Gea
месечинка
- Член од
- 11 октомври 2011
- Мислења
- 217
- Поени од реакции
- 720
Секогаш кога спиеш до мене, таков мирен, насмеан, најсладок и најубав, едноставно среќен; тогаш сфаќам, знам дека ти си тој за мене. Некои би рекле, тој- вистинскиот, а јас ќе речам пак..тој - мојот. Оној со кој сакам цел живот да делам постела, па и кога ќе се збрчкам целата. Оној со кој сакам деца да воспитувам, и на кој сакам да личат во очињата. Оној, мојот, чии кошули би ги пеглала. Кој ме прифаќа и сака, кој ме навикна на рајот па се друго ми се чини пекол. Тој бе, мојот си.
Сакам да си среќен. А уште повеќе сакам да сум причината за тоа.
И додека спиеш, ти ветувам. Со бакнеж печат ти удирам.
Ќе бидеш среќен.
Сакам да си среќен. А уште повеќе сакам да сум причината за тоа.
И додека спиеш, ти ветувам. Со бакнеж печат ти удирам.
Ќе бидеш среќен.