Немој случајно да ти текне да кренеш слушалка. Да збиеш патетика у 160 карактера или помалце,со цел да пиеш кафе со мене. Со сродна душа не пиеш кафе, скоте. Со сродна душа живееш и умираш. Со сродна душа растеш и се откриваш. За сродна душа ја даваш својата. Шта више, ја продаваш. Ако треба и на кванташки. Кај стоките..стоко една.
Како ке ти додржи тоа срце не знам. Да ми дојдеш во родениот град без ниедна емоција во себе. Се надевам дека нема да дочекаш да ја видиш првата куќа. Колку ми е отруена душата од гнев, посакувам нечие зло, поточно твоето, зошто злото што ми го нанесе не поминува.
И јас верував дека сме сродни души, ДУШО. Без душа да останеш, низ нос да ја испуштиш ко кијавица...
Грлото постојано ме стега кога мислам на тебе. Јамката шо ми ја стави околу врат, сама си ја застегнувам. Ке се удавам од нашите прекрасни спомени каде што јас ти ветувам дека ке ослабам а ти дека ке најдеш работа, а потоа слатко се смееме зошто знаеме дека се лажеме. Односно, ЗНАМ ДЕКА КАЖЕШ. И онаа вечер во хотелот кога пиевме, ма шо ли не пиевме, од пиво до црвено вино..Седев и те гледав низ размачканите очи, и си велев, Господи, овојпат не ме дриблај Ова е мое. Ова е свето. Ова суштество е прекрасно, и мое е. И чувај не. Односно чувај го. Се додека е тој добро јас сум предобро. .
Стока. Доста смараш луге шо не ги ни знаеш лично да ми пуштаат слики од НАШЕТО маче, на кои од мачето се гледаат само очите. Бицепсо ти пораснал.Тоа сакаше да покажеш а? Вејка. Мускулот ти расте, бравос. Ама мозокот ти се суши. Да се исушиш ко чачкалица.
Немој ѓаволо да те дупне, да ме бараш. А не знам од што се плашам, од тоа дека нема да се јавиш, или од тоа дека раните, кои ми ги направи пред 4 месеци, не само што не заздравуваат, туку и гнојат. Јас сум процес на гангрена. На распаѓање. И ќе ми биде мило да ти се деси се најлошо. И да патам потоа, ке знам дека патам со причина. Вака ни ти, ни Господ а богами ни кралица Клеопатра не знае да каже што по ѓаволите се случи со нашата прекрасна љубов.
Умри Тино. Ќе те сакам засекогаш.