Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Редно е да се превземе нешто. Високи казни за возење под дејство на алкохол, оправање на патиштата, и најбитно, искоренување на врскаџиите кои возачката ја земаат со врски, а немаат поима што е правило на десна страна и слично.
 
Едно се прашувам, гледам меѓу овие нема ниту еден велосипедист:).Колку и да е поскапено горивото луѓето упорно се развозуваат со своите автомобили и скутери,непрописно возат,сите брзат некаде,а и особено меѓу жртвите еден добар дел се во раните дваесетти.Па зар толку сме имотни како народ,за да си го дозволиме тоа?Државата и власта не прави никаков посебен напор за да ги стимулира луѓето да се вратат кон своите велосипеди,особено само еден ден во годината кога и Градоначалникот Трајановски дава пример,ама тоа е само тогаш за тогаш.Но се е поради акцизата на горивата од која и државата го полни буџетот,а додека од велосипедите не добива ништо.

Dobro kazano , rabotam vo italia veke 5 godini znaci na velosiped mozes da vidi i luge na rabota da odat
ne e toa nisto sramno,moja koleska e sekretarka sekoj den odi na rabota so velosiped i se vraka i toa gubi 15 minuti za da dojde na rabota :=)
--- надополнето: 7 август 2013 во 23:43 ---
Редно е да се превземе нешто. Високи казни за возење под дејство на алкохол, оправање на патиштата, и најбитно, искоренување на врскаџиите кои возачката ја земаат со врски, а немаат поима што е правило на десна страна и слично.
--- надополнето: 7 август 2013 во 23:46 ---
Vo cel svet ima losi vozaci ama spored mene vo makedonija samo znaat da kaznuvaat a kako prvo nema nikakva signalizacija na patot znaci ako znaes na pamet kaj ima krivina i slicno ok ako ne isto kako vo afrika da vozis.
 
Сообраќајните незгоди се случуваат затоа што луѓето од денешницата управуваат возила од иднината по патишта од минатото.
 
Mnogu faktori vlijaat na celokupnata strasna statistika, no moe mislenje e deka najmnogu ni nedostasuva SVEST! Se dodeka funkcionirame na princip: sekoe stopiranje od soobrakajna policija(za bilo koj soobrakaen prekrsok) sekoj od nas najprvo vadi mobilen tel i pocnuva da vrti po prijateli so cel da dokaze deka e nesto "mnogu vazna licnost" vo opstestvovo i nikoj nisto ne mu moze, a sekako popatno i se navreduva policaecot i se zakanuvame, namesto da se podzamislime sto i kakva greska sme napravile, da ja prifatime kaznata za istata i da se obideme da ne ja povtorime, no ne (n) Eeeeeeeeee se dotogas za zal mislam deka brojkite nema da se promenat. A, pravila postojat samo treba da se pocituvaat! :)
 
Уште жртви на хорор автопатот Куманово - Крива Паланка


Утрово во 5 часот и 15 минути на патот Крива Паланка – Куманово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животите ги загубија три лица, а четворица се повредени.
soobrakjajka-.jpg


Двајца паланчани и еден косовски државјанин утрово настрадаа во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка близу кратовско Страцин кај местото викано Поповски рид.

34-годишниот Далибор Н. од Крива Паланка и две години постариот Гаши И. од Приштина починале на лице место, а 55-годишниот Драган И. од Крива Паланка им подлегнал на повредите во скопскиот Ургентен центар. Сите загинати се возачи на трите возила што учествувале во сообраќајката. Повредени се уште 4 лица.

Двајца беа потешко повредени. Едниот пациент беше политрауматизиран во животно загрозувачка состојба и итно беше префрлен во Скопје, а другиот беше со крвавење во стомачната празнина и тој е пренесен во Скопје изјави доктор Стефан Трајановски хирург во Општа болница Куманово

Останатите со телесни повреди се задржани во кумановската болница.

- Несреќата се случила кога утрово околу 5 часот возачот на БМВ-то со бугарски таблички, Далибор движејќи се кон Крива Паланка изгубил контрола, преминал на левата коловозна лента и директно удрил во возилата кои му доаѓале од спротива. Првин удрил во возило кое се движело од спротивната насока марка „тико“ со регистарски таблички од Крива Паланка управувано од Драган И. по што удрил и во возило марка „голф“ со косовска национална ознака - изјави Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.

Полицијата допрва ќе ги утврдува причините поради кои била предизвикана сообраќајната несреќа.
 
Се почесто(за жал и секојдневно)читаме по медиумите во црна хроника,
за саобраќајните несреќи во државава и за трагичните последици.
Но се секогаш некој друг ни е крив,а не сваќаме ли конечно-ние сме тоа.
Еве најтазе пример од пред 10 минути за нашата саобраќајна НЕ-култура.
Јас со велосипед од центар,па откај населба Пролет накај Лисиче,
еве што видов. Нов наш начин на превоз или заштеда на гориво или...
Цели 5 КМ вака се возеа-влечеа овие умни наши млади деца.
И продолжија понатаму кон цементара а веројатно и накај Драчево...........Picture 604.jpg..Picture 605.jpg..Picture 606.jpg
Засето време ем се влечат ем си разговараат, некои важни муабети,
на возилото се пуштени и трепкачите сето време,имат оправдување.
На оваа тема ќе ставаме уште вакви наши примери од државава за
НАШАТА САОБРАЌАЈНА НЕ-КУЛТУРА, и последиците од неа.
 
Добар пример Анчо, сум го видел повеќе пати, но кој се опциите тука?
Или да го фатат на дело, или камера да го фати... и после да се надеваме дека судот нема да му прости.
Треба да фрчат казни со појке нули, и да нема "ама вака беше, така беше", или "јас сум внук на.." :pipi:

бтв, бриши ја друг пат регистрацијата од колата, зошто имаме чудесна земја ;)
 
Анчо зарем не гледаш пред да отвориш тема дека има иста ваква тема? И тоа и ти коментираш на неа? http://forum.kajgana.com/threads/Војната-на-патиштата.69661/

Мислам дај стварно луѓе време е некој да ве искара. По сто исти теми со сменета буква отварате. Ем гледате дека има иста, ем нова се отвара. Ќе иде некој по вас да ве брише и да ве спојува нема друга работа. Анчо ти си лидер во ова. Следен пат за иста смисла на тема пишувај во старата, кола не даваме на отварачот на најмногу теми туку бан и казнени поени после опомена.

Вие сте три четворица, среќа и Охриѓанецот со дневните вести се откачи месецов здив да земеме.
 
Picture 604.jpg..Picture 605.jpg..вози МишкоPicture 606.jpg а што велиш за синоќа беше кош или не беше,
ми ја закочија штотуку отворената тема:цел град се возеа вака овие млади наши дечки а потоа кој е крив и цел пат си муабетат а трепкачи уклучени.
САОБРАЌАЈНАТА НЕ-КУЛТУРА - (причина за црна хроника)
целиот текст во заклучената тама- која мислам е сосем различна од оваа.
Таму ќе дававме примери како овој за нашата саобраќајна НЕ-култура,
а не за саобраќајни несреќи со трагични последици.
 
Да стави некој слика од Анчо на форумов за кога шетаме по улица да пазиме да не налетаме на него па да не слика како правиме некој прекршок.. Има две опции - или некој да рокне Анчо или апаратот да му биди одземен.. Пазете се, Анчо ве демнее.
 
Сте приметиле ли дека во последно време се повеќе страдаат од трактори?

Мислам , колку глуп треба да бидеш за да не сватиш дека според сите закони на физиката , тракторот е едно од најопасните и најглупо конструирани возила?

Кабина која што не тежи ни 200 кг со се човек е поставена на гуми високи 150 цм. Земете во предвид дека задните тркала држат најмалце 3-4 пати помала тежина за разлика од предните кај што е моторот. Доволно е една дупка во нивата од 20-30 сантима и да завршиш згмечен на идиотски начин , а не си ни возел повеќе од 10 на час. :pos:

8b78fb78ae604333ac2d3f09164af050.jpg
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=24004

Источна Македонија со рекорд во жртвите по сообраќајни несреќи
На патиштата во источна Македонија се гине двојно повеќе од просекот на државата. Според последните податоци на МВР, во источниот регион годишно има 12 жртви на 100.000 жители што е најмногу во земјата
10092013112811_soobrakajna%20nesreka%20skrseno%20staklo.jpg

По него, по 10 жртви годишно се Повардарскиот и Струмичкиот, а Охридскиот и Кумановскиот по 8 жртви.
Најмалку сообраќајни незгоди со смртни последици има во Скопскиот и Тетовскиот регион, по 6 на секој 100.000 жители.

Најкритични делници се Штип – Пробиштип, особено на крстосницата кај селото Крупиште, патот Кочани – Виница, иако се работи се само неколку километри овој пат досега се покажал како исклучително опасен од сообраќаен аспект. Делница со голем ризик е и онаа која почнува од селото Истибања па се до браната Калиманци, иако големо внимание бара целиот пат од Кочани до Делчево.
Вкупно, тоа се над 100 километри ризичен пат и тоа според возачите, е главната причина за црниот биланс.
-Истокот има убедливо најлоши патишта во државата, дупки колку сакаш на најмал дожд возењето овде е вистиски подвиг, смета Коце Илиев, професионален возач.
Од СВР – Штип потенцираат дека свој удел во големиот број сообраќајни несреќи во регионот имаат и неприлагодената брзина кон условите на патот, употребата на алкохол и непочитувањето на сообраќајните знаци.
 
ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Пет лица починати

Несреќата се случила утрово околу три часот во близина на „Рампа“ во Скопје.
Тешка сообраќајна несреќа со пет жртви утрово околу три часот се случила во близина на „Рампа“ во Скопје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Според податоците на полицијата, возилото „БМВ“ со кое се превезувале пет лица, со иницијали, А.С., Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б., сите на воздраст од 27 и 28 години изгубило контрола и излетало од патот. Возилото удрило во подрумските простории на објектот на Пазарната инспекција при што од ударот сите лица починале.
Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот во тој дел од градот се одвива отежнато.
(Телеграф.мк)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom