Игор Ивановски- Шема: Очигледно е дека змејот вака сака да ја прескочи опозицијата и да и оневозможи демократско ослободување на принцезата и со тоа, доближување на замокот кон Европските замоци по наша заслуга.
Бранза: Шокур сака ова ќумбево ја незнам! Ало Змај... Еии да си ебеш, ме потсети на Јован Јованович... него батали тоа, дај ако сакаш да преговараме да ја пуштиш принцезава, ама едино ако дојдеш кај мене во кабинет, на кафе. Океј де... нафта ќе ти дадам.
ЉуБчо: Земјче, бе Змејче....нека не те мами дилер...дилетантов много. Нафта имам ас. Овде, на исток, на југ.... каде то ште посакаш. Само, пусни ја принцезата, да му е носим на моиа Симон, обаче да ја оплоди сс новиа ни баукански тзар.
Гвујо за ТВ: Постапките на змејот нема да ги коментијам.
Костас Караманлис: Грција ќе му помогне на Скопје да го уништи змејот и тоа праќајќи неколку претставници на владата кои во неколку хомосексуални ритуали ќе го онеспособат суштеството и ќе ја ослободат принцезата која во нивни раце ќе е најбезбедна....но само доколу Скопје го промени името во Змејодонија, како симбол на традицијата на вашиот народ кој за нас постои толку долго колку и змејот.
(После овие навреди на Караманлис во врска со неговата сексуална ориентација, змејот-иначе хомофоб-прошета низ Грција и понатаму знаете што се деси...)
Киро: Кој змеј бе луѓе....?
Нада: Абе земи од розевине таблети па ќе видиш!
Бучко: Процедурално, змејот не смее да ја држи принцезата во законот повеќе од 24 часа против нејзината воља. За ова вонпроцедруално задржување, кое е намерно Владо Бучковски го извести Хари Потер кој ми обеќа дека процедурално ќе интервенира за принцезата процедурално да стигне и вечер да ја обави процедурата на.....Ааааааа!
(Змејот, процедурално го тутуносува Бучко).
Тупурко: (го гали змејот, додека овој со оганот од устата пече едно прасенце) Mногу е јасно дека змејот потекнува од далечниот исток, и јас како добар пријател со неговите роднини можам да ви гарантирам безбедно враќање на принцезата дома, доколку владата моментално го признае Тајван. Во спротивно, ќе повикам една милијарда змејови и ќе направиме државен преврат.
Штерјо Наков: На ку**в со тој змеј. Ќе му го е**м мамето, еб**е тоа змејот еб**е. Ќе го приватизирам и замокот и све а змејот стечаец ќе оди, или под хипотека ќе го дадам, еб**е змејот, ку**в да ми го јаде, еб**е.
-------
Дон Кихот: Kaде гледате змеј бе луѓе? Зарем она прекрасно дрво покрај ветерницата ви личи на змеј?
Киро: Метален, не сери, земај од апчињава и да одиме да ја спасуваме Нада моја од аждајата страшна која во оваа оаза на мирот блуе оган!
Нада: Aх хероју мој, ама јас не сум во опасност, тука сум до тебе жива и здрава.
Киро: Ах, да......тоа беше некоја друга приказна.
Дон Кихот: Луѓе, вие халуцинирате еееј....човече, тука сите полуделе.Бегам јас од Македонија. Ајде Санчо.... тргнуваме!
(Дон Кихот го баталува змејот и со Санчо Панса одат за Бугарија, каде едвај ги пуштаат на граница, им ги крадат коњот и магарето и ги кршат од ќотек).