Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Цицките се моќен афродизијак...


Немој, тоа ти е модерна варијанта на продавање на душата на ѓаволот.
Побарај ме кога ќе заврши, мафини нема да правиме, ќе кршиме!



Јас, јас на Тоше роденден не му честитам, не пак нам годишнина. 19ти, сум запамтил.
Ама еве, со форумот си имам јубилеј. 10.000 постови.. а сигурно ќе сум бил клише и посветил!
Го гледав денес, овојпат сам, прикуелот на сите љубовни филмови, а ти, ти дури ни Смитс ги сакаш. Па да ти кажам, ми вдахна расположение. Иако ми текна на нас.
 
Ланскиот не го славев.
Денов ТИ го направи посебен на +50.:свиркам:
 
Ж:Ке те бакнам во образ
М:Треба на вистинското место
Ж:А каде е тоа?
M:На усни :)

Преубав дијалог кој нема да го заборавам.

Забележав дека имаме многу заеднички работи...И дека можеби почнувам да те засакувам.Будиш некои непознати чувства во мене...Чудни но убави...И знаеш што?Не ми пречат.Нека ги...Нека се зголемуваат.

Сите тие наши разговори по цел ден ах...ми врие крвта кога ке прочитам колку многу сум ти најмила.:pipi:Или пак дека не ме даваш на никому.A начинот на кој што ме викаш душо...Не се доволни зборови за да опишам како се чувствувам.

Те молам не заминувај си никогаш од мојот живот.Остани кај што си...Во моето срце,поблиску не може...Толку далеку а толку блиску си ми <3 .

M=Машко
Ж=Женско
 
...пак ќе ја затвориш портата по моето заминување,
пак ќе ме молиш,ќе довикнеш да застанам и да се завртам,
да ти го видам благиот израз на очите.
Не сакам.Цркни.
Толку е мек и примамлив што нозеве ги пресекува,
ги прави трупци а потоа ја пушта од мене живоста
која кон тебе снажно ме повлекува.
Ќе ми тутнеш неколку прегратки.
Ќе те бакнувам.
Ќе те исмевам и ќе ја имитирам крофнарката од
Сител додека го вовлекуваш последниот дим и
зјапаш во диштанс затоа што сијалиците ти се фетиш.
Еми ајде де....
Ќе ти велам дека нема спас од клетоста
од црковни повраќаници и од летни скакулци,
Наезда се...како ѕвездите вечерва....што ќе правиш.
Ќе љубиш.
Да се правело нешто.

 
Eх...денес ми недостигаш како никогаш досега малечко...Не се осмелувам да ти се јавам но навистина сакам да знам кај си и како си...Како си го поминал првиот ден на работа.
Синокешната порака: Тi amo per sempre...и потоа...излив на емоции...Лупање на срце и тресење ко Есенски лист.
Кој ли би рекол дека вака ке се поврзам со тебе...Кој ли би рекол дека баш ти ке ми значиш многу...премногу...Кој ли би рекол дека ке ми шеташ постојанo низ мисли.
На почеток ми беше само едно непознато другарче-денес си ми се...Се што би посакала една девојка...
И ? Ништо...Ке те чекам,ке те сонувам...ке те обожавам.Само тоа го можам,за сега..
 
Бубу, сакам да ти кажав фала за прекрасните 3 дена поминати заедно.
Издржа со мене толку денови, некогаш ја неможам да се истрпам самата ниту еден час.

За прекрасните утра каде што се будев во твоја прегратка и со твојот нежен бакнеж.
За прекрасните прошетки.
За прекрасната нежност.
За целосната посветеност.
За начинот на кој ми покажуваш колку ме посакуваш.
За начинот на кој ме прегрнуваш пред другите.

И уште многу други работи, ми го исполни срцето, се надевам ќе има уште многу ваквии денови. :pipi:
 
Секоја капка пот што ја пролеав на жештините оној ден вредеше. Уживав секоја секунда од тие 9 саати или колку и да беа. Заедно имавме еден прекрасен ден. Се надевам дека утре тој ден ќе се повтори. :свиркам:

Ти реков... ни +50, ни UV 10 не може да ме спречи да си поминувам убаво со тебе. Ни 80 километри, ни саат и пол клацкање во канта автобус (ако е така како што викаш :P ) не можат да ме спречат да те видам кога ќе треба да доаѓам јас натаму.

4 дена се поминати, а веќе ми фалиш уште од пред некој ден. Едвај чекам да те видам утре. :love:
 
Со невидено нетрпение го очекувам твоето враќање во земјава на крајот од месецов. Не знам дали ќе ти признам дека пробав да те заменам, ама мислам дека нема потреба.
Времето ни кажа се...
 
После 10 години веза посакувам да те сакав исто како што те сакав и во првата година ама за жал не е тоа така:(, не си ти крива поради тоа туку јас.
 
Седиме . . Пиеме кафе . . Муабет . . Де за оваа, де за онаа . . Оп, дојде зборот и за неа . .
Абе има дечко ? . .
Што знам . .
Не ми се верува . .
Абе ми текна , ја видов пред некој ден со Фиксаш еден . .
Што збориш . . ( Глава давав ама не ми се веруеше дека е вистина )
Да да . . само не сакала никој да дознае . . Ја било срам . .
Крај . . Немав повеќе зборови . . Бев изгубен во просторот . .
Повеќе не ја гледав со исти очи како пред тоа . . Го изгуби сјајот .. Ја изгуби гордоста што мислев дека ја има .. Готово
Зарем со него ќе ја започнеш љубовната Одисеја . Зарем . . .
 
Кој знае што човек ќе бев да не те сретнев?
Фала ти што ме направи подобра личност, фала ти за постојаната подршка што ми ја даваш, фала ти што веруваш во мене...
Те С.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom