Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Да, се сеќавам... Адреналин, новитет, доживување, откривање... Растење.
А луѓето? Попатни станици. Само средства за стекнување искуство.
Веројатно ќе се видиме пак. Веројатно ќе се сетиш, ама не знам дали нешто ќе ти значи. Не ти бев единствен; на толку многу, не би се задржала само на еден - сите сакаше да ги испробаш. И во голема мерка ти успеа. Зошто да се сеќаваш само на еден од сите? Ќе се сетиш на сите.
Ти требаше да ги испробаш сите. Тие ти се годините. Бараш. Ќе најдеш. Имам целосна доверба во тебе, дури и ако ти не знаеш. Не знам колку ти е потребна, но велат дека и најмалата добрина е од голема помош, па се надевам дека барем вечерва ќе спиеш подобро, со овие позитивни вибрации пратени до тебе... Ако веруваш во такво нешто...
Не знам дали ова ти треба, не знам дали јас сум повикан да го кажам... Па сепак - ти честитам на храброста. Секоја чест. Заслужуваш сè најдобро.