Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Никад нема да ми се разјасни како толку бргу успеваш да заспиеш на филм? Одеднаш ја навалуваш главата на моето рамо и дишењето почнува да ти е рамномерно. А после некоја минутка се будиш и започнуваш муабет за некоја банална работа од филмот само за да не приметам дека си заспал.
Секогаш ми е толку слатко тоа и брзо продолжувам со муабетот демек те неам приметено. А знаеш зашто? За да пак го направиш тоа бе мали! Нема ништо поубаво од тоа да те гледам како спиеш, целиот смирен и со блага насмевка на лицето. :love:
 
Не сум од тебе разочарана, од себеси сум. Упорно мислам дека таканаречениве мажи што ми влегуваат во животот се поинакви, ама нее.. Упорно сите ми го докажуваат истото. Ме разочара.
И уште една работа упорно ми се докажува.

Кај си Иванче, да ми докажиш дека не се сите исти...
 
Помина еден месец, а се започна онака случајно, непланирано. Еден прекрасен месец во кој успеа да ми го промениш животот, ме исполни со љубов која од ден на ден е се поголема. Секој момент поминат со тебе не сакам да заврши, бидејќи во тој момент се чувствувам премногу убаво. :rolleyes::love:
 
Ех ти...моја прва љубов...Пред некој ден кога те видов, бев во седечка положба, па помислив дека веќе немаш некое посебно влијание врз мене. Но вечерва буквално ми се пресекоа нозете кога те видов. Има година/две откако почнав да се смеам заради некој друг, почнав да кубам коси заради некој друг, почнав да сонувам за друг, почнав да мислам на некој друг повеќе отколку што мислам на тебе, но денес се уверив дека сеуште имаш некаква моќ врз мене...не знам како, не знам зошто, не знам до кога...
 
Се прашувам дали спиеш мирно после се? Понекогаш седам и размислувам за све што се деси и не, не можам да сфатам ЗОШТО? Зошто мораше така да ме заебеш? Ќе те сакав ма, ќе те сакав додека сум жив..не оти сеа не те сакам само се трудам да те заборавам.. Ме боли бе ме боли многу!!!

Требаше летово да го памтиме бе, ти текнува на сите планови? Продужив даље, монтирав лажна насмевка, ама еве сега кога сум сам, кога немам пред кој да се претварам дека е све супер мислам на тебе, и знаеш признавам ми се полнат очиве со солзи.

Те мразам, не си свесна колку те мразам..

Живеј натака среќна и јас ќе бидам некој ден ти гарантирам! .
Добра ноќ
 
Ужасно се чувствувам кога не можам да ти помогнам, кога не можам да направам да се чувствуваш подобро. Се смееш на сите мои иссилени шеги, ама само колку да се виде дека ги кривиш усните, само ради мене, не дека делува...
Ќе помине се‘, човек се навикнува на се‘ со тек на време... Само тешко е дури да помине тој период..А дур да пројде знај дека ќе бидам покрај тебе.
 
Има една песна. Ми беше омилена.
Сега е песна која никогаш не сакам да ја слушнам. Зошто кога ја слушам ме стега во гради. Ме препотува. Ме мава во тешка-депресија!

Ја немав слушнато од моментот кога ја замразив. Од кога почна да ми враќа слики, кои не сакам да ги гледам.

И ете ти! Синоќа како порачана ја пуштија во дискотека.
Пробав да ја сварам првата минута....неможев.
Пробав да ја поднесам без да ме совлада....и тоа неможев.
5 ипол минути ме уби песнава.

И следеше јегер, јегер, јегер, јегер...за да се вратам во живот.

Не ме прашувај што ми стана. Ти знаеш подобро и од мене.

Ама ме фати на инат песнава.
Има да ми стане сеедно кога ја слушам, по секоја цена.

 
o808b.jpg
 
Мајку ти јебем, а и другарка ти најбоља.
Него муабетов ми беше, поминаа 200 години, уш толку да поминат пак ќе ми праеш нервози низ стомак и низ глава коа ќе те видам.
 
Кога вeќе немав што да изгубам, добив сè. Тебе. Со восхит пратам како сè претвораш во убавина кога сме заедно и знам дека ова што сега го чувствувам за тебе е само предверзија на она што ќе го чувствувам понатаму затоа што со секој поминат ден те сакам се повеќе и повеќе :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom