Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам засекогаш да останам во твојата прегратка...под услов или така да заспиеме или да уживаме во тишината. Едноставно, да не зборуваме, затоа што кога зборуваме се повредуваме.
 
Денес ќе те мразам повеќе од било кој ден во годината.
Оваа одлука е конечна, и не подложи на жалби или промени.

Макар и да се нацрташ сега во Скопје, сеедно ми е.
Цркни од ладно.
 
Штуро било со тебе, а без тебе од штуро - поштуро. Штурчиња ќе ти доскокаат еден ден да ти ги испратат сите глупости со кои ми го исполни животот, а кои планирам една по една да ги натапкам во топки снег со кои ќе те гаѓам, една по една, малку по малку, за да почувствуваш студ, онаков каков што ми се случува мене покрај ребрава на Топлификација. Некако мислам дека сево ова е зашто не сме доречени. Односно, ти немаш што да кажеш, отиден си во бестрага. Не можам со месеци да престанам да се лутам на диоптеров што го немав тогаш. Да имаше камера, до сега во тој период во животот ќе снимевме најголем трилер, хорор или пак романтична комедија за девојчето од „ќоравите“. Патетиката оди дотаму, што една безвезна навидум серија на телевизија ми ги отвори очите за тебе. Боже ме опрости. Режијо рекетарска... Магичен е зборот знам, се препозна веќе. Жал ми е само за едно, што нема кој да те оплакува на крајот што ти се ближи. И уживаш во тоа. Не мораше да земаш и други во својата мизерија, јас мислам.
 
Колку надреално е, у пичку матер. А и ние појма немаме шо всушност се случува.
 
Вечер ко ќе се ебете аман веќе немој да мислиш на мене, ушиве ми се црвени долго време...срамота луѓево ме прашуваат ту бе кој те мисли волку :pos:
 
Знам дека некогаш сум pain in the ass ама и знам дека ме сакаш доволно за да преминеш преку тоа! Фала ти што си толку толерантен!

 
Имам најдобар предлог
Ќе донесам храна од надвор зошто премногу време трошиме во готвење и јадење
Ќе го поминеме во кревет цел ден, додека не мора да одам на факултет -.- Ќе направам кафе потоа а не пред, ќе ми треба маааалку повеќе време заради непредвиден хендикеп. Ти можеш да збориш дур лежиме, јас ветувам дека ќе се преправам дека те слушам, кога уствари само ќе го пијам кафето и во себе си повторувам: тука сум, тука сум, тука сум, конечно, пак, и не за последен пат, тука сум...
 
Како би било добро кога во петок би се напил, би ми се пуштил додека сите се преправаат дека не гледаат, си отидеме заедно и договориме у сабота да бидеме цели 24 саати заедно? Најс...ама нема да биде:)
 
Во врска со љубовта сакам да ти кажам дека додека мрморецот ја виткаше чоколадата во фолија, сфатив дека веќе учам како да живеам со тебе и ќе почнам да те сакам. Многу наскоро. Уствари, уште од ноќва. И верувам дека од сега па натаму ќе си бидеме среќно форевертугедер, па штом се најдеме веќе во една таква хармонија, можеме да поканиме и некој друг, нов лик во нашиот свет.
И Меган, си се прољепшала мур. How you doin'?
 
Толку многу зборови останаа неизустени, толку многу работи недокажани..
И после 4 и кусур месеци, ја се уште не можам да преминам преку работите кои се исподесија, преку човекот кој мислев дека го познавам, преку начинот на кој постапи со мене..
Боли, се уште проклето боли кога ќе помислам на тебе, на моментите заедно, а особено на оние кои можевме да ги живееме сега, онака како што од секогаш посакувавме.
Но се воздржувам, притискам во себе и не дозволувам никој да погледне каква бура се случува внатре во мене.Се водам од мислата дека ако доволно долго го држам така притиснато, тоа чуство на љубов кон тебе ќе исчезне, ќе заборавам, и конечно ќе излезам од оваа статус кво ситуација, за да можам и јас конечно да продолжам напред.
Тешко е, затоа што иако не сум со тебе, мојата љубов од ден на ден постојано расте, но кога знам дека сум се сменила и сум направила се за да те вратам а ти сепак остана индиферентен, ми станува јасно дека нема да живееме во зелената зграда, нема заедно да ги воспитуваме децата, нема да остариме заедно.Дека едноставно треба да се откажам.
Тоа и се обидувам да го направам, ама ај, оди па докажи му го тоа на глупово срце кое се уште се радува ако те види, на телото кое се уште се ежи кога ќе го чуе твоето име.
Требаше да се откажам уште многу одамна, но не, ја се борев, затоа што верував премногу иако тоа е глупаво и наивно.Се борев и простував, простував работи кои други не би ти ги простиле, но никогаш не помислив дека ваква банална работа, ќе може да не уништи и да не срамни со земја, после толку многу потешки поминати.Уверена бев дека нашата љубов е посилна од сите тие работи.
Човек се менува, но остај што се сменив јас, и ти се смени.Одеднаш стана човек кој не го познавам, од кого не знам што да очекувам и од кого започнав да се изненадувам негативно.
Мислев дека ни даде шанса, ми даде мене шанса да поправам некои работи, но ти набрзо потоа избега кукавички и не погледна назад, не погледна кон сите успеси кои заедно сме ги постигнале, кон сите работи кои заедно сме ги изградиле.Како тоа и да не било толку важно..
Како што верував во нашата љубов, сега верувам, уште повеќе, во себе и спремна ќе го дочекам наредниот предизвик.И знам нема да биде истата приказна од порано туку многу поразлична, подобра, затоа што самата јас станав подобра личност откако милион пати се преиспитав себе и грешките мои.

А тебе, и покрај тоа што сите ми велат дека не ме заслужуваш, дека си кукавица и дека ќе си најдам подобар,нема да те заборавам.Секогаш ќе тлееш длабоко во мене како жарче кое ме пече, од крајност во крајност.Проклет жар со кој ќе морам да живеам цел живот, кој ќе се обидувам да го скријам и изгасам, потсвесно знаејќи дека тоа никогаш целосно нема да го постигнам.
 
Едвај чекам утре да се видиме! Се надевам нема да заглавиш Скопје. Изгледа пак ќе е прекрасен сончев ден... ќе пиеме пиво надвор и ќе си разговараме, ко летото. Ми се смачи од зима, кафичи и расправање кој да плати :) I buy beer, we drink it together :D

...your guitar
it sounds so sweet and clear
but you're not really there
it's just the radio.

I love you sugar cane! (tomorrow even more)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom