Значи сѐ сѐ... ама кога човек во посебни кутивчиња во иста боја ќе ти спакува пица пита и банана бред, со пластична вилушка и салфетки, и уште со паметот се мисли што повеќе ќе одговара да ти напраи, дали лимунада, дали несквик или можеби сок или јогурт сакаш или поима неам што друго... и ти ќе кажеш - е да бе, бајато ќе јадам.
Е така ми иде да ти ја акнам една меѓу рогови... Шипки што ќе ти носам више.
Колку само би сакал да сме некаде насамо... Само јас и ти, онака исклучени од светот. Да се смееш на моите шеги и глупости, да те тешам кога пак ќе ми кажеш дека си во егзистенцијална криза, да дискутираме за ситници, да се бориме со минатото... Ма уствари, сакам да ти кажам се’ што ти не ми дозволи... И тоа е доволно...
Секое утро се будам со помисла колку можевме многу да направиме заедно. Имам на повидок некој нов почеток... ама знам уште од сега дека тој почеток со друга е само крај!
Не,не сум сеуште спремен да прифатам дека е ова е вистина бе!
После толку време поминато сеуште те сакам ама џабе.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.