Кога замижам те гледам пред мене, кога заспијам те сонувам, кога вдишувам го осеќам твојот мирис....полудев, ја бројам секоја секунда до моментот кога треба да се вратиш и да те видам. Посакувам да немаме никакви други обврски и да сме нон стоп заедно. Се преродив откако те запознав, ми стана најсилната причина за живот.
На моменти гледам дека ти станувам досаден со мојот начин на искажување на љубов малку чуден, но јбг тоа сум јас ситничар и сакам да навлегувам во детали, да ги заштитам сите што ги сакам.Ок! Разбирам помалку кога се лутиш за тоа, но сакам да ме разбереш и ти дека ти мислам се најдобро, дека несакам да ти се случи ништо лошо, ништо што би ти наштетило.....
Те сакам насмеана, тогаш си најубава, ќе се обидам да те смеам почесто бидејќи твојата насмевка ме прави да се осеќам жив, ти ме правиш да се чувстувам како да летам над облаците. Мила, тврдоглава, паметна, внимателна и често доста инаетлива, но една и единствена, единствената покрај која треперам како детенце на првиот училишен час

, единствената која ме прифаќа онаков каков што сум комплицирано емотивно иако наизглед грубо човече.
НЕ не сонувам, ова е реалност, ако е сон несакам да се разбудам никогаш бидејќи е преубав, но реалност е мила и несакам да заврши никогаш. Те сакам „глупичка“ <3 <3 <3

