Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Идиот сум, си знам. :oops: А некако добивам чувство и дека не вреди повеќе да се трудам... Можда ќе биде како што треба, во скоро време, ако не... шо знам, идем даље, ваљда.:unsure:
 
Суштественце мое, ќе те видам пак у скоро време. Овојпат се ќе биде поразлично. Чудно ќе ми биде дури. Ама ќе те гушкам, многу, најмногу.
 
42907310150582291228915.jpg


Не! Не е љубов сигурна сум. Ама убаво е чуството што секогаш успеваш да ми измамиш искрена насмевка :pipi:
 
додека ти си одбра сигурно тло на кое ќе газиш, јас седам стуткана в кревет, менувам расположение на секои 2 минути како жена во климакс и цел ден песни што ми евоцираат спомени.
што мислиш, како ми е ?

јас реков дека тебе ќе ти оди се лесно, а од друга страна јас осеќам секој ден се повеќе и повеќе дека ми тежи светот, ми тежи сето она што е околу мене, чекорам со тежина околу мене, чувствувам дека секој момент ќе ми падне небото врз мене.. не можам да го опишам тоа чувство. го мразам се она што сум јас.
мразам што не сум доволно глупава за да можиш да манипулираш со мене како што сакаш па така да го добијам "трофејот" - да ја држиш мојата рака пред другите и да ме лажиш колку ме сакаш а некој друг да е на мое место.

јас се одлучив да бидам онаа паметната и онаа што подобро те знае од таа што дели иста перница со тебе секоја вечер

јас се одлучувам секогаш кога ќе ми се јавиш да те лажам дека спијам, дека сум излезена со друштво , дел од мене посакува да ти кажам дека не сакам да ме побараш никогаш повеќе затоа што никогаш не сум сакала и не сакам да бидам втора некому, и нема да бидам.. ама никогаш не успеав да пресечам, потсвесно сакам и знам дека ти оставам простор за да ме бараш уште , уште... за во случај нешто да експлодира во мене и да го згазам чувството на срам и да ја исклучам совеста.

и само да знаеш, во лето тешко ми е и да ја поднесам летната атмосфера затоа што можи и за секунда да ме закопа во спомени.

и да знаеш , се мразам што сум ваква, силна пред сите а најголема лигушка пред себето ..
и што заспивам без тежина на рака околу половината,
и мразам да се сеќавам,
и мразам што постојам без тебе
и што дел од мене не те поднесува
и што не ми даде никогаш да си ја згазам гордоста и да ти кажам дека те сакам највеќе од се.

--- надополнето: 1 март 2012 во 23:00 ---
 
Знаеш ли како е да бидеш во неизвесност? Разбирам дека ти како мажјак поинаку ги осеќаш и перцепираш нештата, до некаде се обидувам да те разберам...
Но од моја страна сакам да разбереш дека имам портеба за троа повеќе внимание. Не барам многу, не сум ни љубоморна, ни посесивна, сакам само од време на време да ме прашаш како сум. Па и не мора тоа, едноставно покажи знаци на живот :confused:
 
Тоа што го кажав пред некој ден беше на шала.........зошто толку сериозно зоооооооштооо:mad:
Ти се одмилив веќе а? Па сега ајде чао делинда...
Ме сакаш..како не...ако се лажеме...тоа изгледа беше само сон......сега сонувај сам........се надевам дека ќе си среќен, а мене како ќе ми биде знам дека нема да ти е гајле

Оди по ѓаволите:mad: зошто толку ми влезе под кожа...зоооооооштооооо???????!?!?!?!!!!!!!!?!
 
Јави се де....ми се смачи играва. Изгледа пак брзам многу. Ама на ништо не личи ова. Цела недела не сме се виделе, ме откачуеш по смс, и те нема. Веројатно пак наебав.Уште еден промашај. Ју лус. Ај лус. Фак
 
Не е љубов, гарант. Само развиена фантазија, поттикната од недостаток на искуство какво што човек би го имал со тебе.

Сепак, ти благодарам што ја поттикнуваш, секој пат, без исклучок. Сум задоцнил со тебе и сум немал идеја дека може да постоиш. За мене си само вест, концепт што ми предизвикува бурни реакции. Твојата суштина е веројатно сосема поинаква, но мислам дека и ти е цел ова што го предизвикуваш кај мене да го предизвикуваш кај сите што ќе те сретнат.

Тоа би значело успешност во полето од интерес. Ако е така - респект.

Се надевам дека некого ќе усреќиш и некој ќе те усреќи тебе. Веројатно нема да знам кога тоа ќе се случи, ниту како. Сепак, ти во секој момент бараш вакви желби, од вакви како мене - далечни и скриени во себе, без три чисти да истапат отворено и да кажат што мислат.

Во мојот случај, имам многу што да изгубам ако го сторам тоа. Реално. Барем моето лично искуство тоа го вели, како и интуицијата. Сепак, фантазијата кажува нешто сосема друго, а неа ти ја разгоруваш секој пат без грешка.

Повторно, искуството ми вели дека таа фантазија треба да се искористи во друга насока. Знам како тоа се прави. Ќе ми помогне многу.

И затоа, ти благодарам што тоа го правиш. Не знаеш за оваа благодарност, но се надевам дека ќе дознаеш, преку која било виша сила. Знаеш дека тоа го правиш, но не знаеш дека мене тоа ми го правиш, па еве, благодарност и од мене.

Рекле: „Ако нема господ, треба да го измислиме“. Еве зошто - за да биде гласник на ваквите желби и благодарности.

Не е љубов, барем не во вистинската и целосна смисла. Сепак, малку од малку, тебе ти е наменета.

Поздрав и сè најубаво.
 
А пијан сум у пичку мајчину....
Со среќа да си најдеш некој да те третира како што сакаш како ѓубре, јас тоа не можам затоа што сакам бе малку нежност сензитивност топлина и разбирање, и не сум папучар да исполнувам нечии садистички желби шо те ебам ајде бегај.
А пијан сум у пичку мајчину....
 
Месечината истура сребро врз врвот од планината,
чувствувам мирис на гнило лисје и бавно чекорам.....среќна.
Чувство кое трае, а сепак исчезнува.
Погледите ни талкаат, но никако да се сретнат.
Знам дека си тука, но неможам да те видам.
Не мора....сознанието за твоето присуство е доволно.
 
Дека ми е грдо што на секое видување си кажуваме чао.
У пичку матер, сакам засекогаш да останеш тука. Сакам коа ќе се вратам дома да лежиш на кревет, да те гушкам, и да си се смешкаме цела вечер. Сакам кога е студено да се покриеме со ист јорган и стуткаме еден крај друг. Сакам со тебе да ја делам палачинката и да те будам со блок чоколади и чај. И сакам да ми свириш на пијаното. Ееее.
 
Сеуште се прашувам кај згрешив, што вака се ми се врача, не сум ни светица, сум грешела и јас, но зарем после сите овие години заедно уште не ме запозна? Да се сомневаш во мене? Jас знам до кај ми е границата:pipi: Знам што треба да правам, да не сум знаела до сега тешко дека ќе бевме уште заедно. Не знам повеќе што да ти кажам, но Знам дека за ова што ни се случува сега не сум само јас крива.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom