Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Се што ми остана од тебе е твојот мирис на перницава и една слика од нас двајца насмеани и среќни. Тоа ни е единствената слика. А мислев ќе има повеќе :) А и сакав да има повеќе.
Сега не нема, ништо не остана од нас. Но ќе те барам денес, барем да ти го слушнам гласот.
На моменти ми недостигаш...
 
Ме остави на среде раскрсница, како накиснато маче се осеќам, тажно и осамено. Без твојата љубов не можам да живеам, да опстанам и нормално да функционирам во секојдневието. Откако си починал, моите денови се толку црни и мрачни, облак темен над мене бдее цело време. Многу те сакав (сакам) и си ме сакал, зошто замина?
Се трудам на секој можен начин да си ја кренам главата горе, да си кажам дека сум силна и да чекорам напред со крената глава, ама не можам. Повторно се впушта и гледа надолу.
Солзите пресушиа, животот мој згасна. Живеам за да умрам. Будна сонувам и навраќам на нашите сонови и спомени, на оние денови кога си го креиравме животот. Те сакам.
И ќе те сакам засекогаш. Се надевам дека некогаш ќе се видиме повторно, ќе продолжиме таму каде што сме застанале...
 
Последно уредено:
Секогаш за истово мора ли да се расправаме? Зошто бе ти е толку тешко да се јавиш ти еднаш...

Од 15h се немаме слушнато, а ја се нервирам тука, не да правам нешто попаметно, па и го користам форумо да се празнам кога ке ме изреволтираш.

Несакам да изгледам како некој манијак шо цело време те бара.

Мора да си многу зафатена.. Многу си љигушка, веке знаеш ама морам да го исфрлам од мене.

Ах само колку посакувам заедно да живееме. Клуч да имаме кој ке го делиме само јас и ти. Многу сум очикледен дека го сакам тоа, а ти рецка не ми маваш. Дали ти не си зрела за годините шо ги имаш или јас многу сакам.. Не се замарај знам дека не ти е до тоа дојдено ;)
 
Веќе неможам да те тргнам од мисливе, мора да бидеш моја , знам дека и ти го сакаш истото :rolleyes:
 
Кога ја љубев Дениција

Кога ја љубев Дениција
како да калемев светлина на мракот
како да топев снегови фатени во движење
како да станував еднинствен сведок
за бакнежот помеѓу металот и громот

Кога ја љубев Дениција
како да му пронајдував брзина и на каменот
како да ја одделував душата од телото
како да го палев барутот
на тилот од смилот и тренафилот

Кога ја љубев Дениција
како да внесував летен воздух во воздухот зимен
како да ги откривав сите рудници на злато
како да добивав телефонска врска со сонот
на сите успани работници

Оти ја љубам Дениција
како што пролетта ги отвараше пролетните аптеки
сместени во гласот на славејот
како што славејот ги спојуваше небото и земјата
како што јас ја губев тежината додека одев кон неа
како што таа живееше додека јас умирав
како што и јас незнам како би умрел
ако таа не се родеше
 
Се нешто ми вика дека веќе не ме сакаш како на почетокот....Грешам или?
Веќе не сум дотолку среќен како што бев, некакако се ми е чудно во последно време, почнува да ми се крши сонот кој го сонував и филмот кој го живеев, живееме и се однесуваме како старци, не ги користиме годините кои се најубави и за кои ќе се каеме кога ќе остариме ..
Не е обична потреба, туку потреба која ми ја предизвикуваш ти, едноставно....пробај да ме разбереш.
 
Уште малку и роденден ќе ми биде како сега ќе ми честиташ? :pipi: предходната год тука на форумов ми честититаше сега и тоа доста јака честитка беше :rolleyes:
 
Ке ти пишеше Епи брдеј лепото моја најубава, ама види горе Скај што напишаја и ке искочеше некој фраер ке не цитираше и двоицата и ке ни пишеше не ни чиста работа. Пф : D

Сакам те моја лејди Т. Биди среќна и насмеана.
Вечер ке си дааш романтик динер : P
 
Ова е месецот кога сакам да се излежувам со милијарда стрипови расфрлани наоколу, шолја кафе, многу цигари, кока кола. Ти може да ми ги подаваш стриповите шо ми паднале на земја :D
Алавју.
 
Последно уредено:
И јас можам да глумам лудило дека не ми требаш, дека сум среќен и дека можам без тебе. Најверојатно и можам без тебе. Но дали сакам да бидам без тебе... Но дали можам да те убедам дека ми требаш. Дали можам да те убедам дека и јас ти требам тебе.
Ти требам ли ? Помислуваш ли на мене ? Можеби не.
Се што ми требаше беше да сфатиш дека со тебе сакав да ги изживеам работите во коишто бев неизживеан. Ама ти си ти и немаше толеранција ниту волја да ме трпиш, да ме направиш човек каков што ти треба и посакуваш. Можеби некогаш ќе ги читаш овие текстови што ги пишувам и ќе се запрашаш дали така требаше да заврши нашето.
Те посакувам но не можам да те имам, пак...
Ciao
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom