Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Нема ни недела дена , значи пред некои 4-5 дена некој во темата драга кајгана пишуваше како возел по таа улица во ск не ми текнува името , како адреналинот му се кревал и како му се треселе нозете после. И нормално да , ќе го повторел истото во првата прилика што ќе му се укажала. Му пишав слободно нека продолжи , прашање на време е кога некоја невина жртва ќе наебе и ќе завие некоја фамилија во црно.

And here we are , можеби не е тој али некој како него испиен во мозокот , исфрустриран оти вози опел корса. Само тешко да е некој татин син и дека ќе се извлече лесно , татините синови не возат опел корси.
 
Последно уредено:
Секогаш кога ќе загине некое дете во ваква несреќа сите колнат и пцујат и сите обвинуваат. Те држава, те полиција, те возачот. А сигурна сум дека повеќето возеле и ќе возат пијани низ град. Не дека на трезен човек може да не му работи паметот и да лета неконтролирано ама голем број несреќи се случиле кога возачот бил во пијана состојба. 90% плачеа у темата кога ги објавија новите казни за прекршоци во сообараќајот што би значело дека се свесни дека ќе ги прекршат правилата и се под ризик за казна. Јас и тогаш кажав и ќе повторам. Ниски се тие казни. Треба да ги појачаат и поготово за брзо возење и за возење пијан треба да се воведе затворска казна. И да почнат да ловат. Нека завршат во затвор 100тина души во еден месец. Кај нас менталитетот многу споро се менува, потребни се навистина драстични мерки.
Џабе се казните, да, тие може ќе го сменат просечниот македонец (а просечниот е од ниска класа). Тачно е дека треба да се повисоки, ама тоа не е суштината на проблемот. Тие казни нема да важат за сите. Тој за кого не важат казните, и да е една година затвор, и да е 10, он пак ќе се извади. А баш тие се тие кои стално газат некого, оние кои никој не може да ги допре, па им е дозволено да прават што сакат у ФИРОМ. Верувај, од и те какво искуство го кажувам ова.
 
Какво новинарство имаме... од малолетно девојче,30 годишна девојка стана 50годишна жена...
Зар има некој нормален што ќе даде точна информација?

Моментално во Куманово кај што живеам е алармантна ситуацијата, нема да ме чуди да има жртви во скоро време. Браќава шкљ вратени од Швицарска го дрифтаат бмв-то низ центарот низ тесните улички во период кога центарот врие од народ. Полицијата само поминува,застанува купува бурек и цепа некаде ван град каде ќе казнува некој за појас,светло,зелен елек.
 
ne e rabotata do site tie raboti sto gi nabroja, porano site polagaa od komisija na avto skola ne ni gi imalo ovie debili od amsm da te pagjaat po 100 pati i site polagale. Rabotata druga, rabotata e do merenje polovi organi pogotovo sega so ovie novi vozila otkako go dozvolija uvozot, do vcera jugo koga vozea nemase vakvi sudari nemase vozila koi na bulevar krevaat 200 se vozese poleka i kulturno
Мака ми беше вчера да реплицирам од телефон ама колку само и мерењето органи е доказ за некоја неправилност во себе :D напукана тензија, агресија, нарцисоидност, еден куп ги има.
Тешко дека можи за сите да се открие само со еден преглед. Иако на некои е доволно и суратот да им го видиш и одма се познава дека се багабонти и тешки лудаци и насилници. Ако не во возило посекако ќе направат глупост. За таквите треба куршум в чело и во некој вулкан да се џиткаат да не се трошат воопшто пари за погреби и слично и да не зафаќаат за џабе гробно место.
Не само за возачки, за се треба да се утврди кој уствари е ментално способен само се плашам дека бројката ќе биди поголема од онаа на нормалните луѓе
Охоо, да знаеш само како може. Не еден преглед, доволно е една реченица да изусти. Trust me :)

Само што за почеток добро ќе биде барем во затвор да ги ставаат дегенерициве, после доживотна. За оној од Партизанска ништо чудо и лажен идентитет да добивме во јавноста. Ама додека не загине дете на „големец“ поради вакво нешто, тешко.
 
CJTUn2aW8AAE2Cz.jpg

Od vakvi patime, na 220 mu praelo tk tk, i ne e samo on vlezete u grupata i ke vidite ton vakvi faci
 
CJTUn2aW8AAE2Cz.jpg

Od vakvi patime, na 220 mu praelo tk tk, i ne e samo on vlezete u grupata i ke vidite ton vakvi faci

Поентата му е да се испофали оти кренал 220, tk tk му беше само изговор за да се отвори "дискусија".
 
Најголем проблем по лекарските прегледи е селективното казнување и родителите. Дете од 18-19 години, кој е син на некој газда и почетник во возењето му дозволуваат да вози Мерцедес S350.

А овој што ја прегазил, во колата бил со жена му.
 
Во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај Трговскиот центар Зебра, во центарот на Скопје, загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското Радио.
http://telma.com.mk/vesti/teshka-soobrakjajka-kaj-tc-zebra-zagina-devojka
 
Сузана Тодоровска Павловска, новинарка во македонско радио е таа што загинала вчера.

suzanatodorovska.jpg
 
Кога ќе ви текне да преброите колку полицајци контролираат сообраќај, колку се знаците и сообраќајниците прилагодени кон сообраќајот, ... Затоа и сите овие сообраќајки. Да се вратат макар старите контроли т.н. рации и полицијата на улиците, ќе се намали колку толку. Не може една држава да се ослони на совест и морал на учесници во сообраќај, затоа и ова се случува.
 
Греота жената, жално многу у пм!!!
Нека почива во мир...
А за овие Шителовциве неам муабет. За читаност и на сега починатата на видеото ќе и ja тргнеа наметката да се види поубаво кој умрел боже мој!!! Безкичмењаци од новинари!
 
Последно уредено:
Мака ми беше вчера да реплицирам од телефон ама колку само и мерењето органи е доказ за некоја неправилност во себе :D напукана тензија, агресија, нарцисоидност, еден куп ги има.

Охоо, да знаеш само како може. Не еден преглед, доволно е една реченица да изусти. Trust me :)

Само што за почеток добро ќе биде барем во затвор да ги ставаат дегенерициве, после доживотна. За оној од Партизанска ништо чудо и лажен идентитет да добивме во јавноста. Ама додека не загине дете на „големец“ поради вакво нешто, тешко.
И ти си во право.
А дете на големец не гини како пешак. Не пешачат тие. Да можат авиони би возеле по улици. Едино само негде да се истумбаат или некој друг будала да ги шибни дури лудуваат т.е тие да се бапнат во некој.
Ама и родителите се криви. Не можи да не знајш детето каква будала ти е. А некои и знаат ама џабе.Лани едно дете загина, 17 години, немало возачка нормално, а од дома често му давале да вози некој јак џип да оди во некоја викендица каде редовно се пијанчел. И нормално, се начукал некоја вечер и се истумбал. Среќа друг не загина со него.
На еден па му купија мотор премногу голем за него, се глупираше, знаеја неговите па му купија поголем. на крајот се лупна ама загина сопатникот тој гајле немаше. Сега пак ќе му купувале мотор :toe:[DOUBLEPOST=1436377522][/DOUBLEPOST]
CJTUn2aW8AAE2Cz.jpg

Od vakvi patime, na 220 mu praelo tk tk, i ne e samo on vlezete u grupata i ke vidite ton vakvi faci
Му прави на овој во главата нешто тк тк. Не бе најсериозно потребен ни е некој Декстер. Односно неколку Декстеровци за ваквите, а и општо за криминалците. Пушти ги нека си оперираат, нека чистат
 
Пијан и издрогиран бил возачот што ја згази новинарката

Откако ужасна трагедија го потресе главниот град пред две дена во која животот го загуби новинарка Сузана Тодоровска Павлоска во Македонското радио денеска од обвинителство соопштија детали поврзани со случајот кои ја шокираа јавноста.

Имено, според првичните сознанија и вештачења е откриено дека возачот на возилото „опел“ бил под дејство на алкохол при што во примероците од неговата крв се најдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили.

Она што дојде неочекувано покрај страшната трагедија и трауми, е дека возачот бил и под дејство на дрога. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.

Издадена е наредба за спроведување на истражната постапка, а осомничениот се наоѓа на болничко лекување.

Надлежните и обвинителството работат на расчитување на случајот.
 
Ќе ја лежи ќорка имбецилов бар 5 години според ова. Па ќе има прилика во Идризово место пушење трева да пуши кожни пури.
 
Кажувајте им име и презиме бе, полнолетни се, нека ги знае за навек цела држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom