Сакам да ти кажам дека,на секоја твоја глупост прогледував низ прсти,но ја памтев.Дека секогаш "спиев" со едното око,а со другото будно пратев се што правиш.Дека не бев,и не сум наивен,туку бев заљубен.Сакав да бидеш ти ТАА,која ќе биде моето девојче покрај мене,и со која ќе постигнам се...и беше.Но ми нанесуваше многу,многу болка,нервоза и стрес.Правеше толку многу лоши работи,толку многу вечери во кои што не спиев и ме поминуваше ладна пот,толку многу вечери каде што кршев прсти и стискав заби,само и само заради тебе...а потоа,ти,во твој стил,ќе се вратеше со насмевка на лицето,ќе ме гушнеше,и ќе пробаше да ме смириш..некогаш успеваше,некогаш избунував...а знаев многу да избувнам...тогаш,настапуваше она во кое што си НАЈДОБРА..почнуваше да плачеш.Е тоа,мила моја,не боли ништо како тоа...ниту еден удар не боли толку,колку твојата солза...и благодарејќи на неа,успеавме да поминеме година и 1 месец и 21 ден...но ете,дојде и тој ден.Мораше вака да биде..бидејќи премногу болка нанесуваш,а истовремено ме правиш среќен со самата појава..во ист момент правиш да сакам да те опцујам најслатко на свет,да те удрам најако што можам,и да те гушнам..незнам,веројатно ми е вака бидејќи прв пат ми се случува да се заљубам,но сега пробувам да се убедам дека не те сакам...бидејќи не треба.И двајцата го знаеме тоа...а сакав многу,многу да успееме.И ти засака,ама касно.Можеби вината е и во годините,можеби не беше доволно дорасната...можеби беше навикната на лабави момци кои што само лажат и ништо друго незнаат освен лажење...а бев искрен,верувај.Стварно сакав да успееме,бидејќи ми ставаше насмевка на лицево секогаш кога ќе те погледнев..но со секоја твоја глупост,со секоја твоја грешка се намалуваше таа насмевка.Пробував да те предупредам,дека чашата капка по капка,на крајот ќе се прелие..но не ти беше грижа.Но тоа е...ти посакувам среќа понатака,па можеби некогаш пак ќе се вратиме на она што бевме..она вистинското,доколку ТИ беше вистинска.Времето ќе покаже,и ќе излечи се,така викаат старите.