е и со староста на т.н. „универзум". Што мислиш дали прецизно се знае од кога е создаден „биг бенг" или дека е УЕЛ отприлика проценето? И како може да се докаже?

Прашањето е дали методологијата, набљудувањата и моделите се проверливи
Прашањето е дали воопшто постои таква методологија и на кој начин може да се докаже практично самото мерење.
 
Истиот муабет е и со староста на т.н. „универзум". Што мислиш дали прецизно се знае од кога е создаден „биг бенг" или дека е УЕЛ отприлика проценето? И како може да се докаже?
Па да, отприлика е проценето. И не знам еве, јас неам видено тврдење дека некој го знае точниот момент нели коа почнал Биг Бенг шо знам, до секунда.

Староста на универзумот се проценува на околу 13,8 милијарди години, според стандарден космолошки модел и врз основа на повеќе независни набљудувања и космолошки мерења.

Али сеа види, пак се враќаме на истиот муабет. Проценка не значи дека се работи за нагаѓање или дека нема начин научно да се поткрепи и провери. Прашањето е на кои докази се основа таа проценка, колку е сигурна и колкава е неизвесноста. И стаи акцент на ова второво.

Не мора ич да имаш директен пристап до самиот настан за да можеш да ги испиташ последиците. И староста од 13,8 милијарди години е старост на универзумот според стандарден модел, а не директно набљудуван датум на создавањето.

Не знам дали се контаме. Некако ко да се разидуваме у мислењава. Значи не се брани бројка по секоја цена. Поважно е тоа како се доаѓа до таа бројка. Како е научно поткрепена.
Прашањето е дали воопшто постои таква методологија и на кој начин може да се докаже практично самото мерење.
Ама скроз. Тоа е правото прашање. Да, апсолутно. Методологија постои. Али не таква како шо си замишљаме. Ко шо кажав, не е директно мерење со физичка мерна единица. Туку е индиректно одредување врз основа на набљудувања, мерења и математички пресметки.
 
околу 13,8 милијарди години
Јасно ли ти е како одговараш ? ОКОЛУ може да биде катастрофална дезинформација бидејќи никој не може на никој начин да докаже како е утврдена таа цифра. Што има разлика ако се каже околу 13,8 или на пример 66,6 милијарди години? Кој може да го провери тоа и на кој начин?
Автоматски споено мислење:

математички пресметки.
На кој начин можеш практично и прецизно да го измериш вртењето на земјата околу својата оска?
 
Многу валидна забелешка за субјективната проценка на изворите у првиот дел. Али, у вториот дел, веќе користиш различен третман на изворите, зависно дали се mainstream или underground, нели. Што ми е малку контрадикторно у однос на првиот дел.

Значи, ако однапред тргнуваш од претпоставката дека mainstream изворите не ја кажуваат вистината, а на алтернативните извори им даваш предност, нели, за можноста да се точни, не мислиш дека применуваш пристрасен пристап само во обратна насока?

Пошо види, ако двете страни ги проверуваме со различни критериуми, како воопшто би биле сигурни дека не ја потврдуваме сопствената почетна претпоставка? Поважно е што ја поткрепува информацијата, отколку од каде таа доаѓа.

Мене ми е иначе, некако поблиска идејата дека ниту изворот ја прави точна, ниту нечија убеденост ја прави неточна.
Па имаш различни начини за доказ.
Proof by negation, proof by contradiction, direct proof, proof by omission, proof by example, proof by exhaustion.

Различни техники се затоа што очекувам мејнстримот да е пропаганда а Underground да е "прочитано недочитано".

Затоа пишав којзнае што е точно.
 
Јасно ли ти е како одговараш ? ОКОЛУ може да биде катастрофална дезинформација бидејќи никој не може на никој начин да докаже како е утврдена таа цифра. Што има разлика ако се каже околу 13,8 или на пример 66,6 милијарди години? Кој може да го провери тоа и на кој начин?
Еј, ако не може директно да се измери, тогаш 13,8 и 66,6 се подеднакво оправдани? Лажна еквиваленција ама скроз! Знаеш шо е разликата меѓу овие две? Едната некој ја одбрал, а другата, исто така може некој да ја одбере.

А уствари, разликата е у тоа шо едната произлегува од конкретни набљудувања, мерења и математички модел, а другата не е поткрепена со такви податоци. И е ова факт едноставно. И еве јас не знам како се мења факт.
На кој начин можеш практично и прецизно да го измериш вртењето на земјата околу својата оска?
Да де. Како еве, шо знам, ќе ставиш термометар на површината на Сонцето? Значи и овде се работи за мерење преку физички својства, а не директен контакт.

Назад на муабетот, ротацијата на Земјата е физичка појава шо увек се дешава и остава непосредни и мерливи ефекти. А универзумот не можеш да го вратиш 13,8 милијарди години уназад и да му измериш старост. Не можеш да стаиш, шо знам, мерна лента од еден до друг крај. Али можеш да ги мериш последиците и физичките појави шо имаат информации за неговата историја и структура.

Значи разликата не е у тоа шо ротацијата на Земјата може да се докаже, а староста и големината на универзумот не. Разликата е у тоа каква физичка појава испитуваш, какви податоци можеш да собереш и со каков метод доаѓаш до резултатот. Направи разлика. Отсуство на директно мерење, не е исто што и отсуство на мерливи податоци!
Автоматски споено мислење:

Па имаш различни начини за доказ.
Proof by negation, proof by contradiction, direct proof, proof by omission, proof by example, proof by exhaustion.

Различни техники се затоа што очекувам мејнстримот да е пропаганда а Underground да е "прочитано недочитано".

Затоа пишав којзнае што е точно.
Сериозно многу ме свиѓа ова како ја насочуваш дискусијава на различни техники за логичко докажување. Али, јас прашувам нешто друго. За критериум според кој се проценува веродостојност на изворот.

Пошо види, proof by contradiction. Еве јас, претпоставувам дека сите лебеди се бели, нели сеа. И оп, црн лебед! Одма паѓа општата претпоставката.

А кај критериум имаш, дали црниот лебед е веродостоен, дали стварно е лебед, дали некој независно може да го провери резултатот.

Значи, она за кое пишуваш е уставри, како логички проверуваш едно тврдење. Јас прашувам како се утврдува дали информациите и доказите шо ги користиш се веродостојни. Пошо, дури и совршен логички заклучок може да биде погрешен нели, ако почетните информации се лажни.

Мислењето ти е значи скроз ок и има скроз смисла, само шо мислам дека пишуваме за две различни работи.

И ова, за underground, не знам дали да кажам, ама ќе кажам, мислам дека ти е почетна претпоставка. Е сеа, критериумот со кој ја проверуваш таа претпоставка, е тоа шо ме интересира.
 
Последно уредено:
Пошо види, proof by contradiction. Еве јас, претпоставувам дека сите лебеди се бели, нели сеа. И оп, црн лебед! Одма паѓа општата претпоставката.

Значи, она за кое пишуваш е уставри, како логички проверуваш едно тврдење. Јас прашувам како се утврдува дали информациите и доказите шо ги користиш се веродостојни.
Првото ти е exception to the rule, секаде го има.

Второто е неколку работи, интуиција, знаење, образование, емпириски докази, малку логика, објективно гледање на работите и така натаму.

Не знам.
 
Првото ти е exception to the rule, секаде го има.

Второто е неколку работи, интуиција, знаење, образование, емпириски докази, малку логика, објективно гледање на работите и така натаму.

Не знам.
Да, црниот лебед е исклучок од правилото. И затоа е одличен пример за proof by contradiction. Ако тврдењето е сите лебеди се бели, а еден потврден црн лебед е доволен да го бутне универзалното тврдење, не е само exception to the rule у секојдневна смисла, туку е скроз контра пример шо го побива тврдењето.

Знаеш, знаеш. Пошо имаш разумно набројување. Со една мала разлика. Интуиција, знаење и образование, можат да помогнат у проценката, али не се критериуми за веродостојност. За разлика од нели, емпириските докази, проверливоста и независните потврди. Со тоа шо, овие не се и единствени. И уствари, да, ова е она шо се бара.
 
Назад на муабетот, ротацијата на Земјата е физичка појава шо увек се дешава и остава непосредни и мерливи ефекти.
Не можеш тоа практично да го докажеш...

Значи разликата не е у тоа шо ротацијата на Земјата може да се докаже, а староста и големината на универзумот не.
Ниту едното ниту другото може да се докаже се лажеш сама себе ако мислиш дека нешто паметно си напишала...
 
Не можеш тоа практично да го докажеш...

Ниту едното ниту другото може да се докаже се лажеш сама себе ако мислиш дека нешто паметно си напишала...
1. Moже.
2. Може.

лол
 
Back
На врв Bottom