Вети ми едно нешто. Без разлика дали ќе ме оставиш или не некогаш во животов.
Немој никогаш да си престанал да ја почитуваш жената до тебе. Никогаш. Ќе имаш жени до тебе. Можеби и јас ќе бидам таа, можеби нема да сакаш да ме смениш. Но тоа не е важно. Важно е ова, погоре. Никогаш немој да си престанал да ја почитуваш. Би рекла и да ја сакаш, но гледам дека љубовта исчезнува после десет години врска, не па 50 години брак.
Затоа почитта. Втора омилена верзија на љубов на жените, а прва по важност. Немој да мислиш дека затоа што си маж си нешто повеќе од неа. Жената е свето суштество и она низ кое поминува секоја жена во животот е само нејзина болка. Никој друг не може да знае. Многу често ни жена за друга жена.
Немој да мислиш дека твоето време е нешто поважно од нејзиното. Ако ти побара нешто направи го. Кога би имала време таа би го направила. Чим ти побарала, времето и е кратко. Цени го тоа.
Немој да мислиш дека ако не работи и дека е бескорисна. Да те остават тебе во 130 квадрати куќа да видиме како ќе се снаоѓаш. Биди и благодарен, за се. За перењето, за чистењето, за јадењето, за воспитувањето, за подршката, за свекрвата. Кажувај и почесто благодарам, да знае дека некој и го вреднува трудот.
Немој да мислиш дека затоа што си неколку центиметри повисок и неколку килограми потежок ти дава за право да ја навредуваш. Уште помалку да крениш рака на неа. Ако ти е мал курот, нема да ти се порасне така и тоа е една сурова вистина. Ако го направиш тоа, таа нема тебе да те укриви. Себеси ќе се укриви за тоа дека некогаш се заљубила во тој човек. И можеби и тој и ветил дека нема никогаш да направи нешто такво, како што ти ми ветуваш мене, ама направил. Искомплексирани мажи кои немаат моќ, а гладни се за истата и одбрале сосем погрешен начин за да ја покажат. Нека горат во пеколот пичка им материна.
Немој да си дочекал дете да те види пијан. Или уште полоши во оваа ситуација погоре. Едноставно немој. Ти си се што ќе има тоа дете. А децата се сунѓер, не знае за подобро од своите родители. Ако ти се однесуваш така, само детето си знае што трауми доживува. Не биди себичен.
Немој ни случајно да си помислил дека ако си родител дека знаеш најдобро. Не. Светлосни години си од тоа и никогаш нема да знаеш најдобро, не ме интересира што си поминал во животов. Ти можеш само да му мислиш најдобро на твоето дете, што не секогаш значи и најправилно. Од било кој етички или морален аспект. Ако детето твое се реши за нешто, остави го. Остави го нека си прави свои избори, грешки, одлуки. Полесно ќе му биде во светот така.
Немој, немо јда си престанал да разговараш со твоите деца. Ако си ги израснал како што треба, ќе сфатат дека парите идат и си одат. Фамилијата е најважна. Но ако родителот не им обезбедува љубов, ќе си ја најдат на друго место. Затоа, твоја задача е да им донесеш до знаење дека кај тебе секогаш има љубов. Секогаш има муабет, секогаш некоја дилема може да биде решена. Или барем да се проба. Остани му вечен пријател на твоето дете.
Немој да си ги заборавил пријателите. Децата сакаат да гледаат дека нивните идоли, своевремено, имаат драги луѓе. Така и тие ќе сакаат да ја искусат убавината на другарството. Имај живот и надвор од нив и тоа е последното пред најглавното. Ќе ме разбереш веднаш и зошто.
Немој ни случајно да си престанал да разговараш со неа после 20, 30 години. Одбери некоја со која и дишењето ќе ти биде интересно. Со која и тишината ќе ја сакаш. Децата ќе си одат еден ден. Ќе си ги најдат своите патишта. Таа ќе ти остане. Затоа прави колку што е можно повеќе спомени со неа, да има за што да се потсеќате кога ќе остарете заедно. Не заборавај дека некогаш си ја сакал таа жена и таа тебе.
Веќе си поголем човек од било кој јас што сум го запознала. Совет сепак, никогаш не е на одмет.