Војната во Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата праведен
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Косово е држава која усвои декларација за независност и која за 2 години и 3 месеци ја признаа 62 од 192 членки на ООН и се зачлени во две меѓународни финансиски организации, ММФ и Светската банка а обезбеди и мнозинство за зачленување во советот на Европа.

Праведен,уште еднаш те прашувам,дали ти како албанец се радуваше што САД,Гермнаија и Турција користеа ураниум во Косово:tapp: Затоа што сепак и албанците се отруја од овие бомби,а не само србите.:toe:
 
Abe Praveden i so ova se gordees,so osiromaseniot uranium:tapp:
Dali ova bese opravdano,da se koristi uranium???

Косово - изрешетано од проектилите на НАТО-агресорите на чело со С А Д

Според Српскиот весник Блиц е утврдено дека во војната на НАТО против Југославија, авионите F-16 на воздушните сили на САД,Германија,и Турција користеле муниција со осиромашен ураниум. Според податоците на војската на Југославија, околу 50 000 проектили со осиромашен ураниум се фрлени на 100 густо населени места во Косово, а 3 000 до 5 000 проектили се фрлени во Прешево, Бујановац, Врање и Црна Гора. Во овие места е регистрирано зголемување на радијацијата за 1 100 пати во однос на дозволеното ниво на контаминација.
Според експертите, во Косово се уште постои радијациа што можно е во иднина разни болести да се појавува.
Најмногу осиромашен ураниум е фрлен на просторот Призрен - Дечани, на самата граница помeѓу Албанија и Југославија од една и Македонија и Косово од друга страна.

Американските извори тврдат дека авијацијата на САД извршила 23.000 летови со удари врз 995 објекти и со фрлање на 25.000 тони експлозив и 3.000 крстосувачки ракети

Германските извори тврдат дека се извршени 37.465 воздушни полетувања, со исфрлување на 20.000 тони бомби и ракети.

Турските извори оперираат со проценти- Турција изврши 2.000 воздушни летови или 10,9% од вкупниот број воздушни напади врз Југославија.

Не се гордеам со ништо, ја поставив темата за да ја разобличиме а не да се гордеам. Војна е војна и не се води со цвеќиња туку со бомби, куршуми, осиромашен ураниум и др.

Праведен,уште еднаш те прашувам,дали ти како албанец се радуваше што САД,Гермнаија и Турција користеле ураниум во Косово:tapp: Затоа што сепак и албанците отруја од овие бомби,а не само србите.:toe:

Јас сум муслиман. Не сум албанец и не се радувам на тоа што мислиш дека се радувам. Но косоварите сигурно се радуваат што добија држава и покрај тој ураниум.

Да те прашам тебе нешто кога веќе и ти прашуваш. Дали се согласуваш македонците во егејска македонија да добијат држава со употреба на осиромашен ураниум или да останат како паскалидис, царкњас и атанасиос.
 
Не се гордеам со ништо, ја поставив темата за да ја разобличиме а не да се гордеам. Војна е војна и не се води со цвеќиња туку со бомби, куршуми, осиромашен ураниум и др.

А зошто се користи урануим? Нели САД,Германија и Турција ви беа пријатели? Какви пријатели се овие што користат ураниум????

И на крај пак албанците испаднаа жртви:tapp:
 
Кога Македонија има поразителни бројки од зголемување на леукемијата и ракот на белите дробови за 150% кои податоци за Косово ги имаме.
Земјата се чисти и од Срби и од Албанци.
Албанците направија една грешка.
Го прекршија меѓународното право, така да во иднина истото прекршено право може да се повика и према нив.
 
Сите воени работи се објаснуваат со поимот: „Економија на војната“. Овој поим значи „степен до кој може да се толерираат одредени загуби (во луѓе, техника, средства и др.) при заземање на воен објект (порано - остварување на воена цел).

Значи според овој поим албанците беа спремни да платат и повеќе за независноста а србите не беа спремни после над 70 дена бобмардирање на останат на Косово бидејќи според овој поим цената која ја плаќаа и ќе ја плаќаа заради Косово беше превисока.
 
Овој Праведен ми е многу интересен човек,пред неколку дена се палеше за САД и Турција,а сега избегава да даде одговори:tapp:
 
Ова ми се свиѓа многу. Или ќе ги прифатиш условите од Рамбије или ќе бидеш спемен да се бориш од последниот човек за Косово. А вака и го изгубија Косово и Србија ја вратија 20 години наназад.
 
А зошто се користи урануим? Нели САД,Германија и Турција ви беа пријатели? Какви пријатели се овие што користат ураниум????

И на крај пак албанците испаднаа жртви:tapp:
си ги бомбардираа пријателите со осиромашен ураниум:tapp: за жал последиците се чувствуваат и тука.....
 
Тоа го стори со конвенционално оружје, уби 13 000 албанци а истера 1000 000
NATO ISTERA 1 000 000,.. I KAZI SHTO TREBASHE MILOSHEVIC DA PRAVI KOGA TERORISTI MU JA OKUPIRAA ZEMJATA? TEROSRISTI KOI MALTRETIRAA,UBIVAA,PALEA IS SL....VO SEKOJ SLUCAJ SAMO SO TOA SHTO SE TEROSRISTI I VOOSRUZENI GO KRSAT ZAKONOT I MORA DA BIDAT SPRECENI
 
Овој Праведен ми е многу интересен човек,пред неколку дена се палеше за САД и Турција,а сега избегава да даде одговори:tapp:

Кој одговор избегавам да го дадам?

Јас ти објаснав дека гледано од тука осиромашениот ураниум можеби е штетен, јас не знам дали е тоа така но Косоварите мислам дека беа спремни и уште десет пати повеќе жртви да дадат за независноста.
 
Косово е држава која усвои декларација за независност и која за 2 години и 3 месеци ја признаа 62 од 192 членки на ООН и се зачлени во две меѓународни финансиски организации, ММФ и Светската банка а обезбеди и мнозинство за зачленување во советот на Европа.

Косово како косово не е држава туку продолжена рака на одредена група профитери која го користи за транзит за дрога а дека армијата на србија не можела да ја победи учк :tapp: може да си расправаат албанците мегу них за да се задоволат духовно погледни само некоја од воените паради на јна и ке видеш разликата помеѓу вистинска армија со квалитетен кадар и заостанати луже со детски трауми и калашников у рака и на крај косоварите биле спремни да дадат многу жртви за независност и што добија???? народот живее примитивно со 70 посто невработеност и без никаква перспектива за напредок косово ке биде како африканските држави кој одкога англиските, француските или др. колонизатори ги исцрпија ресурсите ги оставија, па така косово пак ке отиде во србија сакале албанците или не :salut:
 
Abe Praveden i so ova se gordees,so osiromaseniot uranium:tapp:
Dali ova bese opravdano,da se koristi uranium???

Косово - изрешетано од проектилите на НАТО-агресорите на чело со С А Д

Според Српскиот весник Блиц е утврдено дека во војната на НАТО против Југославија, авионите F-16 на воздушните сили на САД,Германија,и Турција користеле муниција со осиромашен ураниум. Според податоците на војската на Југославија, околу 50 000 проектили со осиромашен ураниум се фрлени на 100 густо населени места во Косово, а 3 000 до 5 000 проектили се фрлени во Прешево, Бујановац, Врање и Црна Гора. Во овие места е регистрирано зголемување на радијацијата за 1 100 пати во однос на дозволеното ниво на контаминација.
Според експертите, во Косово се уште постои радијациа што можно е во иднина разни болести да се појавува.
Најмногу осиромашен ураниум е фрлен на просторот Призрен - Дечани, на самата граница помeѓу Албанија и Југославија од една и Македонија и Косово од друга страна.

Американските извори тврдат дека авијацијата на САД извршила 23.000 летови со удари врз 995 објекти и со фрлање на 25.000 тони експлозив и 3.000 крстосувачки ракети

Германските извори тврдат дека се извршени 37.465 воздушни полетувања, со исфрлување на 20.000 тони бомби и ракети.

Турските извори оперираат со проценти- Турција изврши 2.000 воздушни летови или 10,9% од вкупниот број воздушни напади врз Југославија.

Знаете ли каде НАТО и САД ги закопуваа озрачените бомби во Македонија, од војната на косово?

КАЈ БОГМИЛА и БАБУНА.

Со што и Македонија го јадеше стапот, на некој начин

И тоа само со земја ги посипуваа.
 
NATO ISTERA 1 000 000,.. I KAZI SHTO TREBASHE MILOSHEVIC DA PRAVI KOGA TERORISTI MU JA OKUPIRAA ZEMJATA? TEROSRISTI KOI MALTRETIRAA,UBIVAA,PALEA IS SL....VO SEKOJ SLUCAJ SAMO SO TOA SHTO SE TEROSRISTI I VOOSRUZENI GO KRSAT ZAKONOT I MORA DA BIDAT SPRECENI
Јас не знам зошто сите а и Праведниов кој ја постави темата причината за војната во Косово ја префрла на Милошевиќ.Милошевиќ беше последниот слепец кој не можеше да види што се случувало порано на Косово.Битката за Косово е почната многу порано.Можеби тогаш ни самиот Милошевиќ не ни знаел дека ќе се бави со политика воопшто.Започната е уште со формирањето на СФРЈ.Глупостите од типот дека на Косово било најсиромашно и дека таму имало невработеност и тежок живот се само глупости кои во тоа време палеја.Нешто како сега со "оружје за масовно уништување".Причина доволна да се нападне некој.Ако ја погледнеше Приштина а и другите градови убаво ќе се види дека лагите и неможат да поминат.Да не зборуваме за рудниците Трпча и што уште не.Србија имаше многу вложено во Косово,но како што реков црвот го гризеше јаболкото уште кога се роди.
 
11 години од бомбардирањето на зградата на РТ Србија

prazno.gif
prazno.gif
23.04.2010 11:26
belgrad-sekavanje.jpg

11 години од бомбардирањето на зградата на Радио Телевизија Србија. Колеги и пријатели се собраа на местото на бомбардирањето ноќеска во 2 часот и шест минути за да им оддадат почит на загинатите.
За време на НАТО бомбардирањето на тогашната Југославија, на денешен ден во 1999-тата, два разорни проектила стрелаа кон зградата на Телевизијата.
Загинаа 16 вработени, а неколку десетици беа повредени.
Националната телевизијата Ден после бомбардирањето почна да емитува програма од тогаш непозната локација.
Подоцна беше изградена нова зграда на локација близу до старата.
Меѓународната организација за човекови права - Human rights watch, година дена после бомбардирањето, соопшти дека нема никакво оправдување за бомбардирањето на зградата на телевизијата.
Според нив, за прв пат во историјата на војувањата, погодена е медиумска куќа, која претходно била прогласена за легитимна воена цел.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122382http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122382
 
Не се гордеам со ништо, ја поставив темата за да ја разобличиме а не да се гордеам. Војна е војна и не се води со цвеќиња туку со бомби, куршуми, осиромашен ураниум и др.

Јас сум муслиман. Не сум албанец и не се радувам на тоа што мислиш дека се радувам. Но косоварите сигурно се радуваат што добија држава и покрај тој ураниум.

Да те прашам тебе нешто кога веќе и ти прашуваш. Дали се согласуваш македонците во егејска македонија да добијат држава со употреба на осиромашен ураниум или да останат како паскалидис, царкњас и атанасиос.
Сепак јас мислам дека ни Албанците не знаеја за цената.А уште не се ни свесни за неа,наравно заслепени од победата и независнота.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom