Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
,,Изживеавме роман, кој денес веќе е спомен на минливата среќа. ,,
 
Овие зборови се досадни и празни, па ќе ги скратам.

Веќе нема ниту концепт за мое присуство во твојот живот. И до сега го немало, но вечерва се закопа сè што можеше да предизвика дури и помисла на обратното.

Одговорноста е моја. Ти реагираше. Можев да реагирам и јас, но не го сторив тоа. Последиците се мои. Ти си слободна. Повторно - никогаш не си била врзана.

Секоја чест. Признавам. Сите почести, сите награди и сите добрини се за тебе. Ти честитам од сè срце, колку што останало. Повторно - не си ти виновна.

Ме теши тоа што никогаш нема да ги видиш овие зборови.

А ако ги видиш, знај дека ти посакувам сè најдобро. Ќе најдеш милион фалшливости во таа реченица, а оние коишто не знаат за што се работи ќе помислат дека се работи за контрадикторност. Сите се во право. Затоа ќе завршам тука.


Со лесно.
 
Еве го се наближува еден месец од ко се видовме последно и само едно имам да ти кажам. Фалиш душо, премногу ми фалиш сево ова време :place::place:
 
Сакам,сакам да ти кажам едно нешто,едноставно,лесно ко 2 + 2 :)
Соонценце малечко си ти што светка во мене,најсакано.
Те обожавам,те сакам,повеќе од вчера ,помалку од утре,знаеш?
Till infinity љубов :)
 
Едноставно, го користиш секој момент да ми измамиш насмевка на лицето.. Ме тераш да го имам оној израз на мало детенце кога ке му купат играчка...
Се радувам затоа што те имам, што се имаме.. Се радувам секогаш кога сум покрај тебе. Затоа ти ја нудам сета љубов на светот. Само тоа го можам, засега.
Јас ке продолжам да бидам покрај тебе.. да ти бидам подршка. Да бидам твојата малечка која зборува и најголеми глупости само за да те насмее.
Ги одбројувам деновите до нашата следна средба. До тој ден кога ке посакам времето да сопре, да те прегрнам и така да останам. Да се стопам повторно во твоите прегратки. Да ги допрам твоите усни и лице со моите раце, да те помилувам и да кажам повторно : Среко моја, ти си до мене пак.. и да пуштам солза радосница како секогаш.
Не, не драматизирам туку вака ме тера да се чувствувам далечината која не дели.
 
Тоа се тие периоди во годината, кога слатката меланхолија потчукнува на врата...Спомените изртуваат како фиданки, насмевката е тука сеприсутна а ти си далеку од дофатот. Ме дотолчува оноа што некогаш си ветив а сеуште никогаш не го исполнив, а тоа е комплетно да заборавам на одразот на твоето лице. Каде сум јас во овој период на слабост, додека ти немилосрдно талкаш низ спомените?
Кој сум па јас да ги присвојувам тие спомени кога веќе се дел од едно минато, туѓо и за нас двајцата?
Која си и ти, толку едноставна и совршена а да не исчезнеш од одразот на девојката што некогаш ја познавав добро?

Твојот прекрасен филм...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom