Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Да, се сеќавам... Адреналин, новитет, доживување, откривање... Растење.

А луѓето? Попатни станици. Само средства за стекнување искуство.

Веројатно ќе се видиме пак. Веројатно ќе се сетиш, ама не знам дали нешто ќе ти значи. Не ти бев единствен; на толку многу, не би се задржала само на еден - сите сакаше да ги испробаш. И во голема мерка ти успеа. Зошто да се сеќаваш само на еден од сите? Ќе се сетиш на сите.

Ти требаше да ги испробаш сите. Тие ти се годините. Бараш. Ќе најдеш. Имам целосна доверба во тебе, дури и ако ти не знаеш. Не знам колку ти е потребна, но велат дека и најмалата добрина е од голема помош, па се надевам дека барем вечерва ќе спиеш подобро, со овие позитивни вибрации пратени до тебе... Ако веруваш во такво нешто...

Не знам дали ова ти треба, не знам дали јас сум повикан да го кажам... Па сепак - ти честитам на храброста. Секоја чест. Заслужуваш сè најдобро.
 
Абе знаеш некако не ми оди повеќе врскава. Ми иде да баталам се што сме граделе со години. Неможам повеќе да се гушам во сето ова што го имаме. А што имаме? Гушкања, водење љубов, јадење, правење муабети кои мене ми се просечни! Ох колку сакав да бидеш ти тој со кој ќе можам да филозофирам за се. Оној со кој ќе трескаме зелени на секакви ново инспирирани наши интимни дебати.
Пред некоја ноќ кога се враќавме од кино, беше 1 по полноќ, надвор немаше луѓе, јас се глупирав онака детски, а ти беше ебано озбилен бе. Тоа ти беше уште една грешка. Како не ти присака срцето да скокаш и маршираш со мене по улицата. Замисли, а можевме да се смееме како лудаци.
 
Те молам,натераj ме да се заљубам во тебе.Да сакам како никогаш досега.Да го доживеам повторно божеството наречено љубов.Да се почуствувам сакана и потребна...Да се припијам во твоите прегратки и да се изгубам...Исполни ги ветувањата кои ми ги даде...Ти ветувам дека ке направам се што е можно да те сакам на начин како што сакаш ти...
Знам дека ти пречи што те викам пријателу...Знам и дека е можно од пријателство да прерасне во љубов.Знам дека и тоа е на пат да се случи.
Сакам да изгорам од љубов по тебе...Сакам да го делам животот со тебе.Како што ти ми рече.И јас го сонувам тоа...
Dreams come true нели?
 
Извини..не знаев колку многу сум те повредувала и те повредувам..се додека не дојде една личност да ми ја опише болката која ја чувствуваш..извини што не те разбирам, но ќе се потрудам да стојам понастрана од тебе..едноставно не сакам повеќе да те повредувам.
 
Има денови кога го сакам звукот на тишината...но денеска не е таков ден....а тивко е како никогаш до сега.
 
Задоволна насмевка. Во име на едно време, на една лудост, на една љубов. Јас и ти никогаш не успеавме...Беше со мене но не беше мој, бев со тебе но не бев твоја. А сепак бевме заедно. Чудно беше како секој пат кога ќе те видев срцето ми лупаше , а колениците ми играа исто ко да те гледав прв пат, од ден за ден. Најмногу од се сакав да ти бидам во прегратка. Иако често не го кажував тоа тие моменти ми беа најдобри. И целиов овој пост зарaди една песна која експресно ме врати во едно време што измина. :pipi:

 
И сам викаш дека сум ти најинтересна кога учам. Ахам, да.
Моментално дома нема никого кого можам да замарам, сите ваљда се кријат под некоја стреа, бегајќи од дождот. Ни тебе не можам да те добијам пошто ваљда ти се испразнила батеријата.
Ама мислам бе на тебе мали. И потрошив 15 мин да ти го направам ова. Тоа ти докажува колку всушност јас те сакам, не дека немав попаметна работа и ми е досадно. :X3:
asdfg.JPG
И во право си, никад нема да пораснам. Нема да го дозволам тоа!
 
имам сили
еве гледај ме
играм боса само за тебе
 
Ти си најпрекрасното суштество на планетава,најмило и најсакано!Влезе внатре во мене толку лесно и брзо,знам дека нема да дозволам никогаш да бидеш далеку од мене.Те сакам,ќе те сакам и ништо нема да може да го смени тоа!Додека сум овде на оваа тема и со овие зборови...на ти и една песничка што знаеш дека си ја сакам скоро колку тебе!:)
 
Sekoas koa mi se smeskas prais da si mi posimpaticna i posimpaticna zimi se ama....


e toa ama ebe rabota !!!!!!!!!!!!
 
мистерија и опсесија ми си да ти кажам право, и непробојна од тоа другарките ко телохранители што се околу тебе, не те оставаат 5 минути на раат, ќе најдам начин ќе ги подмитам јас и ти ќе се сретнеме и официјално еднаш :)
 
После долго натегање, моето патешествие нека почне вечерва :(. Не дека нешто ми значи датумот или дека е викенд, едноставно и ја се сметам за човечко битие ( демек нормален ) па решив да го споделам со вас драги Кајганџии.
Ги читам сите теми поврзани со „оваа проблематика“ и би цитирал барем едно 50% од членовите тука но за почеток ке бидам свој.. да си ја кажам маката.
Ме прогонуваш и дење и ноќе!
Помина долго време одкако јас и ти не сме НИЕ. И, да!! Јас сум крив. Признавам. Јас бев иницијаторот на нашето прекинување. Не, не не И НЕ !!! Несакав да те повредам. Ти го знаеше тоа!Едноставно, тоа што ти со импресии гледаше на моите поминатите средношколски денови, јас сакав да го ИМАШ и ТИ, на твој начин без никакви пречки!!! И јас бев на почеток а и ти!!! Само што јас бев студент ( за жал) ! Како и да е, не ни сакам да мислам на периодот КОГА ние вистински се запознавме, зошто јас и претходно те имав запознаено, твојот лик посотјано го сонував, да, од таа вечер кога прв пат те видов. А ти, да да.. ти го знаеше и тоа!!!
Ти беше мојата малечка, да , баш во вистинска смисла, и тоа ти годеше. Беше чиста како солза без никакви хипотеки од минатото зошто реално, Ти тогаш стануваше личност. И да, мило ми што бев дел од тебе! Можеби моето некогашно постоење во тебе денес не ти значи многу, но мојот почеток и крај почнуваат и завршуваат со тебе.
И да, знаеше дека кога е во прашање љубовта ја сум потврд и од камен, дека не подлегнувам лесно на обичните клишеа и дека „филмските“ моменти на нежност не палат кај мене на така едноставен начин! НО ! Тоа што не го знаеш се мојте причини зошто заминав. Единственото нешто што го разбра е дека несакам да те повредам на што тогаш толку наивно гледаше. Едноставно „ различната бранова должина“ и околностите под кои живеевме ние не дозволуваше да ме разбереш што вистински зборувам. И да, ке жалам за тоа. Но мојот крик тука не вреди доколку ти не го слушнеш тоа. И пак НЕ и пак НЕ и пак НЕ, овој пат ти зборувам од срце ! не како последниот пат - од јазик !!!
Барем кога мојата гордост беше во прашање, несебично кажував колку далеку можам да одам. И џабе ја фрлив мојата гордост на колена!!! Само за да можам да ти ги опишам ТИЕ моменти, како се чуствував тогаш. Тоа што нити јас успеав да го кажам нити ти го дозна!!!
И џабе се убивам секој ден, кога ние не сме во никаков ебан контакт. Едноставно невозножно е да стигнам до тебе. Шах-Мат позицијата ме мачи секој ден во последните 3 години. Време поминалоооо !!!! Ехх .. да, знам.. Не е за верување, ама јбг до тука стигнав. Моите блиски другари не ке ме познаваа доколку нив не им се исповедав за овој пекол што го живеам . Но и тие останаа неми ( барем на почетокот, после стана навика ).. Без одговор. Не дека очекував помош, но беа запрепастени од тоа што проговорив!!!! Тој што гордо чекореше и се гордееше со сите успеси, де негови де на најблиските луѓе околу него, оној што не знаеше што е слабост, што знаеше чувствата лесно да ги тргне на страна „Пукна“ како исушено гранче!!! „Пукна“ за една клинка! До душа сега и не е баш клинка. Сега е баш Девојка. Вистинска Девојка. Но Вистинската девојка сигурно ја запознал некој друг!!! Јас не бев сведок на тоа за што ке се проколнувам цел живот. Тоа што вистински не те запознав, тоа што не те запознав во време кога можеш да одговориш на моите предизвици ( И не и не и не, сексот не беше дел од тие предизвици како што некои ти сугерираа ) ке ме прогонува уште долго време. Тоа што немав шанса да ти го кажам исто ке биде дел од мојот вечен пекол кога си ти во прашање.

Ме боли до коска кога помислувам на ова но... така поминува секој ден.. ЈАС... ТИ.. И.. НАШАТА НЕБИДНИНА :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom