Вонредна состојба: Поплави во Скопје-Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување



-
голема поплава во Скопје 1929 година.
И тогаш во Август, и пак од таа С.Ц,Гора.
 
@gjoko-mkd врнеше неколку часови, НЕ денови! Дождот воопшто немаше да биде проблем, ако инфраструктурата беше како што треба. А за климатски промени...харпови, бомби, плутониум, курци палци...добро е што е и ваква климата.

Јас сум малку рамнодушен на ова, пошто лично јас се поплавувам секоја година(буквално0...таква ми е судбината да имам куќа на спојот на две реки:facepalm:

Досега никој, ама никој ми нема помогнато околу вадењето на водата и расчистувањето на ѓубрето. Секоја година во подрумот ги дигаме стварите(покуќнината) на високо, но некогаш е џабе све. јаболка, компири, стариот ел.шпорет, фрижидер, алати, 2-3 кревети.....све тоа замина во последната поплава.

прв пат владта лани не обештети со мислам 26 000 денари. Помош од институции околу расчистување и санирање ќе повторам никогаш сум немал.

Ова видео го направив во поплавата во 2015, а беше снимано околу 16 часот, а главниот воден удар беше ноќта околу 22-23.,многу повеќе од ова.Куќата во позадина е мојата. Оние прозорите што се гледаат на куќата беа целосно под вода.

Ова зима имав ``само`` 40-50 см вода во подрумите и полесно поминав. Ќе видиме како ќе биди оваа есен/зима:

https://www.youtube.com/watch?v=k4EdUeUkfT8

 
Викаат дека и Холандија имале мака со поплави.
Потрошиле 2,5 милијарди долари во тек на 50 години за заштита од поплави.
Дури незгодно ми е да споредувам колку сме се задолжиле ние за 10 години, или колку сме потрошиле за СК12014
 
@gjoko-mkd нема да се лутиш? Па добро бре, се гради ли куќа толку блиску до вода? Внимавај, во МК живееш. Плус, на рамно. Или нашиве "инжињери" само во тепсија знаат да градат?
 
@gjoko-mkd нема да се лутиш? Па добро бре, се гради ли куќа толку блиску до вода? Внимавај, во МК живееш. Плус, на рамно. Или нашиве "инжињери" само во тепсија знаат да градат?
Тука татко ми добил плац и....а подрумите што се вкопани е поради тогашните закони/практики (средината на 60-тите). Ги молел татко ми општинарите да му дозволат да ги подигни подрумите малку повеќе, но не му дозволиле. Одговорот бил: во случај на војна подрумите ќе се користат како засолништа, а прозорите да се на висина како ``пушкарници``. Од таму да можиш да пукаш на непријателот:facepalm:

ПС: Не гледам причина за лутење, бидејќи јас самиот си ја вадам маката и куЧата на јутјуб.

Спасот е во длабењето на реката , бидејќи последниве години е за многу подигнато нивото. Последен пат се длабеше пред 5-6 години, но овој ``газдата`` со оваа баракава не дозволи да копаат зад барака и тука се створи тесно грло,т.е. еден вид на брана. Тоа што тој најмногу наеба буквално ништо не му значи, бидејќи си продолжува со истата песна
 
Најголем дел од населбите кои редовно се поплавуваат не се баш до река. Проблемот се канализациите, каналите, неконтролирано градење и легализација, т.е. феноменот локални и централни транзициони власти. Каде одат парите за комуналии и даноци, не знам.
Еве го каналот Стајковци, "исчистен".
http://telma.com.mk/vesti/poplavenite-i-ponatamu-stravuvaat-od-kanalite
ако може да се нарече канал. Како што известува Телма, немаат ни канализација.
А па што ако другите имаат?
 
Последно уредено:
Убаво реков у друга тема на форумов - Нека издржи македонијава уште некој месец.Ке дојдат заев,шилегов,рада и компанија на власт и пак ке се вратат златните времиња.
Ни невремиња,ни громови,ни дождови,ни сообракајки,абе милина!
Едино пари само има да врнат,пари небројани!Се секавам убаво на 90тите,а и 2002-2006 периодот,искрено не бев сигурен дали живеам у Норвешка или во Македонија
 
Фино за сите тие донации и помош од странски држави (Италија 200.000 евра, Австрија волку, оние онолку...). Но, кој знае каде и во чии џепови ќе отидат тие пари. Веќе повеќе пати видовме дека помагањето и помошта се дели селективно од страна на власта.
Никој нормален во оваа земја не верува дека поголем дел од тие донации ќе отидат кај оние на кои им се потребни.
 
Убаво реков у друга тема на форумов - Нека издржи македонијава уште некој месец.Ке дојдат заев,шилегов,рада и компанија на власт и пак ке се вратат златните времиња.
Ни невремиња,ни громови,ни дождови,ни сообракајки,абе милина!
Едино пари само има да врнат,пари небројани!Се секавам убаво на 90тите,а и 2002-2006 периодот,искрено не бев сигурен дали живеам у Норвешка или во Македонија
ВМРО како никој до сега го исцеди народот по сите основи, нови давачки, задолжителни услуги кои никој не ги бара, драконски казни селективно применувани, обавезни плаќања и еден куп други цедења на и така сиромашниот народ. сето ова стана трејд-марк на Груевски.

Епа, кога више е така, народот очекува барем институциите на таа држава што ги цеди како лимун, да функционираат беспрекорно, а они не функционираат никако.
Оваа несреќа (но и многу други пред неа) оваа реалност ја покажаа прилично сурово.

Прилично безобразно делува обидот неспособностите и волунтаризмот, да се амнестираат со Господ: - Господ бил крив што пуштил толку вода (79-90 литра на квадрат).

А како Господ е крив за ненавременатa и фалична реакција на институциите на системот кој не цеди како лимуни?

- Како Господ е крив за тоа што МВР не излезе со свои службеници да го пренасочува сообраќајот на приодите кон поплавената обиколница, дури два часа по потопувањето?
(туку тоа го правеа граѓани на своја рака)

- Како Господ е крив за партискиот клуч во доделување помош и помагање?
Па ние не дониравме за само партиските ботови да добијат помош.

- Како Господ е крив за тоа што ДУИ и ВМРО си имаат преќутен договор во соголувањето на планините? Локалните партиските полтрони, вработени во ЈП Шуми, владеат со соголувањето на планините и нелегалната продажба на дрва. Низ цела Македонија.
(истиот систем е пресликан и на планот на криволов)
...или можеби не ја сфаќаш врската помеѓу соголувањето на планините и поплавите, лизгањето на земјиштето и ерозијата.

- Како Господ е крив што полесно се перат пари преку изградба на безвредни споменици и фасади од стиропор, отколку преку изградба на канализација, одвод и инфраструктура?
...или можеби не ја сфаќаш врската помеѓу немањето на одводна, канализациона инфраструктура и поплавите.

И вака можам до утре. Секако, заклучокот е јасен - фала Богу дека не го пишувам ова за требе нешто да ти соопштам, не треба да се залажуваме дека напишаново е во функција на комуникацијата со тебе. Комуникацијата со такви е безвредна, затоа што не можеме да се надеваме на морално-етички предиспозиции на соговорник кој за личен ќар (вистински или замислен, остварен или ветен) би бранел некој како Груевски - кој амнестираше воени злосторници, што правеа воени злосторства врз македонскиот народ. Од тогаш навака, јасно е какви останаа таму - давајгазови на кои статутот на партијата, идеите на ВМРО или доброто на Македонецот им се исклучиво преку призма на личен ќар.
 
Последно уредено од модератор:
Убаво реков у друга тема на форумов - Нека издржи македонијава уште некој месец.Ке дојдат заев,шилегов,рада и компанија на власт и пак ке се вратат златните времиња.
Ни невремиња,ни громови,ни дождови,ни сообракајки,абе милина!
Едино пари само има да врнат,пари небројани!Се секавам убаво на 90тите,а и 2002-2006 периодот,искрено не бев сигурен дали живеам у Норвешка или во Македонија
И сега треба да наудрени да се правиме, да не бараме одговорност кај никого. Се во ред, се е совршено, освен кога нешто непредвидено ќе се случи и ништо не функционира, тогаш виша сила е во игра?
Мора промени да има, па дури и ДПМНЕ да биде на власт, само не со овие сегашниве „лидери“. Државава и така беше цела зае*бана, овие скроз ја докрајчија.

А ако ова сегашново ВМРО не е истото со она, дури и вмровци признаваат, криминалното и раздорно ВМРО од 1998, тогаш зошто да се смета дека сегашново СДСМ е исто со она од пред 10 и повеќе години?


Отиде темава во друга насока, само факт е дека мора да се бараат промени во институции, затоа што гледаме дека не функционираат.
 
Не дека не се слагам со критиките и повикот за оставки. Ама симнете се доле од облаци. Еве хипотетички во Ноември избори, шанса за симнување на ВМРО од власт. Кој ќе ги замени? Размисливте за тоа или не? Вакуум просторот некој треба да го пополни, а сите понови/помали партии се поларизираат кај едни или кај други. А другиве не се ништо подобри од сегашниве во владеење (со нив па имаме севкупно 15 годишно искуство за да влечеме заклучоци).
 
Тоа се тие спремни за Маќедоња, една уплатница не знаат да пополнат :icon_lol:

Патриоти бе тие, во единствената домашна банка отвориле сметка :cool:[DOUBLEPOST=1471095888][/DOUBLEPOST]
Тоа се тие спремни за Маќедоња, една уплатница не знаат да пополнат :icon_lol:

Патриоти бе тие, во единствената домашна банка отвориле сметка :cool:
 
Абе не ми одговоривте никој,па ај ќе пишам пак.донираа ли нешто србите,хрватите,босанците ?
Не можам да најдам никаде информации

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom