Има денови кои ми почнуваат со толку силен бран на носталгија и тага, што одвај собирам сили да функционирам и да бидам способен да работам. Не дека те сакам се уште, туку ми фали времето кога бев пресреќен што ќе те видам на неколку саати. Имаше некоја искра во мене, имаше зрак светлина и перспектива дека можам да направам многу ствари за личноста во која сум вљубен.
Ама многу си глупа бе, премногу. Буквално можевме да имаме се'. Ти си единец и имаш свој стан, а и јас многу наскоро ќе почнам да живеам сам. Ама којзнае шо ти се врти низ тоа главата мутна. Имаше и втора шанса да ги поправиш барем малце работите пред три години ама па толку и си ме сакала, нишо не е чудно. Ја па ашљак, бев спремен да поминам низ секакви срања и да трпам разни закани и сопки само за да бидам близу до тебе. Бев спремен и да се преселам у твојот град ако треба. Али не заслужуеш нишо.
Утрово прочитав вест дека некој абдал ја киднапирал поранешната девојка и помислив на тебе. Возраста на девојката се поклопува со твојата. Се надевам не си ти девојката од приказната.
За крај, кога ја слушнав песнава прв пат ме потсети на тебе. Бог знае зашо. Сепак, тоа е твојот омилен бенд од младоста. Кој ќе има концерт у Скопје еден ден после твојот роденден. Можеше све да биде волшебно. But again, you're dumb as fvck.