Војната во Косово

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
НАТО-вото бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција Сојузничка сила или «Operation Allied Force» според НАТО) е воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.[1] Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.



Причини за војната

Уште од времето на СФРЈ на Косово условите за живот биле најлоши во земјата. Косово останало неразвиено, со ниска стапка на образование и голема економска емиграција, пред сѐ во Западна Европа. Првите масовни изблици на незадоволство од состојбата на Косово се случиле со студентските демонстрации во Приштина од 1981.[2][3][4] Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт најпрво во Србија, а подоцна и во СР Југославија, состојбата во Косово уште повеќе се влошила, како поради целосниот економски колапс, така и поради редуцирањето на правата на Албанците од страна на српскиот режим.[5]
Во текот на 1998. и 1999., на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.
Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не беше донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.
Директен повод за интервенцијата според НАТО е одбивањето на Југославија да постигне договор со политичките претставници на косовските Албанци на преговорите во Рамбује. Според понудениот предлог-договор суверенитетотНоам Чомски, сметаат дека овој договор имаше карактер на ултиматум и дека се сметало тоа дека југословенската делегација нема да сака да го потпише. Конечно, југослоевенската страна ги прифатила сите услови, освен оној за слободно движење на НАТО војниците по југословенска територија по што преговорите пропаднале.
Текот на операциите

Доминантна сила во операциите биле САД, но во нив во одреден степен биле вмешани сите членки на НАТО, дури и Грција, и покрај тоа што таа јавно се противеше на бомбардирањето, и Германија за која ова е прва неодбрамбена воена акција по втората светска војна. Бомбардирањето било главно сконцентрирано на територијата на Србија (особено на спорното Косово), додека другата членка на федерацијата, Црна Гора, речиси и не била бомбардирана, бидејќи НАТО сакал да ја зајакне позицијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ наспроти позицијата на Слободан Милошевиќ.
По почетокот на бомбардирањето започнал масовен бран на бегалци од Косово. Постои несогласување дали бегалскиот бран бил предизвикан од бомбардирањата, или со прогонување од страна на српските полициски и паравоени сили на цивилното население. Во април ОН извести дека 850.000 лица – главнината од нив Албанци – ги напуштиле своите домови. Голем дел од нив пребегнаа во Албанија и Македонија. Во Македонија пребегнале околу 360.000 бегалци, од кои најголемиот дел биле сместени во бегалски кампови.[6]

НАТО тврдел дека поседува високо-софистицирано оружје („паметни бомби“ и слично) кои ќе ги минимизираа цивилните жртви, но неспорен факт е дека во текот на бомбардирањата имало голем број цивилни жртви токму поради бомбардирањата. Помеѓу инцидентите предизвикани од страна на НАТО се воздушниот напад од почетокот на мај врз бегалски конвој од етнички Албанци, при кој беа убиени 50 лица, бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград на 7 мај, бомбардирањето на зградата на Радио Телевизија Србија и друго. При нападите биле користени и касетни бомби, како и бомби со осиромашен ураниум.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Кумановскиот договор

На 9 јуни СРЈ и НАТО во Куманово потпишуваат договор за примирје со кој се стави крај на бомбардирањата. Според договорот на територијата на Косово треба да се разместат 45.000 војници предводени од НАТО и со мандат од Обединетите Нации. Во врска со тоа се постигнува согласност Советот за Безбедност на ОН да донесе соодветна резолуција. Врз основа на тоа, на 10 јуни е усвоена Резолуцијата 1244.


Политички последици

Со повлекувањето на српската полиција, југословенската војска и другите паравоени единици од Косово, тоа практично станало протекторат под управа на Обединетите Нации, а воено обезбедуван од НАТО.
Една од главните последици била што косовските Албанци по војната им возвратиле на косовските Срби, протерувајќи ги од нивните домови. Десетици илјади Срби биле протерани и раселени.
САД и Европската Унија практично го финансираат живеењето на Косово, бидејќи економијата и понатаму останува многу слаба.
По прогласувањето на независност на Косово, на 17 февруари 2008., Европската Унија го презела надзорот во управувањето со Косово преку свои цивилни мисии.
Србија, поддржана од Русија, и понатаму останува во спор со САД и ЕУ околу суверенитетот врз Косово, тврдејќи дека прогласената независност не е во склад со меѓународното право.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Ајде сега постави ми го прашањето што сакаше да ти коментирам
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Ајде сега постави ми го прашањето што сакаше да ти коментирам
За жал не можам сега имам работа. Коментирај па кога ќе можам ќе реплицирам.

Сепак темата ја отворам за да се расбистрат некои работи во врска со таа војна. Мислам дека со реално коментирање на тие настани еден од друг можеме многу да научиме.

Факт е дека Република Косово е создадено од Нато на чело со САД.

Еден странски дипломат го слушнав како кажува дека состојбата на Косово пред Нато интервенцијата била таква да ОВК никогаш не може да го ослободи Косово а Србите никогаш не може да ја уништат ОВК.

Без подржка на Нато и пред се САД мислам дека во Косово уште ќе имаше војна.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Точно така, денес се уште ќе имаше војна на косово, а Србите ќе имаа големи загуби на цивилен план, во смисол поставување бомби, киднапирање на војници и ред други работи и ќе се соочуваа со жесток отпор од Албанците.

Важи бе, кога можеш постави ми го текстот, сега бркај работа, што имаш за бркање:wink:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.878
Поени од реакции
8.689

Факт е дека Република Косово е создадено од Нато на чело со САД.
Точно. Како што пишав во еден друг пост, неверојатно слична ситуација со Израел и Палестинците. Големите сили решаваат да помогнат на една етничка група на штета на другата заради своите интереси. Албанците во случајот ја имаат улогата на Евреите а Србите се Палетинци, со мала разлика што имаат друг дел од државата да се повлечат а Палестинците немаа.

Нема тука лутење, да сконтаа Србите (т.е. Слобо и генералштабот) и уште во 92 да се развикаат на сет глас дека сакаат НАТО немаше да има војна во Косово или ке имаше на штета на Албанците.

Еден странски дипломат го слушнав како кажува дека состојбата на Косово пред Нато интервенцијата била таква да ОВК никогаш не може да го ослободи Косово а Србите никогаш не може да ја уништат ОВК.

Без подржка на Нато и пред се САД мислам дека во Косово уште ќе имаше војна.
Можеби, најверојатно ке имаше константно препукување, но можеби и немаше да биде баш така, се зависи од поставеноста на големите сили т.е. на чија страна се. Со зелено светло од „големите“ (нормално во случај Слобо да сконтал од кај дува ветерот) една акција слична на онаа во Хрватска кога ги избркаа Србите и повеке ке немаше војна на Косово.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Косово - „Звездана капија“ планете

Косово је потребно Американцима да направе велику базу због најснажнијег магнетног поља – „Звездане капије“, која се налази на том подручју. По свему судећи, разбијање Југославије је уследило баш због Косова. Лакше је узети Косово малој Србији, него великој Југославији, која је била највећа војна сила на Балкану.

Од нестанка Атлантиде, овог метала на нашој планети више нема. Када сам у школи учила о рудним богатствима наше земље, сећам се податка да само на Косову постоји један метал и нигде другде на читавој планети. Касније сам читала да је тај метал неопходан у градњи космичких бродова. Без њега, наше познавање космоса било би само теоретско.


Стари Месопотамиски град Вавилон, у преводу значи – „Врата богова“. Корен речи долази од јеврејске речи „баба ила ни“ што значи - „Врата богова“. Ако су моја истраживања тачна, да је пре Потопа, догодио се 1656. године од стварања света, Средоземно море било копно, онда је до Потопа, пупак наше планете био Вавилон. Наши преци су после Потопа градили Вавилонску кулу и симболично нам оставили поруку да је ту била „Звездана капија“.

Косово је потребно Американцима да направе велику базу због најснажнијег магнетног поља – „Звездане капије“, која се налази на том подручју.

Докле су стигла истраживања о боравку космичког брода у космосу? Не знам. По свему судећи, довољно, да брод проведе време ван планете Земље, док она не добије нову орбиту. Након тога, вратиће се на Земљу, и започети један нови циклус живота. Сви научници који буду на броду, за будућа покољења и цивилизацију биће богови. Сигурна сам да у екипи космичког брода постоје и биолози - генетичари. Они ће створити новог Адама и Еву. С тим што не треба мешати термине јер када говорим о Звезданој капији, не мислим на путовање – кроз време.

целиот текст на следниот линк

http://www.srpskapolitika.com/intervjui/2008/047.html
 
B

Borg_Drone

Гостин
Знаев!!Знаев дека битката за Косово е всушност battle for middle earth. Тачи е Zauron, Робертсон е Gandalf, Милошевиќ е Aragorn „јуначината“, а Шешељ е "Gimli".
Во наредната епизода ќе ги додадат и Хипо и Чипо, како морална подршка а ќе бидат синхронизирани од ново воскреснатиот лик на Велигден: Џими Хофа како и Мао Це Тунг.Хо Ши Мин во наредната епизода, со наслов: "The kiss of the Dragon".

Или пак битката за Косово е всушност, битка за тоа Америка да има свој сателит на место каде што најмногу е ранлива ЕУ, како и битка за јагленот на Косово, за кое е проценето дека има резерви за наредните 16 века.

Најновите проценки покажуваат дека резервите јаглен во косовските рудници би можеле да се експлоатираат во наредните 16 векови. Знаејќи го тоа големите мултинационалните компании сакаат да си обезбедат присуство во Косово. Иако е со низок квалитет, јагленот во косовскиот басен е мошне погоден за експлоатација бидејќи не само што се откриени големи резерви со релативно голема дебелина на слоевите, туку тој се наоѓа и на мала длабочина. Исто така, мошне поволен е и односот на јагленот и јаловината, во просек 1:1,85. Тоа значи дека ископувањето на рудата е со максимално ниски трошоци.
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=565&ArticleID=12769
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Често слушам нема лутење, Србите го изгубија Косово затоа што не бациле дупе на Америка.
Дали ќе се лутат моментот кога Америка ќе го изгуби влијанието во светот а тука преовлада влијанието на Русија ?

Србите и да се напикаа во дупето на Америка ќе изгубеа, затоа што се детерминирани како можни блиски сојузници на Русија.
Како што ние изгубивме големи земји на Балканите и пошироко, како можна закана на западната цивилизација.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.878
Поени од реакции
8.689
Често слушам нема лутење, Србите го изгубија Косово затоа што не бациле дупе на Америка.
Дали ќе се лутат моментот кога Америка ќе го изгуби влијанието во светот а тука преовлада влијанието на Русија ?
Тогаш ке го бацуваат дупето на Русија, така иде кога си мал и слаб. Види ги Бугарите, што им фали?

Србите и да се напикаа во дупето на Америка ќе изгубеа, затоа што се детерминирани како можни блиски сојузници на Русија.
ОК, тука си во право, Србите на запад се окарактеризирани како вечни Русофили на кои не може да им се верува дека ке работат против Русија.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Дали ќе се лутат моментот кога Америка ќе го изгуби влијанието во светот а тука преовлада влијанието на Русија ?
За Америка да ослабне ( политички а пред се економски ) треба многу време, попрво ЕУ ќе се распадне отколку Америка да ослабне.[/quote]
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
За жал не можам сега имам работа. Коментирај па кога ќе можам ќе реплицирам.

Сепак темата ја отворам за да се расбистрат некои работи во врска со таа војна. Мислам дека со реално коментирање на тие настани еден од друг можеме многу да научиме.

Факт е дека Република Косово е создадено од Нато на чело со САД.

Еден странски дипломат го слушнав како кажува дека состојбата на Косово пред Нато интервенцијата била таква да ОВК никогаш не може да го ослободи Косово а Србите никогаш не може да ја уништат ОВК.

Без подржка на Нато и пред се САД мислам дека во Косово уште ќе имаше војна.
сепак Србија играше по правила на игра(освен исклучоци).....немаше употреба на хемиско или биолошко оружје заради сигурната осуда што ќе ја добиеше од ОН,инаку ситуацијата ќе се средеше за 1 месец.....Косово е сеуште протекторат,далеку е од независност и економски развој и просперитет и не му е дозволено да припојува или да се спои со територија која е населена со свој братски народ-па види ти.....заборавив да кажам дека тоа што не го стори Србија со биолошки или хемиски агенси,тоа го стори НАТО на многу полош начин “збогатувајќи“ го Косово и околината со осиромашен ураниум,заради кој ќе трпи далеку поголеми последици
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
сепак Србија играше по правила на игра(освен исклучоци).....немаше употреба на хемиско или биолошко оружје заради сигурната осуда што ќе ја добиеше од ОН,инаку ситуацијата ќе се средеше за 1 месец.....
Тоа го стори со конвенционално оружје, уби 13 000 албанци а истера 1000 000
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
1.082
НАТО-вото бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција Сојузничка сила или «Operation Allied Force» според НАТО) е воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.[1] Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.



Причини за војната

Уште од времето на СФРЈ на Косово условите за живот биле најлоши во земјата. Косово останало неразвиено, со ниска стапка на образование и голема економска емиграција, пред сѐ во Западна Европа. Првите масовни изблици на незадоволство од состојбата на Косово се случиле со студентските демонстрации во Приштина од 1981.[2][3][4] Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт најпрво во Србија, а подоцна и во СР Југославија, состојбата во Косово уште повеќе се влошила, како поради целосниот економски колапс, така и поради редуцирањето на правата на Албанците од страна на српскиот режим.[5]
Во текот на 1998. и 1999., на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.
Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не беше донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.
Директен повод за интервенцијата според НАТО е одбивањето на Југославија да постигне договор со политичките претставници на косовските Албанци на преговорите во Рамбује. Според понудениот предлог-договор суверенитетотНоам Чомски, сметаат дека овој договор имаше карактер на ултиматум и дека се сметало тоа дека југословенската делегација нема да сака да го потпише. Конечно, југослоевенската страна ги прифатила сите услови, освен оној за слободно движење на НАТО војниците по југословенска територија по што преговорите пропаднале.
Текот на операциите

Доминантна сила во операциите биле САД, но во нив во одреден степен биле вмешани сите членки на НАТО, дури и Грција, и покрај тоа што таа јавно се противеше на бомбардирањето, и Германија за која ова е прва неодбрамбена воена акција по втората светска војна. Бомбардирањето било главно сконцентрирано на територијата на Србија (особено на спорното Косово), додека другата членка на федерацијата, Црна Гора, речиси и не била бомбардирана, бидејќи НАТО сакал да ја зајакне позицијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ наспроти позицијата на Слободан Милошевиќ.
По почетокот на бомбардирањето започнал масовен бран на бегалци од Косово. Постои несогласување дали бегалскиот бран бил предизвикан од бомбардирањата, или со прогонување од страна на српските полициски и паравоени сили на цивилното население. Во април ОН извести дека 850.000 лица – главнината од нив Албанци – ги напуштиле своите домови. Голем дел од нив пребегнаа во Албанија и Македонија. Во Македонија пребегнале околу 360.000 бегалци, од кои најголемиот дел биле сместени во бегалски кампови.[6]

НАТО тврдел дека поседува високо-софистицирано оружје („паметни бомби“ и слично) кои ќе ги минимизираа цивилните жртви, но неспорен факт е дека во текот на бомбардирањата имало голем број цивилни жртви токму поради бомбардирањата. Помеѓу инцидентите предизвикани од страна на НАТО се воздушниот напад од почетокот на мај врз бегалски конвој од етнички Албанци, при кој беа убиени 50 лица, бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград на 7 мај, бомбардирањето на зградата на Радио Телевизија Србија и друго. При нападите биле користени и касетни бомби, како и бомби со осиромашен ураниум.

Abe Praveden i so ova se gordees,so osiromaseniot uranium:tapp:
Dali ova bese opravdano,da se koristi uranium???

Косово - изрешетано од проектилите на НАТО-агресорите на чело со С А Д


Според Српскиот весник Блиц е утврдено дека во војната на НАТО против Југославија, авионите F-16 на воздушните сили на САД,Германија,и Турција користеле муниција со осиромашен ураниум. Според податоците на војската на Југославија, околу 50 000 проектили со осиромашен ураниум се фрлени на 100 густо населени места во Косово, а 3 000 до 5 000 проектили се фрлени во Прешево, Бујановац, Врање и Црна Гора. Во овие места е регистрирано зголемување на радијацијата за 1 100 пати во однос на дозволеното ниво на контаминација.
Според експертите, во Косово се уште постои радијациа што можно е во иднина разни болести да се појавува.
Најмногу осиромашен ураниум е фрлен на просторот Призрен - Дечани, на самата граница помeѓу Албанија и Југославија од една и Македонија и Косово од друга страна.

Американските извори тврдат дека авијацијата на САД извршила 23.000 летови со удари врз 995 објекти и со фрлање на 25.000 тони експлозив и 3.000 крстосувачки ракети


Германските извори тврдат дека се извршени 37.465 воздушни полетувања, со исфрлување на 20.000 тони бомби и ракети.

Турските извори оперираат со проценти- Турција изврши 2.000 воздушни летови или 10,9% од вкупниот број воздушни напади врз Југославија.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Косово е сеуште протекторат,далеку е од независност и економски развој и просперитет
Косово е држава која усвои декларација за независност и која за 2 години и 3 месеци ја признаа 62 од 192 членки на ООН и се зачлени во две меѓународни финансиски организации, ММФ и Светската банка а обезбеди и мнозинство за зачленување во советот на Европа.

и не му е дозволено да припојува или да се спои со територија која е населена со свој братски народ-па види ти.....
Според планот на Ахтисари не му е дозволено да стапи во сојуз со било која соседна земја а не со братски народ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom