Не знам шо да ти кажам. Тоест, знам али нема да ти кажам све. Некои од стварите нема да ти ги кажам пошто нејќам да ми ја оцрни сликава што ја создадов за тоа каков сум у врска, а бев godlike тоа не можеш да ми го одземеш. Другите ствари што ти ги НАГОВЕСТУВАВ нема да ти ги кажам во лице пошто не заслужуеш.
Али тури пепел на тоа.
Дробни сузи ронев душо, и уште ќе ронам без разлика на тоа како ти го перцепираш, за тебе, краткиов период во кој што ми приушти стварно најлепи денови во животов. Денови у кои се осеќав ко на некој негде да му значам нешо. Пошо и тоа ми го кажуваше ти. Дека ти значам, коа не сум тука дека многу ти фалам. Дека сакаш да ни трае везава.Па тури пепел и на тоа.
Иако после таа вечер кај што со тешко срце се одделивме ми даваше надеж дека кат-тад ќе се исселиш од минатото и ќе дојдеш тука кај мене у иднината последниве две недели не можам да не ги забележам обидите да ме одјебеш на тој план, инстант заладуењето на начинот на кој комуницираме (више не ме бацуеш за добра ноќ на fb -.- ... j/k), ствар за која успеавме да заклучиме дека крив сум ЈАС. Ко и увек. Фино бе пер, нејќеш да ти кажуем дека сте исти, али исти сте бе пер. Али све што се деси ми беше ко едно големо дежа ву. Не е фино да ве споредуем али исто беше.
Али тури пепел и на тоа.
Не се контам себеси, не знам зашо се уште не сум на фазата те мразам и те сакам, не зашто сеуште веруем дека со колку и да пројдеш ако за година дена ми се јавиш и ми речеш ја сум спремна да бидам со тебе ќе дотрчам ко кученце(нешто што многу ме нервира). Не викам дека не си посебна. Само настаните се поставија така да видам сличности во ситуацијата сеа и тогаш. Да, врло уникатен лик си, и глеам кај тебе ствари шо не ги глеаш ни ти. И не трипам, ги глеам уште од пред две години коа идеше со селанецот.(Да, локален патриот, сум хејтам нескопјани, ме боли КУР) Интересна особа ми беше, фино ни пројдоа деновите. Куров ќе си го исечам ако сум имал боље десет дена одмор од овој годинава.
Не знаеш колку ми фалат тие десет дена пеер. Се насолзив коа се присетив сеа. Многу ми беше јако коа се будев згужван до тебе. Коа те будев насабајле за доручек. Зашо више да не те будам бе? Зашо мора да биде некој сељо од Свирипичино? Не е фино, сончко. Сеуште не можам да им турам пепел на сеќавањата. Јебеш.
Ја ќе продужам да те сакам, уше доста време ќе проаѓам од кај тебе и ко ретард ќе го тегнам вратот накај влезот од твојата куќа за да видам дали ќе искочиш, да те начекам, да те гушнам и да ти кажам дека сум добро коа ќе ме прашаш како сум. И ќе те прашам и ја, и ќе ме излажеш дека си супер и ќе ти ја впивам лагата ко да е најубав ликер. Ко тој што го пиевме на одмор, коа седевме и ми се подотвори за прв пат у врска со твојата анихилирана душа. Стварно ќе беше јако да бев тука за да залечиш некоја рана, не го сконтав моментот со "многу ми значиш, не сакам да бидеш тој што ќе ги поправа грешките на некој друг".
Фино, али у моментов не можам да не се осеќам ко да не си со рандом трет сељо од Прибилци и топ ви е. Тоест, него му е пошто лиже пиче а ти уште мислиш на првиот.
И до коа ќе се лажам секад коа ќе ми залепиш лајк на слика, песна? Не значи нишо. Или значи малце, скоро исто колку шо ти значев ја. Или бар така мислам.
Неам сила да стиснам испрати мислење, сакам све ова да ти го кажам и у лице, али повторно... јебеш, џабе се лажам дека "Некои од стварите нема да ти ги кажам пошто нејќам да ми ја оцрни сликава што ја создадов за тоа каков сум у врска, а бев godlike тоа не можеш да ми го одземеш. Другите ствари што ти ги НАГОВЕСТУВАВ нема да ти ги кажам во лице пошто не заслужуеш" коа и самиот знам дека вистинската причина е тоа што се осеќам ко да ќе ти набијам вина на совест и дека ќе ти ја отежнам веќе посраната ситуација. Да пеер, дури и во ситуацијава те стаам пред мене.
Али ае, click Испрати мислење.
Јако песниче, еден ден ќе го пеам и за тебе. Ќе го пеам додека не се вратиш, или додека во животов не влезе некој друг, и потоа ќе замине зад себе оставајќи ме мене да ја сакам ко што некогаш сум те сакал тебе, освојувајќи мала посебна фиока спомени, близу до твојата.