Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Одлучувам и понатаму да се борам за тебе. Знам дека борбата е многу тешка, но победата ке биде многу слатка...
 
Кога ке се скрши грнето од глина на парчиња тоа веќе неможе да се залепи. Ние можеме да покушаваме да лепеме парче по парче, ама пак нема да го составеме. Љубовта не е борба. Не е манипулација. Тоа шо ке го освоиш прашање е на време кога ке го изгубиш. Љубовта е спој на две души од иста димензија.
За жал толку многу е ретка шо слободно може да се каже дека ја нема на планетата Земја.
 
Кога и да сум влегла во темава било за да пишувам за некоја моја приказна со некој маж.
Своевремено можеби ме правеле среќни или мизерна.

Денес одлучив да ја отворам темава и да пишувам за еден друг маж, за еден кој за прв пат во мојот живот ја има мојата безусловна љубов.
За мојот внук.

Има нешто кај ова машково што едноставно прави да расте нешто кај мене на сосема друг начин.
Четири внуци ги имам, три девојки и него, ама тој е ..
Не знам до што е, уште откривам.
Но се фаќам да гледам видеа од него и неговите очиња плави и неговото откривање на светот денови од нашето последно видување.

Еве пример сега седев и зеев во едно од многуте што ги снимав викендов од него.

Не знам до што е. Ама детево раѓа нова љубов во мене.
Можеби да е до тоа што сведочам на растењето на некое битие од почеток.
Се сеќаваш на веста кога мајка му останала трудна.
Си била со неа кога растела и го носела во себе.
Си гледала слики од него коа бил колку две раце.

И сега го гледаш веќе пред проодување. Каде веќе ги распознава ликовите на најблиските.
И почнува да им се смее.
И почнуваат најблиските да препознаваат некои карактеристики кај него.

Не знам, можеби е и до моите години.
Можеби и да е до ПМС-от моментален.

Ама се потешко ми е да бидам одделена од моите најблиски и да го пропуштам неговото растење.

И деновиве не можам да престанам да ја слушам нумерава, веројатно дека времето поминува се побрзо а јас никако да најдам начин да го сопрам и да мирувам со детево:
 
Не знам дали да бидам среќна што почнува да ми се допаѓа друг а сеќавањето за тебе да бледее.
Не знам ни што ќе се случи со него и мене, ама ми годи неговото внимание иако знам свесно дека мажи од тој тип не се за мене.
Само знам дека ми светкаат очињата секогаш кога ќе ми пиша тој... со саати разговор, а се срамам да го слушнам на телефон или да го видам а замисли да го допрам.
И не знам со што ме освои, црн висок тип кој некако допре до мене. Црните ми се слабост, а чувствувам дека тој ќе биде а не сакам.
Ми кажа другарка ми, после нивниот разговор дека... или ќе го скротам, или ќе ме поремети... мислам дека ќе биде ова второто...ќе биде интересно кога ќе ми пиша повторно, знаејќи дека не можам да го извадам од мисли, едвај чекам.. засега немам храброст да го побарам а умирам за тоа.
 
Последно уредено:
Некад не ги разбирам ова чувствава...толку многу сакаш некого и толку многу сакаш да го потепаш некогаш...
 
Се вљуби во друг и со тоа ми умре и последната шанса да бидам со тебе. И секако тој те заслужува повеќе, бидејќи направи повеќе за тебе, него јас, иако и јас се трудев да го направам. Ви посакувам долг и убав живот. Со деца секако. И за крај поздрав со песната.

 
Болиш, болиш, и болиш...

Дали ќе сретнам пак некој што ќе ме сака како ти што ме сакаше?! Скептикот во мене ми шепнува дека нема. :place:

Ми остави лузна за цел живот.
Во еден момент чувствувам гад и омраза спрема тебе, но во друг љубов и сожалување.

Иако уште на почетокот го знаев крајниот исход, сепак ми се распарчи душава на милион парчиња.

Тебе те нема, и нема ни да те има, а мене ми останува да те паметам како најдоброто нешто што ми се случило во животов, и покрај тоа што имаше огромен ѕид измеѓу нас, кој не успеавме да го срушиме. :(

Те сака твоето маченце, и никогаш нема да те заборавам.
:backa:
 
Се надевам дека ова е последен пат што пишувам овде за тебе.
Во иднина планирам да пишувам само убави работи на тема Љубов.

Не мислев дека некогаш ќе го мислам тоа и ќе го чувствувам тоа за тебе но со оглед на последните твои глупости се каам што сум те сакала некогаш.
Од личност, за која се борев, ја сакав, корнев коси и бришев солзи за мене се претвори во најодбивната личност на светот.
Не можам да верувам дека се претвори во она што никогаш не беше, атеншн хор, жеден за внимание, фалејќи се на социјални мрежи дека имаш секс со дотичнатата госпоѓица.

I don't fucking care anymore.

Единствено за што жалам е изгубеното време и пари, за некој кој очигледно не вредел за сиот труд вложен од моја страна, ја жалам и неа зошто очигледно не знае какви работи изнесуваш за вас јавно.

Немам што повеќе да кажам или да дополнам.

Adios amore.
 
Последно уредено:
Искомплексирана си, себична си, ме нервираш...ме нервира тоа што мислиш дека се можеш сама, што ме игнорираш, што мислиш дека сите мажи се ко татко ти што го мразиш од дното на душата.
Јави се пак кога ќе бидеш во депресија, кога ќе плакаш до раните утрински часови, кога ќе мислиш дека животот ти се распаѓа...јас сум тука, можеби ќе сфатиш дека сама ги бркаш од себе луѓето кои те сакаат, кои ти мислат добро...додека ти со главата во ѕид одиш.
Не сакам да те гледам несреќна, сакам да ја гледам твојата насмевка но ти не ми дозволуваш.
 
Треба да ти кажам дека ова ми беше најубава година во животов?
Еднаш ми рече дека од првиот состанок си знаел дека сум најдоброто твое.
Јес да кликавме од старт, ама мене тоа не ми беше доволна причина за да кажам дека си најдоброто мое. Можда затоа те гледав ко удрена со чорап ко ми изјави љубов... на третиот состанок? :ROFLMAO:
Лонг стори шорт, никако нејќев да си признаам дека се заљубувам.
Денес го славам оној ден ко ми се испушти она: "Уууф бе колку те сакам" Гејм чејнџр беше.
Те сакам. Ама тоа го знајме сега. Двајцата. :D
 
Ме правиш најсреќниот човек на светов, правиш да се чувствувам сакано, почитувано, ме нервираш, ме караш некогаш, ме смееш, ми се лутиш
Но те сакам како никоја друга, ти си единствена моја
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom