C
Celsius
Гостин
Понекогаш срцето го делам на две, онака притаено, несвесно во обид да бидам смирен и целосен пред тебе, неразбирливо ја кријам болката од сите, се убивам... Го знаам патот по кој треба да одам, како од некој сон, го знам, сум го видел, но каде е? Од суровоста партал душава ми е. Исто како на дедоми поткошулата, дупка до дупка. Знам дека еден ден, може да ги зашие сите рани, ама каде е бе? Ќе дојде ли? Ако иде - до каде е? Не сум совршен, не сум ни најголем, не сум ни најпаметен ама затоа најмногу те сакам. Те сакам до болка и назад, исто како кога бакарната светлина на залезот се претопува во она бледо-сребрена, студеникава светлина на раѓањето на ноќта, кога знам дека треба да бидам посилен од минатата ноќ за да можам да ја поминам без тебе, свиен меѓу реалноста и илузијата, сонувајќи за топлината на утре, која само моето срце знае како да ја милува.
Научив да бидам ''силен'', а во исто време ги губам сите битки. Само силно стегни го срцето, пригушија душата и помрачи го разумот, затупи ги емоциите.. Ќе биде подобар човек од мене еден ден, ќе се чуствувам свој повторно. Дотогаш ќе те сакам, повеќе од вчера а помалку од утре.