Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Има денови кои ми почнуваат со толку силен бран на носталгија и тага, што одвај собирам сили да функционирам и да бидам способен да работам. Не дека те сакам се уште, туку ми фали времето кога бев пресреќен што ќе те видам на неколку саати. Имаше некоја искра во мене, имаше зрак светлина и перспектива дека можам да направам многу ствари за личноста во која сум вљубен.

Ама многу си глупа бе, премногу. Буквално можевме да имаме се'. Ти си единец и имаш свој стан, а и јас многу наскоро ќе почнам да живеам сам. Ама којзнае шо ти се врти низ тоа главата мутна. Имаше и втора шанса да ги поправиш барем малце работите пред три години ама па толку и си ме сакала, нишо не е чудно. Ја па ашљак, бев спремен да поминам низ секакви срања и да трпам разни закани и сопки само за да бидам близу до тебе. Бев спремен и да се преселам у твојот град ако треба. Али не заслужуеш нишо.

Утрово прочитав вест дека некој абдал ја киднапирал поранешната девојка и помислив на тебе. Возраста на девојката се поклопува со твојата. Се надевам не си ти девојката од приказната.

За крај, кога ја слушнав песнава прв пат ме потсети на тебе. Бог знае зашо. Сепак, тоа е твојот омилен бенд од младоста. Кој ќе има концерт у Скопје еден ден после твојот роденден. Можеше све да биде волшебно. But again, you're dumb as fvck.

 
Сакам да ти кажам кога го уклучи комбото, знаев дека си вистинската :pusigo:
 
Тебе ти треба дроља што ќе ти ги троши парите и ќе те користи до крај, па да те тресне убаво за да сфатиш што си имал затоа што очигледно не го цениш доброто.
Најдобронамерен другарски совет за да не плачеш на крај.
Видиш колку сум фер?
Морон.
 
I need to know now , know now can you love me agan :)
 
Те сонував вчера.
Татко ти ми се јави да не' смири, со тоа неговото: ,,Невестиче наше " на кое многу се смеев како мала.

Чоек 18 години поминаа , со неуспешниот обид за смируење-13.
Имав уште една врска, па со еден до прстен дојде работата и тоа се растури.
Ама мене ти ми фалиш.
Не ти или Idris Elba.
Баш, баш ти. Мојот чаирски фраер.

Септември ме чека едно турбо темпо да не знам кај ми е главата. Ама и тоа ќе биде џабе. Пак ќе мислам.

Секое ќоше полно наши спомени.
Нашана најубава крнтија во која бевме посреќни од што би биле по најубави лимузини.
Многу бев глупа, после се исплашив оти мислев ми се одмаздуваш зашто бев глупа.

Но овие последни 6 години едно нешто не се смени.
Освен тебе, не сакам никој друг до мене.
Ако некој од твоиве ми напраил сихирот аир да не видите. Јас од маж си заминав со крената глава, веќе на памет не ми падна. Човек со кого свив гнездо , имав соништа до небо. Зошто тебе да те мислам?

Ми недостига да ме гледаш така полн со љубов во очите.
Ми недостига твојата лудост и упорност по 5 години што успеа да ми го најдеш бројот и да се бориш за мене.
Ми недостига твоето филмско трчање по мене како да сум нешто посебно. И така се чувствував покрај тебе.
Многу се каам за се.
Некои луѓе не се заменливи.
 
Последно уредено:
Сакам да и’ кажам на таа дека синоќа толку добро си поминав - цел ден реприза со слоу мошн ми се врти низ глава , убав викенд и се гледаме наскоро , пиле :pipi::love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom