Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Те гледам денес скришум додека работиш, бидејќи ми се допаѓа секое твое движење, поглед, насмевка, па дури и ми се допаѓаат твоите глупи шали за да ме насмееш, и тоа што знаеш како го пијам кафето па ќе ме изненадиш со едно ладно кафе со многу, многу лед, баш како што сакам јас.
Ми се допаѓа и кога ќе излезеш од магацин и креваш галама бидејќи ништо не било на свое место. Ми се допаѓа кога ќе пристигнеш на работа и со очите ме бараш насекаде мене, и ќе потрчаш да ме прегрнеш игнорирајќи ги сите други..
Ми се допаѓа се во врска со тебе, бидејќи ме освојуваш со мали ситници, внимание, ме третираш ко кралица, заштитнички настроен кон мене.
Ми се допаѓа како заедно ја пееме нашата песна, иако фалшираш и ги грешиш зборовите а мене ужасно ме нервира тоа.:icon_lol:



 
Ќе се сетиш на мене некогаш? Се прашувам дали се што ми кажа беше лага? Не спијам од тага и од мака поради тоа што се случи. Ноќите и деновите ми се долги како векови без нашите разговори. Чекам одговори кои знам дека никогаш нема да ги добијам. Имав преголеми очекувања од тебе , бидејќи мислев дека си личност на која и значам. Очигледно сум бил наивен и верував дека зад тоа ангелско лице се крие чувствителна и мила личност. Зарем заслужив да ми го правиш ова после се? После сите непроспиени ноќи во кои ти бев целосна поддршка и барав решенија за твоите проблеми. Се трудев да бидам твојот ангел чувар, а според тебе сум само една црна дамка во твојот живот. Го заслужив ли ваквиот третман од тебе? Се прашувам дали некој умрел од тага? Ако не умрел никој, знај дека јас ќе бидам првиот...
 
Не оди љубов, не не оставај пак, не можам уште еден роденден без тебе. Не ги сакам камењата и сите чипки во хартиени торбички 3 дена потоа, сакам тој ден да прославиме само јас и ти. Ќе ми недостигаш блесав старецу <3
 
Пред неколку дена помина една година откако те загубив тебе, ако може на таков начин да се каже односно изрази сето тоа што се случи. После се знам дека се загубив и јас самиот во тоа море од чувства. Сакам да знаеш дека боли како првиот ден. По цели ноќи седам и гледам во небото. Го молам Бога да ти ја подари целата среќа на овој свет, да си среќна и никогаш да не ја почувствуваш оваа болка која стана дел од мене. Би сакал да можам засекогаш да ги затворам моите очи и барем да те сонувам, кога знам дека веќе никогаш нема да те прегрнам поради тоа што си далеку од мене. Рече да не те барам повеќе ако те сакам и ако те почитувам . Ете го исполнив ветувањето . Ама џабе е сето тоа кога во ова мое проклето срце нема место за никој друг освен за тебе.
 
Со што ли заслужив волку љубов? - го прашав
... Постоиш! - ми одговори

2/7 од мојот роденден, втор подарок, предизвикот бил секој ден до мојот роденден да добивам по еден подарок <3 Те обожувам човеку!
 
Најболното од се беше тоа што заборави дека и јас имам чувства. Сфатив дека никогаш не ти било грижа за мене. Единствениот мој заклучок после сите твои постапки и твојот однос кон мене. Мислеше дека ако бидеш сурова кон мене и ме повредиш ќе си заминам без да се борам за тебе. Не можам да престанам да мислам на тебе. Се би дал да знам како си и што чувствуваш. Дали ме мразиш после се? Дали и јас ти недостигам како што ми недостигаш ти на мене? Сакам да знаеш дека те сонувам понекогаш. Го сонувам тоа малечко девојче кое со малите црни очиња ми ја растреперува душата и прави да чувствувам оган во градите. Во една прилика рече дека : Отровот се чува во мали шишенца. Ако ти си отров, јас сакам цел живот да ми течеш во вените. Никогаш да не се разделам од тебе и да бидеме едно. Се надевам дека некогаш ќе се препознаеш во моите зборови и ќе поверуваш во мојата искреност. Ми недостасуваш мила...
 
Ми недостигаш во овој момент, во оваа летаргична атмосфера во мојот дом, да ме има, да те има, да не има, да бидеме ние тоа што сме. Одбројувам уште 3 дена, уште 3 подарока и ти ќе дојдеш, најголемиот подарок. Ми недостигаш седокос човеку, ми недостига твојата мека коса во моите раце а јас помеѓу твоите. Дремам на каучот со отворена врата и спуштена ролетна, тивко е, дури се слушаат и сказалките на часовникот, ќе заспијам, ќе дојдеш ли во сон? Љубов си!
 
Ги читав повторно разговорите и не можам да поверувам дека поминало толку време. Не можам да поверувам уште дека е вистина се што се случи. Зарем навистина е крај на нашата приказна? Или ти стави крај уште на самиот нејзин почеток?
 
Кажи ми, како можеше да ме лажеш? И што мислиш дека ќе ти верувам како порано? Кажи ми, како можеш?
Да ме заборавиш како никогаш да немало ништо? Веруваш дека моите лузни сега заздравуваат? Мислиш дека заборавив како ми беше да ми се прави сето ова? Кажи ми, како можеше да ми се смееш во лице? Иако знаеше низ што поминувам. Додека јас очајувам сам во мракот? Како можеше да си поигруваш со моите чувства? Јас ќе ти простам, но дали ти ќе можеш да си простиш некогаш?
 
Љубов, љубов, љубов... Ти си совршен, јас сум најсреќната жена на светов! Ти благодарам за сѐ! Она изненадување вчера беше и повеќе од доволно да сфатам, 35 тиот ќе го славам со твое бебе во стомак! Ти си остварувањето на сите мои желби, не чоколадите, накитот и гардеробата кои ги добивав вчера, ти, твоето присуство! Те сакам љубов! Би се качила одма до имењакот твој на плоштад и би викала на цел глас, Го сакам А!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom